1017 hPa
41 %
24 °C
Скопје - Пет, 29.03.2024 13:55
Бразилската компанија за дистрибуција на дизајнерски мебел Firma Casa реши да ги преуреди своите простории, повикувајќи ги напомош младата архитектонска канцеларија SuperLimão Studio, но и познатите дизајнери, браќата Кампанас.
Реновирањето на стариот индустриски простор започна во 2008 г., а заврши годинава. Највпечатлива е, сепак, новата фасада – зелен ѕид создаден од 3500 вази со 9000 растенија. Архитектурата на самиот проект е прилично базична, современа и индустриска, но и елегантна. Проектот се состои од два ката со вкупна површина од околу 500 квадратни метри. Приземниот дел е поделен на галерија и продавница, додека на првиот кат се наоѓаат канцелариите. Бидејќи куќата е главно заштитена со стаклени панели, беше потребно да се пружи еден вид интимност, но и сенка.
Дизајнерите Фернандо и Хумберто Кампанас предложија создавање ѕид од зеленило кој ќе се прекрие со растението со латинско име Sansevieria Trifasciata, кое има африканско потекло, но е многу раширено во Бразил поради верувањето дека има моќ за заштита од уроци.
Се разбира, сместувањето 9000 растенија на ѕидот претставуваше архитектонски предизвик. Студиото SuperLimao мораше да развие дизајн на алуминиумски вази кои се виткаат, следејќи ја филозофијата на оригамито. Крајниот исход е куќа непробојна за уроци, но и еколошки освестена дизајнерска продавница.
Извор: firmacasa.com.br
Is that rellay all there is
Испратено на 14 декември 2011 од ServenaIs that rellay all there is to it because that'd be flabbergasting.
Good to see a tlaent at work.
Испратено на 14 декември 2011 од AlynGood to see a tlaent at work. I can't match that.