Семејни врски

11.11.2011 13:39
Семејни врски

Толку ја мразат тетка Ангустија што го користат и одморот за да ѝ укажат на тоа. Штом семејството тргне во различни туристички правци, настанува поплава од разгледници во агфаколор, кодахром, дури и во црно-бела техника, ако не се наоѓаат други при рака, но сите без исклучок се полни со навреди. Од Розарио, Сан Андрес де Хилес, Чивилкоја, од аголот меѓу улиците Чакабуко и Морено, поштарите пет-шест пати на ден пцујат, а тетка Ангустија е пресреќна.

Таа никогаш не излегува од дома, сака да си седи во дворот, ги поминува деновите примајќи разгледници, и воодушевена е.

А во нив: „Здраво, гаду еден, да даде господ да те удри гром, Густав“. „Да ти се плукнам во муцката, Хосефина.“ „Да даде господ мачката да ти ги измоча цвеќињата и да ти се исушат, твојата братучетка.“ И така со ред.

Тетка Ангустија станува рано да ги прими поштарите и да им даде напојница. Ги чита разгледниците, им се восхитува на фотографиите, па повторно ги чита поздравите. Навечер го извлекува албумот и со огромно внимание ја собира дневната жетва; ги сложува разгледниците така за да можат да се видат сликите, но и поздравите. „Кутри ангелчиња, колку разгледници ми праќаат“, мисли тетка Ангустија, „оваа со кравичка, оваа со црква, овде езерото Трафул, овде букет цвеќе“, разнежено ги прегледува една по една и во секоја забодува игли, за разгледниците да не испаднат од албумот, и секогаш ги прободува онаму каде што се наоѓаат потписите, ѓавол ќе знае зошто.

 

Хулио Кортасар (1914-1984) е еден од најпознатите аргентински писатели, автор на неколку романи, збирки раскази, поезија и книги чиј жанр тешко може да се одреди. Овој расказ е земен од неговата книга „Некојси Лука“.

Прекрасно, само Кортасар го

Прекрасно, само Кортасар го може тоа!

ЅвЕр

ЅвЕр

 Кортасар е мојот бог, а

 Кортасар е мојот бог, а мојата религија, очигледно, се вика хулиокортасарство.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото