1017 hPa
68 %
20 °C
Скопје - Нед, 08.09.2024 00:59
Ако го земеме она што го гледаме
машините што нè излудуваат,
љубовниците кои на крајот се мразат,
рибата на пазарот,
што зјапа најмногу во нас
цвеќето што гние,
мувите во мрежата на пајакот,
уличните нереди,
криците на лавовите во кафезот,
кловновите вљубени во паричници,
нациите што ги поместуваат луѓето како пиони,
дневните крадци со преубави
ноќни жени и виното,
претрупаните затвори.
Вообичаено невработените,
анемичната трева,
луѓето доволно стари за да го сакаат гробот.
Тие нешта, и други, покажуваат
дека животот се ниша на скапана оска.
Но ни оставија малку музика
и говорничкото шоу на аголот,
чаша виски,
сина кравата,
џебното издание на песните од Рембо,
коњот кој трча како ѓаволот да му го врти опашот,
и потоа тука повторно е љубовта
како трамвај кој навреме стигнува
зад аголот
градот кој чека
виното и цвеќето,
водата што шета преку езерото
и летото и зимата
и летото
и летото
и повторно зимата.
Слика: Joyce Ho
Прекрасно.
Испратено на 27 ноември 2011 од СонувалкаПрекрасно.
Сосема убаво срочено! Браво
Испратено на 01 декември 2011 од УбавинаСосема убаво срочено! Браво за песната!
Кажал Буковски многу
Испратено на 06 декември 2011 од Тоа ти еКажал Буковски многу глупости, ама и многу арни работи. Како на пример:
„секогаш ќе има пари и курви и пијаници
се' до последната бомба,
но како што рече Бог,
дури си ги прекрстуваше нозете:
Гледам, сме створиле едно чудо поети
ама не и толку многу
поезија.“