Филмот „Состојба на шокот“ во кино Фросина

28.11.2011 14:26
Филмот „Сојба на шокот“ во кино Фросина

На 28.11. (понеделник) 2011 година, Младинскиот културен центар, Ви го претставува филмот „Шок - Состојба“. Филмот на репертоарот на кино Фросина ќе биде до 12.12.2011 г.

 

Режијата и сценариото се на Андреј Кошак. Во главните улоги играат: Уршка Хлебец, Никола Којо, Александра Балзамовиќ

Почеток: 20:00 часот

Содржина:

Први мај 1986, Љубљана. Металостругарот Петер Змазек добива титула на Управник на годината во фабриката Ударек и семеен стан. Од силниот шок, паѓа во вкочанета и неподвижна состојба и никој не успева да му помогне. Цели 10 години во психијатриската болница Петер го сонува својот комунистички рај, додека во меѓувреме се распаѓаат сојузот и политичкиот систем, како и неговото семејство. Петер се буди во истиот момент кога неговата жена Марица се мажи со неговиот најдобар пријател Јово. Кога ќе се појави на венчавката, започнува збунувачката, горчливо-слатка комедија, која со смеа ги води јунакот и гледачите низ неговото соочување со светот во кој преовладуваат претходно непозната технологија, сомнителни бизниси и новонастанати политики.