Пазарот не ѝ верува на демократијата

22.11.2011 16:32
Пазарот не ѝ верува на демократијата

Како историчарите ќе ја паметат 2011 г., која според сатиричарите на Onion веќе ја искористи целата залиха на вести за следната деценија? Некои се прашуваат дали арапските револуции ја изедначуваат 2011 со 1917 г., кога се распадна Отоманската империја. Можеби ќе ја споредат со годините на големи превирања во Европа, 1848 или 1989 г., или приказната ќе има и лице и опачина, па 2011 ќе се памети како година во која во еден дел од светот се бараше демократија, додека истовремено во други делови од светот демократијата се покажа како парализирана и импотентна, соочена со економската криза.

Демократијата најдраматично е поразена во Грција и Италија, каде што избраните водачи беа турнати настрана заради технократите, кои успеаја да стигнат до највисоките позиции без да се ракуваат со ниту еден гласач. Нивната мисија, меѓу другото, ќе биде да предадат најголем дел од економските надлежности, за што граѓаните нема да одлучуваат. Она што Италијанците и Грците го трпат денес, другите нации од еврозоната би можеле да го доживеат утре, бидејќи им е кажано да направат слична жртва кога станува збор за автономијата и да ја зачуваат својата економија. Без разлика дали станува збор за Европа или пошироко, демократските водачи се немоќни да ја победат надоаѓачката економска криза. Неуспехот на групата G20 во Кан на сите им ја открива нивната слабост. Па сепак, според изјавата на еден од учесниците, водачите на автократските држави – Кина, Русија, Сингапур, Саудиска Арабија – биле весели во Кан, убедени дека можат да се изборат со секоја економска криза што ќе им се случи.

Зошто на демократските држави им е толку полошо одошто на нивните недемократски сопернички во сегашните непријатности? Да почнеме од мерките за штедење. Тоа можеби не е најдоброто решение за светската криза во која растот е анемичен, а побарувачката намалена. Тоа сигурно го влошува проблемот – но тоа е она што го бара пазарот во замена за разумно пониските каматни стапки на парите кои им ги позајмува на владите. Не е новост дека токму овие луѓе, а не оние кои ги бираме, всушност, ја држат сета моќ: Бил Клинтон тоа го откри уште пред речиси 20 години кога во огромна лутина им викна на советниците, кои го предупредија дека мора да ги намали своите економски планови: „Сакате да кажете дека успехот на мојата програма и мојот повторен избор зависат од Федералните резерви и купот ебени трговци со обврзници?!“

Со оглед на тоа дека пазарот свири, главното прашање е кој е способен најдобро да игра на таа музика – а во тоа настојување демократијата е товар. Водачите кои треба да се соочат со гласачите, едноставно, не можат да ги наметнуваат мерките на штедење врз населението без да платат цена, без разлика дали станува збор за немирите во Атина, протестите во Мадрид или камповите на Окупирајте го Лондон и Њујорк. Во периодот непосредно по војната, можеби луѓето беа поспремни да ги истрпат редукциите и тешкиот живот во, на пример, Британија, бидејќи чувството на колективен идентитет и солидарност беа посилни, исто како и верувањето дека се жртвуваат за голема цел и дека на крајот, сепак, ќе дојдат подобри времиња. Но општеството сега е помалку кохезивно: штедењето не се смета за победа над странскиот тиранин во праведната војна, туку за последица од незаситната алчност на банкарите; а малкумина веруваат, во однос на порано, дека сигурно ќе живеат подобро од своите родители.

Ниедна од овие грижи не ги загрижуваат господарите во Пекинг или Москва.

„Владимир Путин е најмоќниот човек во светот“, вели политикологот и шеф на Евроазиската група, Јан Бремер. „Тој може да ја промени својата земја за секунда, без да го попречува некој закон или некоја релевантна демократска проверка.“

Слично на ова, и кинеските владетели можат да ги променат државните буџетски приоритети за еден миг, трошејќи трилиони на субвенции со еден потег на пенкалото. Ако кинеските банки ја покажат истата неподготвеност да позајмуваат пари, како банките во Европа или САД, политбирото во Пекинг едноставно ќе им издаде наредба тоа да го сторат. Не чуди тоа што, размислувајќи за парализираното одлучување во Вашингтон, колумнистот Том Фридман од New York Times фантазира за тоа Америка да стане Кина на еден ден. За демократиите, оседлани со чкрипавата машинерија на чековите и билансите, бавната и постепена промена е можна – но гаснењето на пожарот во екот на кризата е потешко.

Всушност, се чини дека токму самата демократија е она што го презираат пазарите. Ним не им пречи кога таа обезбедува стабилност и предвидливост. Американскиот систем порано му одговараше на пазарот, со конзервативното убедување дека владата која најмалку владее е најдобрата влада. Но сега за истиот тој систем им сменува трпение. Кога Standard & Poor ја оценија послабо способноста на САД во август годинава, без стеснување изјавија дека тоа е нивна пресуда во врска со слабостите на американската политика и политички институции, и нивната неспособност да се справуваат со економскиот ураган.

Марк Леонард, кој го води Советот на Европа кога станува збор за надворешните односи, ова го нарекува демократска казна која ја плаќаат западните земји. Заклучокот е дека дошло до вистинска криза во управувањето и во ЕУ, која е во хаос, и во САД, кои се парализирани со партиската борба. Ситуацијата во САД е влошена со повлекувањето на Републиканската партија во догматска, десничарска дефанзива.

Забавно е, посебно на аутсајдерите, да им се смееме на очајните републикански претседателски кандидати, без разлика дали се работи за неспособноста на Рик Пери да ги запомни сопствените предлози или тешкотијата на Херман Кејн да се сети што точно неодамна правеле САД во Либија. Но што значи тоа кога за највисоката функција во најмоќната демократска нација во светот се борат луѓе со толку лош квалитет? Некои велат дека тоа значи само оти надарените републиканци како Џеб Буш, Крис Кристи и Мич Даниелс процениле дека Барак Обама е премногу надмоќен во водењето на кампањата и собирањето средства, и дека е поразумно да се кандидираат во 2016 г.

Слабостите на демократиите не се толку предизвикани со економската криза колку што таа ги разоткри. Статистиките за растот во деценијата пред крахот говорат доволно. ЕУ, САД и Јапонија поминаа добро, групирани заедно во ниски едноцифрени бројки. Но Кина и Русија уживаа речиси двојно повисоки бројки. Најуспешните економии беа автократските држави.

На западњаците им е тешко да го прифатат ова. Нашата приказна по 1945 г. е дека демократијата е најдобриот можен систем кој пружа најдобри можни резултати за мирот и напредокот. Долго верувавме дека автократските системи секогаш се осудени на пропаст бидејќи не можат да се прилагодат или иновираат, дека им е судено да бидат гломазни и да немаат допир со своите граѓани, како што беше СССР. Кина, на пример, го доведува во прашање ова врежано и утешно мислење. Таа користи некои од техниките на демократијата – вклучувајќи го и честото гласање – за да ги избегне постапките кои би можеле да предизвикаат општествени немири. Ваквиот пристап Леонард го нарекува „делиберативна диктатура“.

На крајот, демократијата сигурно ќе ја покаже својата внатрешна сила. Царското владеење на Путин – кое, исто како и кај саудиското кралско семејство, се потпира на вадењето суровини од земјата – не може да трае вечно. Но 2011 г. го наруши чувството на надмоќ која порано ја уживаа демократските општества. За да заздрават, тие можеби ќе мораат да се откажат од правилата кои сега ги задушуваат, и да настојуваат на тоа дека луѓето, а не пазарите, се оние кои ја имаат моќта.

Извор: The Guardian

Илустрации: Стефан ван Бизен

барокосплаварење на

барокосплаварење на говнардарот. сплавот е полн специјални цевки свиткани ко кљун на чун, личи на кичестата тимба на коце на која се засадени повеќе жални врби кои при влезот во умот на коце на молкуларно ниво ја смениле деенка структурата и сега станале една весела врба, чии гранки сеа летаат у вис, јеботе, ко да го електрифицирале со напон од 30560 кило вебер ампер вати волт на саат, јеботе димензија. на тимбата коцева трите врби се веселат, мафтаат ко мажоретки. на гркљанот на коца сплавот скака до кур, а на сплавот албанофобската група специјализирана за барок планира на сплавот директ врз шупакот на коца да изгради хотел со сплаварски елементи. што ли е тоа у пичку матер у пичку?! коце планира сплавовите да заживеат, он ќе им удахне живот и така сплавовите ќе не забављаат ко ќе поминеме покрај нив; сплав иде по тебе и те куца по рамо, а ти му викаш, иш бе. јеботе коца, дај бе еј, загрижен сум, имплантирајте му матични клетки белким ќе му сраснат, јеботе специјалист за барокни елемнат, да ве ебе барок. ау човече колку е гадно брутално смешно до умирање да глеаш вести и да не можеш ништо, ама баш ништо да направиш, еј човече!, која смеа ме облева, ова е СТРАШНО!

Веќе почнаа да ми фалат овие

Веќе почнаа да ми фалат овие мали радикални субверзивни жестоки поетски бисери од коментари.
Ова е просто дражесно, секоја почит за авторот:
сплавот е полн специјални цевки свиткани ко кљун на чун, личи на кичестата тимба на коце на која се засадени повеќе жални врби кои при влезот во умот на коце на молкуларно ниво ја смениле деенка структурата и сега станале една весела врба, чии гранки сеа летаат у вис, јеботе, ко да го електрифицирале со напон од 30560 кило вебер ампер вати волт на саат, јеботе димензија. на тимбата коцева трите врби се веселат, мафтаат ко мажоретки.

ОкоБоли главаВицФото