ДПМ го распиша конкурсот „Старите!“

14.11.2011 14:47
ДПМ го распиша конкурсот „Старите!“

Друштвото на писатели на Македонија по осумдесет и шести пат го распишува конкурсот „Старите!“, за најдобар ветерански прозен ракопис на македонски јазик.

Наградата изнесува 10 000 евра, куќа на Водно, леење бронзен споменик на плоштадот Македонија и објавување книга во едицијата „Ореол“.

Спонзор на наградата е Фондот за култура на гостилницата „Јоле“.

Целта на наградата е да ги афирмира веќе докажаните автори во македонската книжевност, старите и веќе видени тенденции во литературата, истите поетички начела, истиот пристап, истиот начин на организирање во сферата на литературата, да ги охрабри долгогодишните заложби литературата да не стане влијателна (ниту медиумски ниту економски), како и да остане што е можно пооддалечена од читателот.

Наградата ќе се додели кон крајот на месец декември.

Услови на конкурсот: за наградата може да конкурираат исклучиво автори на возраст над седумдесет и пет години, со најмалку деветнаесет објавени книги. Должината на ракописот не е строго пропишана, но предност имаат ракописите чија должина изнесува повеќе од 315 страници во А4 формат (фонт 12, проред 1,5). Во ракописите не смее да се зборува за теми понови од 1950 година. Пожелно е јазикот да биде архаизиран, а тематиката националпатриотска или печалбарска.

Ракописите можете да ги испратите до 10 декември 2011 на следнава адреса:
Гостилница „Јоле“
ул. Максим Горки бр. 18
1000, Скопје

Или по електронска пошта на адресата: oreol@dpm.com.mk

Членови на жири комисијата се: Паскал Гилевски, Раде Силјан и Божин Павловски. По потреба, жирито ќе изврши консултации со духовите на Гане Тодоровски и Коле Чашуле.

хехехехе. писателов калибар,

хехехехе. писателов калибар, би напишал. црниот книжевен бран се чувствува во повеќе книжевни писма, тоа го читам. писателите да го јаваат бранот, книжевноста да владее.

се газам од смеа, не можам да се приберам.
хахаха.

Епа, секоја чест Иване!

Епа, секоја чест Иване!

e pa mladi gospodine, daj

e pa mladi gospodine, daj Boze i Vie da go dostignete nivoto na avtorite koi ucestvuvaat na ovoj konkurs, pa i Vas da Ve kritikuvaat... na konkurs Nadeznite/Mladite (vecito) :))

Читателкава изгледа е членка

Читателкава изгледа е членка на ДПМ, па ова ја погоди.

Citatelkata e daleku od DPM,

Citatelkata e daleku od DPM, zatoa se narece "Citatelka", samo saka malku da gi prizemji mladite... ne e celta samo da se kritikuva i da se bide hard core... treba i da se raboti za da se ima osnova da se kritikuva.

нормАлно, нормАлно! а како

нормАлно, нормАлно! а како поинаку да се работи, ако не од земја? не дека некој успеал да направи нешто со критика на старото и истрошеното. Мнееее! а за основа... тешко е да се најде основа да НЕ се критикува ДПМ.
Читателката нека си остане на дистанца од ДПМ, за нејзино здравје и љубов, сега и во вечни векови. Божин! Мислам... Амин, де. Амин!...

П.С. Дебел, посебно ова со духовиве, и уште попосебно овој „со повеќе потенција од хигиена“, или како и да беше. Закон :)

Дебел, би сакала да се

Дебел,

би сакала да се разгледаат повеќе можности, особено онаа за консултациите.

околу консултациите би требало да повикаме повеќемина духови, за да се чита поавтентична литература. Се работи за поквалитетна литература во иднина. :)

секоја чест за иван! немало

секоја чест за иван! немало подобра пара вест од оваа до сега :))))...

Баш безгрижно се насмеав!

Баш безгрижно се насмеав! Иване, одлично пара(стосна) вест! :)