Македониумие

14.11.2011 15:16
Македониумие

Дроги и медиуми

„Таков човек сум јас. Зависник. Во недостаток на тешки дроги, се навлеков на медиуми!“

Братислав Димитров, трпеливо чека отворање центар за намалување на штети од навлекување на и вовлекување во провладини медиуми.

Шербет мераклии

„Баклавата е како жената. Неодолива, и ви течат лиги кога ќе помислите на неа.“

Лејла Сабит, уживателка во мистеријата на баклавата и на жената.

Не пасивно, туку активно!

„Демократијата не подразбира пасивност, напротив тоа мора и треба да биде активен процес.“

Јанко Илковски, активен повикувач против пасивната „збирштина педери и атеисти“ на градскиот плоштад во 2009.

Деца и категории

“... да предвидиме можност малолетниците со наполнети 16 години да се стекнат со знаење и дозвола под одредени услови да управуваат возило. Веруваме дека е подобро оваа категорија да ја едуцираме, отколку само да ја казнуваме.“

„Бездетната“ министерка убедена дека може да се приближиме до идеалот „Нула деца, жртви во сообраќајот“ со тоа што ќе издаваме возачки дозволи на категоријата деца што ги „вози“ родителите.

Сигурно гатање

„Владата на СДСМ и Црвенковски сигурно ќе доведеа до пад на БДП, поголема инфлација, помалку инвестиции и дефлација.“

Влатко Ѓорчев, економски гатач и експерт за несудените влади на СДСМ и Црвенковски.

Цунами прогнозер: до март 2013 – „неполни 15 месеци“?

„...првото изборно соочување во Македонија ќе се случи на локалните избори 2013, во март месец, тоа е на неполни 15 месеци од денес. Доколку на тие избори, а ние искрено се надеваме, обезбедиме сериозна поддршка од граѓаните и извојуваме победа тоа ќе го отвори патот и кон предвремени парламентарни избори.“ (10.11.2011).

Политичарот кој предвремено и предизборно тврдеше дека „Народот како цунами ќе го однесе овој тоталитарен режим“, по 100 дена осека најавува уште еден „Кафе и локум“ пресврт: „Ќе организираме трибини, средби со граѓаните, ќе одиме од врата до врата и ќе разговараме со луѓето“.

„Дал’ да плачам ил’ да пејам“

„Да, среќен е народот што си има ваква опозиција. Има на кого да се потпре кога му е тешко. Има кој да го поднасмее, откако власта ќе го доведе до плачење.“

Никола Младенов, во тешка дилема, дал да плаче од власта, ил да пее иронични напеви за опозицијата.

Рама, Рама, друже мој...

„ Рама треба да земе пример од лидерот на опозицијата во Македонија, Бранко Црвеновски а не виталните интереси на граѓаните да ги носи курбан, да ја блокира интеграцијата и да работи против интересите на граѓаните. “

Сали Бериша, по посетата на Македонија, се жали зошто во Албанија опозицијата протестира, наместо да си молчи 100 дена, како во Македонија.

Самоинкриминирање

„Вашиот допис би сакале да го сфатиме како оградување од досегашните протести и невистинитите обвинувања, навреди и клевети, бидејќи се сомневаме дека некој би сакал да седи на иста маса со ’убијци’ или ’џелати’.“

МВР одбива да седне на иста маса со протестантите против полициската бруталност, за да не ги доведе во непријатна ситуација да седат на иста маса со тешки криминалци.

Врвот на македониумието

„Пред 2.000 години Македонија беше на врвот на светот, сега тркалото се сврте, но ми се чини дека повторно одиме нагоре. “

изјава по потпишувањето на „Манифестот на Македониумот“ од актерот Рубенс Муратовски, чие презиме е непобитен доказ дека „петте века турско“ немаат оставено никакви траги на нашиот античко-македонски идентитет.

Глумци или и статисти?

„А бе со глумци да си немаш работа! Толку!“

Сашо Тасевски, во „мојот дневник“, останува недоречен дали неговото мото важи и за поранешните статисти од претставата „Грев или Шприцер“.

Хе,хе...знаев ја, Лејла лиже

Хе,хе...знаев ја, Лејла лиже тепсии!

ОкоБоли главаВицФото