Лустрација на сè живо и мртво!

11.11.2011 13:05
Лустрација на сè живо и мртво!

Лустрација на сè живо и мртво!

Владејачката партија е во паника! Дел од восочните фигури во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“ ненадејно почнаа да се топат.

Според експертите за топла вода и студен восок, оваа необична појава уследила откако еден член на комисијата за лустрација им дошепнал нешто на медиумите. Со што се занимавал претседателот Аџија Томевски? „Тој со писмено обраќање проверува и за починатите дали се во евиденциите на тие органи“.

Дискриминација е да се лустрираат само живите, а не и мртвите функционери!

Веста дека Комисијата за лустрација почнала да води постапки и за починати функционери, предизвика жестоки реакции во јавноста.

„Мора да му ставиме крај на ова безаконие“, изјави Димо Илиески, директор на центарот за кодошење и клеветење на Внатрешната србо-македонска лустрациска организација.

Илиески најави итни законски измени и бришење на условот „кои не се починати“: „Законскиот услов лустрацијата да се однесува на сегашни и поранешни функционери кои не се починати е дискриминаторски, бидејќи ги доведува во нееднаква положба починатите и живите функционери“, изјави за новиот преродбенички неделник „Кодош“.

Лустрација и на „Голооточаните“!

„Здружението за заштита на ликот и делото на Јосип Броз Тито“ ја поддржа иницијативата лустрацијата да се прошири на „сè живо и мртво“. „Први на списокот за лустрирање треба да се најдат самонаречените „жртви на Голи Оток“, клеветниците на Маршалот“, изјави претседателот на здружението за порталот „Курирче“.

„Познато е дека на Голи Оток властите не ги тепаа затворениците, дека стражарите и милиционерите најмалку тепале, а дека најмногу се тепале затворениците меѓу себе“, потсетија експертите од Институтот „Павел Шатев“ и јавно повикаа да се лустрираат сите затвореници од Голи Оток. „Треба да се лустрираат сите ’Голооточани’ кои биле соучесници во масовни прекршувања на човековите права на други ’Голооточани’, вклучително и тие кои станале кодоши како резултат на тортура“, нагласи Боце Ивановски, еден од подносителите на законот за лустрација.

Лустрацијата не запира, како и преродбата!

Вистинска бура во јавноста предизвика „Групацијата за декомунизација и раскодошување на Македонија“ со најавата за две иницијативи до Комисијата за верификација на удбашките факти.

Во првата иницијатива „Групацијата“ поднесе писмени документи дека комунистот Павел Шатев бил кодош. „Од приложените документи и докази јасно се гледа дека Шатев не само што ги кодошел македонските комунисти пред советските другари, туку, откако бил ставен во куќен притвор од страна на УДБА, активно соработувал во разоткривањето на сите ’ибеовци’ во Македонија и пошироко“, изјави Петре Владимиров – Жутокљунчето, задграничен претставник на „Групацијата“.

Сепак, најжестоки реакции предизвика втората иницијатива на „Групацијата“, како и поднесените докази дека и Методија Андонов Ченто бил ем комунист (фотографиран со црвена петокрака на чело), ем соработник на службите. Како крунски доказ дека Ченто бил соработник на службите е наведена неговата жалба до Врховниот суд од 05.12.1947, во која поименично ги кодошел сите што сведочеле со клевети против него. Ченто се товари и поради неговата писмена изјава „Во Грција мислев да бегам затоа што тука ми беше најблиску границата...“.

„Ченто треба да биде лустриран затоа што ги кодошел сведоците против него и сакал да бега во непријателска Грција. Исто така, треба и постхумно да му се одземе државјанството“, изјави за неделникот „Кодош“ поранешниот министер за надворешни работи Слобо Шашуле, син на еден од судиите на Ченто.

Нов институт за соочување со преминатите

За време на собраниската расправа за законските измени, соросоидните предавници јавно поставија анти-патриотско прашање: „Како ќе се обезбеди писмена изјава од мртвите функционери, која треба да биде верификувана од страна на комисијата за лустрација?“ Центарот за кодошење и клеветење на Внатрешната србо-македонска лустрациска организација истиот ден го промовираше новиот Институт за соочување со преминатите функционери „Јордан Мијалков“.

„Моите часовници за патување низ времето се моето тајно археолошко решение на Ајнштајновата формула и негова примена во огромната вселенска слобода. Со нивна помош ќе обезбедам писмена изјава од секој преминат македонски функционер“, вети Кузман Паскал, новоназначениот директор на Управата за соочување со преминатите функционери.

„Со помош на нашиот странски консултант, познатиот американски јасновидец кој стапи во контакт со духот на Александар Македонски, ќе обезбедиме писмени изјави од сите преминати функционери, во случај г-нот Кузман Паскал да заборави да навие некој од неговите прочуени археолошки часовници“, потврди д-р Доне Александров, новоназначениот раководител на Институт за соочување со преминатите функционери „Јордан Мијалков“.

Најнови информации: Нема „кодош без тапија“!

На прес конференција на доживотниот претседател на комисијата за лустрација, новинарите прашаа дали ќе бидат верификувани писмените изјави за несоработка на „Голооточаните“, Павел Шатев и Ченто, дури и во случај да нема писмени изјави за нивна соработка во службите. Претседателот на комисијата за верификација на фактите на УДБА за неделникот „Кодош“ изјави: „Никаде во законот не пишува дека треба да имаат потпишано изјави за соработка. Доволно е да имаме еден документ, кој може да биде спротивен од изјавата и ние не смееме да ја верификуваме изјавата.“

Порталот „Курирче“ му постави директно прашање: „Па, нели нема ’кодош без тапија’, барем така тврдеше предлагачот на законот Андон Стојанов?“

„Тоа не е никаков проблем – ние ќе им издадеме тапија дека се кодоши“, потврди доживотниот претседател на комисијата за лустрација.

Фотографии: René Maltête

пастир или сашо ги поминуваат

пастир или сашо ги поминуваат вмрофците, како задолжителна годишна обука. на вмровецот му се закачува сурлата у шупак, со протнување низ дебело и третопалачно у стомах каде млитаво и кисело излегува од уста, горе доле мртва за да земе взадух и да им ги стегне вратовите, да ги затегне шо би се рекло, за со љунферчето да им го пипа жбитакот нос.

вмрофци лапаат кур. некои вмрофци мрдаат доека можат, само со раце.

зар не е романтично угушвањето на вмрофската стока?

пастир или сашо ги поминуваат

пастир или сашо ги поминуваат вмрофците ради задолжително освежување на знаењата. на вмровецот му се закачува сурлата у шупак со протнување низ дебело и третопалачно у стомах, каде млитаво и кисело излегува од уста, горе доле мртва. тука се сурлата зема вазадух и им ги стега вратовите на идиотите, ги затегнува шо би се рекло.

со љунфер им пипа жбитакот нос, а вмрофци лапаат кур.

некои вмрофци мрдаат доека можат, само со раце.

зар не е романтично угушувањето на вмрофската стока?

Сега дури човек да незнае што

Сега дури човек да незнае што да мисли, ако несака да мисли диригирано!? Не е јасно сега. Да не се збунија пак нешто матурантиве? Сакаат ли, да ни покажат колку некогаш биле лоши претходните, или да покажат колку се сега ужасни тие самите!?!?!

Уште една фина сајнш-фикшн

Уште една фина сајнш-фикшн сторија со многу повраќаници наоколу. Се поочигледна е личната фрустрација на авторот и перверзната потреба да се самозодоволува на куцачата машина. Навистина се воодушевував на афоризмите додека „жареше“ но оваа твоја лична Мистер Хајдовска трансформација е претерана. Жално....

Пред неколку месеци една

Пред неколку месеци една ваква колумна имаше преку 50 коментари, а сега само коментарите на гелевски, не сте достојни ни за плукање веќе, останете поздравени и продолжете да си играате во сопствениот измет ....

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото