1009 hPa
94 %
16 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 08:59
Творештвото на Матош е на некој начин пресвртно во историјата на хрватската книжевност: слободно може да се каже дека без неговите остварувања, посебно на полето на критиката, есејот и поезијата, не би постоела денешната хрватска книжевност. Многу подоцнежни хрватски автори не би биле можни доколку Матош не ја оттргнал хрватската книжевност од летаргијата на провинцијализмот и ја вовел во матицата на светската литература.
Матош е централна личност на хрватската модерна. Естетицизмот и уметничките норми се неговите примарни критериуми. Во книжевноста тој влегува во 1892 година, со расказот „Моќта на совеста“, кој го означува почетокот на перидот на модерната. Во неколку наврати пишувал за своето сфаќање на поетиката на прозното творештво и за своите литературни херои. „...Од новелистите најмногу го сакам генијот на Едгар Алан По, потоа супериорната, концизната точност на Проспер Мериме и природноста на сатирата на Ги де Мопасан...“ вели во едно писмо до еден свој пријател. Стремежот да не се повторува никаде, да не западне во маниризам, успеал да го оствари во повеќето свои раскази собрани во три збирки и објавени по следниов редослед: „Деланки“ (1899), „Нови деланки“ (1900) и „Уморни раскази“ (1909).
Во овој избор влегуваат дела од трите негови збирки. Книгата е во издание на Темплум, а може да с енајде во повеќето книжарници во Скопје.