Дали постои македонска книжевна сцена?

29.11.2011 12:05
Дали постои македонска книжевна сцена?

- Како би ја опишале моменталната книжевна сцена во Македонија?

Владимир Мартиновски

Сè зависи од тоа што подразбираме под „книжевна сцена“. Ако, на пример, како параметри ги земеме тиражите или медиумскиот интерес за книжевната продукција, а особено критичката рецепција, тогаш работите стојат прилично скромно. Ако, пак, од друга страна, имаме предвид дека повеќе дела од македонски автори (како на пример романот Сестрата на Сигмунд Фројд од Гоце Смилевски или стихозбирката Преместен камен од Никола Маџиров) се објавуваат на сите континенти и таму наидуваат на одличен прием, тогаш имаме причини и да се радуваме.

Жарко Кујунџиски

Веројатно не би ја нарекол сцена, туку повеќе книжевна стварност. Сцената подразбира активни книжевни гласови, редовни промоции, читања, манифести, критика, сцената имплицира и здружување, окрупнување на јавната гласност. Преку оваа терминолошка корективност, би рекол дека книжевната стварност во Македонија се отелотворува преку две јадра, најчесто генерациски. Првото јадро е етаблираната книжевна номенклатура која дејствува преку институциите. Вториот е нуклеусот на помладите автори кои се искажуваат главно низ помалку академски матрици (Фејсбук, блог) и функционираат во полуформални групи. И едните и другите често пати воодушевуваат со потенцијалите и реализациите, но многу малку прават книжевната стварност да биде порелевантна во големата слика на општествената стварност.

Иван Шопов

Тоа што се случува со книжевноста во Македонија едвај може да се нарече сцена. Неколку дружини што си играат литература, по некое читање, по некоја промоција, и тоа е тоа.

- Што е тоа што би требало да се промени на македонската книжевна сцена?

Владимир Мартиновски

На сите им е јасно дека кај нас е хроничен недостигот на аргументирана, објективна, конструктивна и добронамерна книжевна критика. И покрај исклучоците, во книжевната периодика преовладуваат суперлативни критички осврти, со безброј пофалби а малку аргументи. Другата крајност е анонимното паушално „коментирање“ на интернет, во кое цинизмот и омразата се неретко единствените „аргументи“. Книжевната периодика (која најчесто се сведува на „годишен двоброј“) се печати најчесто само за да им се подели по некој примерок на застапените автори. Во дневниот печат и во неделниците (кои исто така исчезнуваат) има сè помалку простор за промоција или толкување на книжевните дела што се објавуваат.

Жарко Кујунџиски

Да се направи книжевна сцена. Веќе споменав дел од моделативните и креативни формати. Исклучително е битно што бројноста на писателите е сè поголема, но истите постојат главно како елементарни честички. Она што е потребно е да се стават во агон. Дијалектиката, дијалогот, ќе формираат атом. Потоа молекула. Ткиво. Орган. Систем. Организам. Дури тогаш имаме сцена.

Иван Шопов

Треба да се промени рамотапкачкиот однос што авторите-критичари го имаат меѓу себе. Треба да се сменат начините на кои литературата му се нуди на читателот. Треба да се зголеми залагањето на самите автори – на македонската книжевност очајно и’ треба повеќе крв, гласност и инает.

- Кои се клучните пречки (доколку ги има) што оневозможуваат книжевна сцена да биде подобра?

Владимир Мартиновски

Од она што секојдневно сите го слушаме, главно сите се жалат: издавачите на „малиот пазар“, писателите – „на слабата презентација на нивните дела во јавноста“, а позната е анегдотата дека некој читател не сакал да отвори книга од Цветаева, плашејќи се дека е стихозбирка од домашна авторка.

Жарко Кујунџиски

Мислам дека пречките се ментални. Беснее толку голем индивидуализам, што секоја желба за окрупнување, се кочи на индивидуално рамниште. Сме ја утнале темата ако очекуваме македонското книжевно омасовување да почне од јадрото кое е канонизирано, кое веќе формирало доминантна матрица која исклучува константност. Тоа може да биде происход единствено на новите ликови. За жал, штом ја објават првата книга, штом ја направат својата промоција, одеднаш пукаат идеите за (р)еволуција. Веднаш се прифаќаат обликовните моделите на повозрасните. Да се придобијат авторитетите, да се инкасираат рецензиички. Наградата „Новите“ е прекрасен чин на поттикнување на индивидуалното творештво кај најмладите, но по дифолт не гарантира и книжевна сцена.

Иван Шопов

Малата и самодоволна културна средина е голем проблем. Книжевната сцена нема да се подобри сè додека главна вредност е „аплауз за секого“.

- Дали гледате можности за развој на книжевната сцена?

Владимир Мартиновски

Таа можност пред сè ја гледам во преводот и комуникацијата со другите книжевни сцени: квалитетните преводи од други книжевности секогаш се стимулативни за преиспитување и поместување на сопствените книжевни стандарди. Преведувањето на нашите автори на други јазици е можност да се преиспитаат и да се проверат дострелите на нашата книжевна сцена.

Жарко Кујунџиски

Единствено во млади автори кои ќе размислуваат поинаку од претходниците гледам можности за коректив. Сепак, веројатно е потребна и конкретна институционална поддршка, која пред сè може да вклучи логистичко место, генерациски епицентар, чиј архитектонски простор ќе биде оплеменет од флуидот на младешка енергија.

Иван Шопов

Влезете во која било маалска книжарница и на полиците ќе забележите многу топови со бели, празни листови хартија. Тоа ми изгледа како одлична можност за развој на книжевноста и книжевната сцена.

- Мислите ли дека има некои нови струења во македонската литература?

Владимир Мартиновски

Од она што го следам има повеќе различни струења во поезијата (од возобновениот интерес за врзаниот стих кај неколку талентирани млади поети, до интересот за канонизираните лирски форми, па сè до експериментите со јазикот) и во прозата (популарноста на кусите прози и раскази).


Жарко Кујунџиски

Секое време има автентични струења. Поетолошки не гледам воедначени обгрнувања. Многу често екстралитератните другарства влијаат и на интрадискурзивните преплети. Гледам повеќе расфрлани потенцијали, што групирани во ситни другарства, што индивидуални. Во определен дел од нив има новаторски сјај во очите.

Иван Шопов

Несомнено постои раздвижување во македонската книжевност. Се појавија барем десетина млади автори што го подотворија прозорецот за проветрување, но тоа не е доволно за да бидат препознаени како „нова генерација“. Писателите мора да се изборат нивниот глас да бидат чуен, макар и со врескање.

- Каков е односот меѓу книгите од домашни автори што ги читате и преведената литература?

Владимир Мартиновски

Ги читам и едните и другите, бидејќи има и одлични книги од македонски автори, а и зачестуваат солидните преводи. За жал, немам точни податоци како работите стојат кај читателската публика. Некои автори веќе објавуваат книги под псевдоними кои звучат „странски“. Веројатно не е потребен коментар за да се објаснуваат причините.

Жарко Кујунџиски

Македонската литература е атипична, израснала директно од фолклорните урнеци добиени во наследство од минатото и јазичниот стандард, што се случува во 40-тите години на минатиот век. Понекогаш е голема грешка да очекуваме симултаност на естетски парадигми со остатокот од светот во секој историски миг. Македонската литература морала да сведува векови и циклуси на мигови и години. Денес, со интернетот и современите технологии, компаративноста е дневен ултиматум. Споредувајќи, заклучуваме дека имаме од сè по малку, а особено сме делотворни и силни во поезијата и кусите куси форми. Сметам дека во Македонија има што да се прочита и има кој да прочита, само маркетингот на домашниот автор е сегмент во кој треба сериозно да се инвестира.

Иван Шопов

Преведената литература ја читам малку повеќе од домашната, но со задоволство ги следам и домашните писатели. Особено сакам да ги читам помладите автори. Постојат возбудливи поети и прозаисти што ми го задржуваат вниманието.


Слика: Гвидо Даниеле

Жарко Кујунџиски, кои

Жарко Кујунџиски, кои тупаџиски одговори, боооо!

ne citaj be majstore, ako te

ne citaj be majstore, ako te tupi. covekot go prasale, on odgovoril kako sto mislel. sto, da im go odzememe pravoto na lugjeto da odgovaraat na prasanja ako odgovorite ne se dovolno pink? aman vise od mentalni i site drugi huligani. idi gledaj borbi so pitbuli! pali znaminja! drkaj! prai nesto! samo nemoj vise da citas. mnogu se zamaras. mozat da ti puknat sinusite.

А што не издркаш ти, туку се

А што не издркаш ти, туку се фаќаш одма со напади? Човекот се искажа за тоа што не му се допаѓа.

Се додека “писателите“ и

Се додека “писателите“ и “писателчињата“ се преполни со его и својата несигурност ја кријат со комплексни одговори на едноставни прашања, литературата ни тоне во длабоки гоВaна!

Жарко Кујунџиски, емитирај ги

Жарко Кујунџиски, емитирај ги Фрчко и Латас пиши уличарски на симпл Мацедониан баграта не сфаќа.

симпл мацедониан, тоа фонт ли

симпл мацедониан, тоа фонт ли е ?

ovoj pat Ivan e poumeren vo

ovoj pat Ivan e poumeren vo svoite kriticki osvrti za povozrasnite avtori :)

шопов стои длабоко во борова

шопов стои длабоко во борова шума. во десна рака секира од дваесет кила. потен од ладното мава еден бор, надпросечно висок споредено со шумата. ја соблака надреалната маичка ја фрла, тоа одлетува во штрк. фацата стандардно ладна, блант, ко тапанарот на систем оф а даун доека у транс тресе контри, јаки премини по кора, удари, клап(!), клоп(!), кљанк(!), штранк(!). тресокот го тресе скопје, во некои населби дечињата приметуваат како столицата ги отфрла нагоре, они летаат у ваздух и паѓаат на глава. на наредниот пат свртени паѓаат на задник се до последниот удар на тап пад на дрвото.

но.

според универзитетското распоредување мартиновски доби задолжување во наредните пет години да ја коси тревата во паркчето на уким. слуша аудио книга од хаику мастерот нина андова. по телефон му се јавува ректорот.

ми се јави издавачот од лихтенштајн, мартине, рече ректорот.

понуди да ти ја отпечатат хаику книгата на 9 страни во боја во тираж доволно голем за да може да ти отвори штедна книшка и да ги орочи парите кои би се прелиле од продажбата. печатењето е на наша страна заедно со фотокопии флаери. тоа ќе го правиме во подрумот на уким кај којунџиски. со сите пресметки, данок на корица и останати редукции тој смета дека после десет години ќе добиеш 3 и пол евра. што велиш да те орочиме таму, а он се задолжи да те промовира во буркина фасо. тука се опфатени авторските права, дистрибуцијата, а да бе, до каде си со тревата?

до пола книга. би сакал да ја презентирам машинеријата со која косам.

да, свесни сме ние тука, но ќе моа да се почне од шишање у потсекторот косачи.

слоговите ми се разделуваат по академски форматирано клише, банално за слушање освен во ректоратската геријатрија. имам јак турбо агрегатот зад мене од 2000 киловати со дијаметар на сечило 100 милиметри..

ректорот го прекинува:

собери тревата, ја ќе предложам на управа, па за две години ќе почнеме разговор.

тап далечен удар ги полета скопјани во воздух. сите се отфрлени од земја во вис. додека летаат планетата се поместува незгодно и секој се наоѓа кај што не сака. ректорот летна до таван и се тресна од катедрата, но среќа вратата од канцеларијата беше затворена, на мартиновски цел труд од косењето се разлета до бит пазар, машината со сечилото летна кон универзитетската библиотека, а на мартиновски му летнаа слушалките, цедето и заедно со него свртени во воздух паѓаат директно во џамот од подрумите на уким, во столарсакта работилница и печатница каде работи којунџиски, кој што само што се одбива од таванот, а машините печаницата и фотокопирите се маваат од ѕидови и таму е хаос.

друг тип машинеријата тука долу. штрумфот којунџиски го препознава мартиновски, се чеша по глава:

го замолив да сече во 4 одсабајле, знаеш, го праќам на водно да ми носи еден бор, за хартија, тешко е, мора да се снаоѓаме, еве, за тебе добив препораки да ти го припремам ликот за задната страна, за твојата книга.

мартиновски ја гледа својата фаца до бернхард шлинк.

знаеш репер, да не е ептен исто, ама слично, бар ликот да е длабок, разбираш? гледав и други писатели како стојат до цвекиња со искривени глави и со дланките благо се допираат, ама ти со по хард кор. абе ми се потроши хартијата, па така. фотокопирџијата се собира од потресот, оди околу и ги собира на купче машините у двете раце ги фрла у простор и сето тоа се претвора во пилана и на крај базен за целулоза за правење хартија.

од таму иде бор на грбот на шопов, долг 50 метра, дијаметар метар, а шопов облечен у штркот го пушта бебето врз уким.

дрвото добива потенцијална енергија од гравитацијата и засилено од ветрот паѓа директно врз ректорската управа, пропаѓа низ неколкуте спратови, руши се пред себе ко кулите близначки у њу јорк. којунџиски поучен од порано ги прецизното ги подеси машините и задоволен од таквиот пад со насмевка во образот спремен е да стисне копче.

ете така, сега да направиме хартија, рече којунџијата, по татко од еснафска фамилија и го стисна копчето, а на спротивниот крај почнуваат да се формираат листови.

штркот одлета, мартиновски отиде да разговара за балирање у ректорат, а којунџиски го почна мачниот процес на хартијоправење. читателите чекаат напишани книги.

Човече, ти си талент!!!

Човече, ти си талент!!! Пишувај почесто!!!

Бегаат пациенти од

Бегаат пациенти од Психијатриската клиника.

Види, ако не ти се допаѓаат

Види, ако не ти се допаѓаат опусите на Мартиновски, Кујунџиски и Шопов Иван, не значи дека треба да ги нарекуваш пациенти кои бегаат од психијатриска клиника.

Одамна е очигледно дека тука

Одамна е очигледно дека тука доаѓаат очајни луѓе за да „коментираат“. Но оној, „од пад со вода“, е дното на сајбер-очајот. Неверојатен пример за тоа како човек може да го минува времето за да си го обелодени очајот.
Не е важно. Важно е тоа што одговорите на испрашаните се на место и тераат на размислување.

Одговорот кој го именуваш е

Одговорот кој го именуваш е далеку над твоите сфаќања. Има време, можеби еден и ќе го разбереш, па дури тогаш ќе“размислиш“ за неговата порака, многу посилна од сите горенаведени одговори, заедно!

Искрено одговорите се онака

Искрено одговорите се онака досадни и авторите се онака просечни. Според мене коментарите се тие што треба да се читаат овде.

Now that's sublte! Great to

Now that's sublte! Great to hear from you.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Општество / Книжевност / Став

ОкоБоли главаВицФото