Македонка го продава сопругот преку оглас

24.11.2011 13:35
Македонка го продава сопругот преку оглас

Марија Г. (34) од Скопје веќе подолго време не поминала квалитетно време со сопругот Горан (35), кој е растргнат помеѓу обложувањето на спортски натпревари и посетувањето кафеани во Дебар маало.

Револтирана од неговиот однос, Марија решила да го стави сопругот онаму каде што му е местото – во оглас. Претходно таа ѝ се пожалила за својата мака и на свекрвата, на што оваа одговорила дека е немоќна да влијае врз синот. Потоа двете се согласиле дека Горан треба да биде понуден на продажба.

Во огласот, кој е објавен на Фејсбук и на интернет огласникот „Продавам-купувам.мк“, се вели:
„Продавам 35- годишен сопруг. Обожава да јаде, да се обложува на спортски натпревари и да пие пиво во кафеана. Лесен е за одржување: само хранете го и напојувајте го на секои 3-5 часа. Морате да имате телевизор со телетекст и кабелска телевизија со спортски канали. Цена: 1000 денари. Може и замена со некој помлад и поодговорен“.

На општо изненадување, Марија досега добила десетици понуди. Сепак, една од нив најмногу ја заинтересирала.

„Една постара жена се понуди да го ’позајми’ на одредено време за да го истренира, а потоа да ми го врати назад, и тоа без никаков паричен надомест“, вели Марија. „Но најмногу од сите ме заинтересира онаа во која едно помладо момче тврди дека веќе е истренирано за домаќин и дека со задоволство би се заменило со Горан, додавајќи дека повеќе сака да чита книги и да гледа романтични филмови одошто да кисне во кладилница“, вели таа.

Засега цената на Горан е фиксно одредена, но факт е дека со секој изминат ден неговата вредност опаѓа, бидејќи ретко кој сака таков недомаќин в куќи. Сепак, Марија не се откажува од огласот и вели дека ќе почека уште некоја понуда пред цврсто да реши да го продаде сопругот некому.

Sjaen tekst! Super ponuda, na

Sjaen tekst! Super ponuda, na debil! Ako bash i ne dobie ponudi gospogjata, mozhebi treba da dae 1000 denari, nekoj da go zeme debilot...

Враќај се во кујната, мори!

Враќај се во кујната, мори!

Овој ни како гратис не

Овој ни како гратис не вреди... 

Prestanete da objavuvate

Prestanete da objavuvate plagijati, ova veke e objaveno na internet pred nekolku dena i toa so fotografii

Не се они криви, толку им

Не се они криви, толку им сече.

losha rabota e

losha rabota e plagijatorstvoto. Ne e zenata makedonka i ne go naogam natpisov nesto pointeresen dokolku stanuva zbor za nas drzavjanin. iskreno, bas me zabole.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото