1007 hPa
94 %
16 °C
Скопје - Сре, 24.04.2024 09:59
Расказ – тоа е роман во кој авторот навреме ставил точка.
Непознат автор
Четириесет години
Четириесет години се будеше на истиот кревет, покрај истата жена.
Четириесет години ги јадеше истите јадења, ги гледаше истите вести на телевизија, го пиеше истото пиво.
Четириесет години ги среќаваше истите луѓе на истата улица по која одеше на работа, под истото сонце кое секогаш заоѓаше на запад.
Четириесет години седнуваше на истата работна маса, пред истите хартии што требаше да се препишуваат.
Четириесет години се чувствуваше исто: бесмислено.
Четириесет години заспиваше на истиот кревет, покрај истата жена.
Современа бајка
Тоа е сиромашно семејство; живее во некое село, зад седум планини и зад седум градови. Таткото работи во фабрика и се опива, мајката кришум плаче. Најстариот син заминува во војска. Средниот се самоубива. Најмалиот тргнува во потрага по својата среќа. Среќата не ја наоѓа, но се вработува во фабрика. Таму ја запознава својата идна сопруга. Следува: заеднички стан под наем, кредити, автомобил. Потоа, три сина. Потоа, тој се пропива, а таа кришум плаче. Годините поминуваат. Најстариот син заминува во војска. Средниот се самоубива. Најмалиот заминува во светот во потрага по својата среќа. Преку седум земји и седум мориња. Среќата не ја наоѓа, но се вработува во фабрика. Таму ја запознава својата идна сопруга. Потоа: стан под наем, кредити, автомобил. Па, три сина. И така, си живеат несреќно до крајот на животот.
Патека
Се ближеа изборите за градоначалник. Ги изметеа улиците, ги исчистија тревниците од наталоженото ѓубре, поткастрија неколку стари дрвја. На местото на старата изабена бетонска патека пред нашата зграда изградија нова, од посовремен материјал. Уште истиот ден станарите, откако се дотераа и облекоа нови чевли, прошетаа по неа, среќавајќи се со соседите, ракувајќи се и жалејќи си се еден на друг за тоа како деновиве живеачката станала поскапа. Навечер, дотерани девојчиња кружеа по неа со надеж дека некое од насобраните момчиња ќе ги забележи и ќе им пристапи. Во утрата, млади мајки гордо ги шетаа своите новороденчиња во колички по патеката. Дојдоа и од телевизија, и ја снимаа за некој нивен прилог. Беше тоа голем настан за нашата населба.
Роман
Се роди. Растеше во просечно семејство. Се заљуби. Се разочара. Се омажи. Роди дете. Се вработи. Се досадуваше. Остаре. Умре.
Лет
Се случи еднаш еден авион да полета од скопскиот аеродром, ама никогаш и никаде да не слета.
Властите од нашата и од уште неколку земји организираа потрага – се сомневаа во најстрашното, па ги пребаруваа своите територии во потрага по остатоците од леталото и телата на патниците. Потрагата траеше со месеци, дури се развлече и неколку години. Но авионот никогаш не беше најден.
Во меѓувреме, роднините на патниците сонуваа чудни соништа во кои овие, насмеани и среќни, им порачуваа дека не треба да се грижат за нивната судбина. Како доказ дека соништата не биле случајни, тие наутро наоѓаа пораки на своите мобилни телефони во кои патниците соопштуваа: “Добро сме. Очекуваме наскоро да слетаме. Овде, над облаците, е величествено”.
Игра
Цел ден ми се присторува дека има некој зад мене. Чекорам, и чувствувам дека сум следен. Кога и да се свртам, често ненадејно, нема никој. Само некоја сенка ќе претрча по улицата.
Над градот
Над градот прелетува авион, оставајќи тенка бела трага зад себе на чистото небо.
Долу, под него, градот се буди од пладневната дремка. Живнуваат улиците, парковите, балконите. Секој сака да украде уште малку од последниот летен ден.
Зад високите згради во северниот дел на градот, на тревникот што веќе почнува да пожолтува, неколку деца седат и веќе подолго време нешто се договараат со шепот. Потоа стануваат, и едно по едно, се затрчуваат и почнуваат да мавтаат со рацете како со крилја.
Сега над градот прелетуваат неколку авиони, не оставајќи никаква трага зад себе на чистото небо.
Ѓорѓи Крстевски (1981, Скопје) завршил Руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Активно преведува од руски, англиски, српски и хрватски јазик. Заедно со уште двајца автори (Рубин Меновски и Кирил Шентевски, во 2005 година ја објавиле книгата со куси прози и поезија во проза „Не сакам да ви кажам ништо“. Збирката раскази „Обични и необични приказни“ е негова прва самостојна книга.
Илустрации: Ѓорѓе Јовановиќ
Абе ајде....!
Испратено на 09 ноември 2011 од Јас дефинитивноАбе ајде....!
Ми се допаѓа книгата на
Испратено на 09 ноември 2011 од ИванМи се допаѓа книгата на Ѓорѓи. Авторот е вешт и во играта и во создавањето атмосфера. Знае да го соочи читателот со апсурдот и да создаде интересен пресврт на крајот од текстот. А и фантастичниот елемент е шизички :)
Во книгата има и послаби раскази, но нивниот број е занемарлив. Генерално, „Обични и необични приказни“ е добро книжевно парче.
Да, и јас би рекол дека е
Испратено на 09 ноември 2011 од ВселенецДа, и јас би рекол дека е добро книжевно парче, ја има и таа руска нишка, се гледа :)
Ѓорѓи, секоја чест!
Испратено на 10 ноември 2011 од БолконскиЃорѓи, секоја чест!
А ова Ѓорѓи самиот си
Испратено на 10 ноември 2011 од СимонаА ова Ѓорѓи самиот си коментира, под различни псевдоними?
Почитувана Симона, никогаш не
Испратено на 10 ноември 2011 од marijana2Почитувана Симона, никогаш не би го направил тоа. Поздрав.
Почитуван Ѓорѓи, за вкусови
Испратено на 10 ноември 2011 од СимонаПочитуван Ѓорѓи, за вкусови не се разговара, само се почитува трудот, а тоа го имате од мене како читател. Мојот сомнеж се роди под влијание на нереално позитивните коментари кои доколку не се испишани од Вас или од Вашите другари, делуваат нездраво. Од проста причина што не е возможно на сите да им се допаѓате. Јас лично мислам дека секогаш може подобро а во Вашиот случај, мислам дека Ви недостасува “тоа“ за кое не знам да му најдам име. Мудрост, итрина, остроумност, отсечност, нешто да ме “тресне од земја“, Вие тоа кај мене како читател не го предизвикувате.
Поздрав и секое добро.
Поздрав до Ѓорѓи и Симона ако
Испратено на 12 ноември 2011 од на чичо му чучиПоздрав до Ѓорѓи и Симона ако Ѓорѓи со книгата не успеал да ја тресне од земја симончето тогаш сигурно знае дека има и друг начин како би ја трескал од плафон па се до земја и ако и после тоа не е пофторно задоволна симонче нека ме побара мене мислам дека имам решение :)))))))) ако пофторно не е биде задоволна кеказам само дека е н......ка
Благодарам за критиката.
Испратено на 10 ноември 2011 од marijana2Благодарам за критиката. Веројатно луѓето кои коментираат погоре се мои познајници, ама не верувам дека се сите. Како и да е, секоја издржана критика е добредојдена.
Со почит,
Ѓорѓи
Двојник и еден од првите
Испратено на 10 ноември 2011 од .Двојник и еден од првите раскази за поетот баш ми се допаднаа.
Мила ем драга Симона, За
Испратено на 10 ноември 2011 од ИванМила ем драга Симона,
За вкусови не се дискутира, а коментарите се нереално позитивни? Баш фино :)
Во мојот коментар не реков дека книгата на Ѓорѓи е најдобрата работа што и’ се случила на литературата, напротив, реков дека има и послаби раскази. Го познавам Ѓорѓи, но тоа не мора да значи дека ќе го исчитувам некритички. Како и да е, генералниот впечаток што го добив од книгата е позитивен.
За крај, те поздравувам со една песна, верувала или не, токму од Ѓорѓи Крстевски:
http://www.youtube.com/watch?v=HxRJvzG_NeM
Сиот будала! :-)
Испратено на 11 ноември 2011 од БолконскиСиот будала! :-)
Шопов, те има погодено
Испратено на 10 ноември 2011 од Јас не јасШопов, те има погодено песнава, те гледам од тука.
Гледам сите нешто се
Испратено на 10 ноември 2011 од ВселенецГледам сите нешто се правдаат, па ај и ја. Чесен преродбенски збор, ниту го знам, ниту го познавам, ниту сум го видел Ѓорѓи, кој се сомнева во спротивното може одма да бара Шврговски да поднесе истрага.
Честитки, Џ! :) Се сложувам
Испратено на 11 ноември 2011 од ИренаЧеститки, Џ! :)
Се сложувам со Вселенец, присутен е шармот со кој се одликува рускиот расказ. Уживав до последната страница читајќи ги расказите.
i jas go imam vpecatokot na
Испратено на 11 ноември 2011 од barbii jas go imam vpecatokot na simona, stvarno zacuduvacki pozitivni komentari, posto obicno ako ovde nekoj ne se isere, neznam kade. Mene poveketo ne mi se dopagaat, no onie koi mi se dopagaat navistina imaat nekoj specificen "pro-fantasticen" aspekt, koi me ulovuva. Pa se nadevam vo idnina ke ja zadrzi avtorot ovaa nasoka, i ke sfati deka treba da ja isfrli drugava koja e dosadna, a i nekako plitka. Normalno ova za moj vkus. naku da ne zaboravam, cestitki za knigata do avtorot.
simona i barbi ednostavno e,
Испратено на 11 ноември 2011 од sdhaksimona i barbi ednostavno e, ste skrsnale slucajno vo 'izdaj se samiot' industrijata.
досадни сте ај прекинете. го
Испратено на 11 ноември 2011 од ај прекинетедосадни сте ај прекинете.
го владее форматот. расказите се одлични. го имам и тоа малото книфче. и тие се феноменални.
едвај чекам да си ја набавам
Испратено на 11 ноември 2011 од читателедвај чекам да си ја набавам книгата. обожавам кратки раскази. посебно ме радува кога македонски автори објавуваат во овој литературен жанр.
a kade moze da se nabavi
Испратено на 12 ноември 2011 од s,,,,a kade moze da se nabavi knigata gledam deka se raboti za mlada i dosta interesna osoba bidejki mn se krena prasina okolu negovite raskazi bas bi sakala vo najbrzo vreme da imam eden primerok ...
LUGE KE KAZE LI NEKOJ KADE
Испратено на 12 ноември 2011 од BIBILUGE KE KAZE LI NEKOJ KADE MOZE DA SE NAJDE
Доколку си од Скопје, можеш
Испратено на 12 ноември 2011 од .Доколку си од Скопје, можеш да ја најдеш во повеќето книжари на: Или-или, Кафказ, Табернакул..
bljak... chup chup chehov,
Испратено на 12 ноември 2011 од rorobljak... chup chup chehov, kop kop julio... cik cak raskazche. normalna publika bi go obvinila avtorov za neshto blisko do plagijat. Pa ushte 20 posta, a ovaa prashue i kaj da ja nabavela...a pak duri, DURI drug pogore e srekjen shto makednoskite "avotri" pishuele kratki raskazi. C CCC kade be pokraj taka kapitalni makedonski romani i poetski tvorbi...
Каде побогу го виде
Испратено на 14 ноември 2011 од ИванКаде побогу го виде Чехов?!
Не знам што чекаше до сега, дај го Ѓорѓи Крстевски на суд. Како не му е срам, он ќе пишувал плагијати! :)
Нека не те чуди тоа што публиката сака автори што пишуваат куси-куси раскази. Тој жанр е прилично близок до сензибилитетот на денешниот (млад) човек.
Да споредуваш вреднос на романи и поезија со куси-куси раскази е како да прашаш кој е подобар - Коби Брајант или Вејн Руни :)
праШај го авторот . он нек ти
Испратено на 16 ноември 2011 од roroпраШај го авторот . он нек ти каже. и читај.. не фрлај бесни тв аналогии.
Не е проблем да го прашам
Испратено на 16 ноември 2011 од ИванНе е проблем да го прашам авторот. Проблемот е што ти спомнуваш дека ги „краде“ Чехов и Кортасар без да наведеш ниту еден аргумент. А тоа ич не е секси.
mene me bendisaa raskazive
Испратено на 15 ноември 2011 од struzankamene me bendisaa raskazive
О
Испратено на 17 ноември 2011 од SamanthaО
Можеби таа „речиси
Испратено на 16 ноември 2011 од marijana2Можеби таа „речиси идентичност“ е сопствен печат (препознатлив белег?) на авторот со кој сака да се разликува од останатите автори?
A
Испратено на 17 ноември 2011 од SamanthaA
Дајте и’ шанса на целата
Испратено на 16 ноември 2011 од marijana2Дајте и’ шанса на целата збирка, па ако не ви се допадне, искажете си го своето мислење. Вака, поголемиот дел од коментарите се сведуваат на само 7 од 66 раскази, колку што ги има во книгата.