Џин на глинени нозе

17.11.2011 12:24
Џин на глинени нозе

Моќта и слабоста одат заедно. Не постои моќ, колку и да е силна, која порано или подоцна нема да се урне. Темата е стара. Се поврзува со царствата, со големите политички творби. Во просветителството неа незаборавно ја обработи Едвард Гибон, пишувајќи дека варварството и христијанството го уништија римското царство. Синтагмата „опаѓање и пропаст“ се втисна во духовите на современиците и сите наредни поколенија. На една уште постара, многу постара слика од голема и блескава скулптура со златна глава, сребрени гради, бронзен среден дел, железни нозе и стапала делумно од ѓелезо и делумно од глина – која, како што ѝ доликува на една таква контрукција, се урнала – се надоврзало расплетувањето на историјата за наследувањето на царствата, translatio imperii. Денешните настани во Европа, со Европа, можеме да ги тегнеме на едно или на друго интерпретативно копито. Можеме да зборуваме како за опаѓањето и пропаста на Европа така и за селењето на „империите“ далеку од нас. Неодамнешната средба на G20 во Кан повторно беше можност тоа фино да се покаже.

Она што ни се случува пред очи ни се наметнува како драма. Ако некој некогаш гледа на тоа случување од временска дистанца со која Гибон гледал на старите Римјани, христијани и останати варвари (во што силно се сомневам), од целата таа драма нема да остане ништо. Ќе се покажат само арогантноста и глупоста, ќе се види само надуеноста, залсепеноста, несоодветноста, алчноста и бруталноста. Но и денес може да ни е јасно, ако веќе зборуваме за драма, на каква бедна претстава сме сведоци. Проблемот е во тоа што претставата нè голта во себе. Не сме глумци или режисери, сценаристи, сценографи и сл., ама не сме ни само гледачи.

Минатата недела – слично како и минатите недели – наводно гледавме претстава на моќта. Кој е субјект на таа моќ е сè помалку јасно. ЕУ не е. Бидејќи илузиите за единството таа повеќе не може да ги одржува. Големите европски држави? Не. Државите ги сочинуваат и државјаните, а за нив никој не праша ништо. Па, ако ги отпишеме државјаните на европски начин, владите сè уште не се држави, политичката класа во ниедна европска држава нема ниеден единствен став (што не мора да значи дека е лошо), а случајни поединци кои се наоѓаат на врвот од извршната гранка на власт, за кризниот менаџмент, кој го играат, немаат непосреден и директен мандат. Неизбраните бриселски еврократи не претставуваат ниедно државно тело. Саркози и Меркел? Тоа не е тандем со заеднички јазик, интереси, програма и визија. Па и кога би било така, каква легитимна подлога би имало тоа? Неодамна Џефри Сахс коментираше дека Европа како своја потпора се држи до зборовите на германската канцеларка кја инаку е скромна на зборови. Европа зависна од зборовите на германскиот канцелар или канцеларка беше програма на еден друг канцелар (пред околу 75 години). За среќа, сега зад зборовите на канцеларката се наоѓа полифонијата на политичките партии и институции.

А иако европската моќ е, всушност, моќ без јасен субјект, таа дејствува во одредена смисла. Минатата недела доби две промени на режимот. Замина Берлускони. Но Берлускони не замина поради причините заради кои уште одамна требаше да замине. Неговата акробација на границата на законот европските државнички колеги долги години ја поднесуваа без видливи потешкотии. Сега го исклучија од игра бидејќи не беше способен да ги оствари „мерките на штедење“. Понижувачка политичка смрт, која во одредена смисла потсетува на крајот што натовските стаорци му го намерија на Гадафи. Hic transit gloria mundi… Во Грција на власт поставија банкар – откако спроведоа јавен диплматски линч кон претходниот премиер. Сега Грција има влада клоја не е избрана – ни по европска волја, ни по волјата на народот.

Европа може да се пофали дека ги спроведе тие промени на режимите без пролевање крв. Но зошто беа потребни овие промени? За да го спасат еврото. И од таа гледна точка пред себе имаме големо достигнување. Во старите времиња владетелите ги коваа парите. Денес парите ги коваат владетелите. Но зошто се значајни тие специфични пари? Бидејќи се единственото што Европа (поголемиот дел од Европа) го има за заедничко. Бидејќи е европско политичко врзно ткиво. Проектантите на Европската унија имаа итра замисла најпрвин да воведат заедничка валута, а таа потоа, според логиката, нештата постепено ќе ги доведе до заедничка политика, до политичка заедница. Значи, Европа не беше цел туку средство за достигнување не само економска благосостојба туку и политичка хармонија во Европа. Но таа итрина на умот не делуваше според очекувањата, туку изопачено.

Еврото стана цел за која по комесарски диктат заминуваат влади и премиери, а улиците се претвораат во боишта, а плоштадите во логори. Не е повеќе средство за постигнување економска благосостојба туку цел за која треба да се затегне ременот: во Европа не се пролева крв, Европа пие крв. Еврото стана златно теле што европскиот политички сталеж го обожава со христијански фанатизам. Еврото не води до заедничка европска политика – тоа стана заедничка европска политика. Европската политичка заедница е монетарна. Европската политика зборува со јазикот на парите. Во европската политика зборуваат парите.

Тоа можеме да го разбереме „социолошки“, во таа смисла дека европската политика им служи на интересите на големите финансии, дека е подредена на диктатот на т.н. финансиски пазари. Но се работи за нешто повеќе од тоа. Европската политика, едноставно, нема никаков друг заеднички јазик. Јазикот со кој зборува ги зацртува рамките на нејзиното дејствување. Нејзиниот дострел и визија.

Така, европската политика очајнички го спасува еврото бидејќи се спасува самата себе. Европската заедничка политика е егзистенцијално зависна од заедничката валута на која беше поставена. Спасувањето на таа заедничка валута раѓа конфликти меѓу националните политики и сè подлабок јаз меѓу политичката класа и народот. Спасувањето на еврото ја поткопува и европската политика и политичката заедница. Искористувањето на кризата за настојување околу „потесното политичко поврзување“ само би ја радикализирала таа динамика и би ги разбудило нејзините противречја. Европа без политика е мртва. Но Европа која ја поставува својата политика на еврото е џин на глинени нозе. Ако европската политика навистина сака да се спаси, мора да се ослободи од еврото.

Извор: dnevnik.slo

Карикатура: Кристо Комар

Други текстови на Окно од истиот автор ќе најдете на следниов линк.

Thanks guys, I just about

Thanks guys, I just about lost it loonkig for this.

This insight's just the way

This insight's just the way to kick life into this dbaete.

Superb inforamtoin here, ol'e

Superb inforamtoin here, ol'e chap; keep burning the midnight oil.

ОкоБоли главаВицФото