Говнарските цевки на јазикот

29.11.2011 14:12
Говнарските цевки на јазикот

 

 

 Говнарот – со говнарски цевки... Узми цевку и работи.

Реплика од филмот „Среќна нова 1949“

...На Балканот зборовите се средство за манипулација, а не инструмент на осознавањето. Моите пцости значеле различни нешта, но најчесто биле сигнал за поразот на јазикот пред чудовишната стварност или потврда на решеноста за баграта да зборувам со јазикот на баграта, според советот на Михник, бидејќи баграта го разбира само тој јазик.

Марко Вешовиќ


Некни, по повод основачкиот состанок на Советот за култура на СДСМ, од штабот на ВМРО ДПМНЕ лиферуваа интересно соопштение: „Впечатливо е тоа што луѓето од СДСМ користат нови зборови, нов речник кои повеќе личи на разговор во некое неуспешно и запуштено кабаре, а е речник кој воопшто не доликува на сериозна политичка партија. За нивниот стил на работа и за капацитетите на СДСМ доволно говори и фактот што со некултура и со навреди зборуваат за култура.“

Велам, соопштението на владејачката партија (освен што е стандардно неписмено, „кои“ наместо „кој“ итн.) е интересно поради својата парадоксална природа: во изминативе педесетина години во Република Македонија никој посилеџиски од ДПМНЕ не го соголил јазикот на политиката, во јавниот живот никој како нив не внел толку неконтролирани дози на омраза и никој освен нив до таков степен не го брутализирал целокупното општествено живеење. Политиката сфатена како систематско организирање на омразата (според старата дефиниција на Хенри Адамс) - тоа е суштината на ДПМНЕ, и под Љубчо Георгиевски, а особено под дисциплинската палка на Никола Груевски.

Агресивниот непријателски јазик на таа револуционерна партија - освен од специфичното разбирање на политиката како крволочна арена - произлегува и од суштинската неписменост на речиси сите луѓе во партискиот врв. Легендарните писма на Никола Груевски и Мартин Протоѓер, на пример, настапите на Бичиклиски, Котевски, Николовски, Димовски, Ставрески, Јанкуловска итн., во историјата на македонската политичка (не)култура ќе останат запомнати не само поради разбирањето на политиката како систематско организирање на омразата, туку и како стилски крајно ограничени говорни чинови, со штура лексика, ослободени од каква било елеганција, хумор, имагинација, а преполни со најизветвени клишеа. Книгата која би се составила од избраните говори и текстови на груевистите би била една од најефектните антологии на глупоста и неписменоста, совршено надополнување на славниот „Речник на глупоста“ на Бестел и Кариер. Ми се чини дека целокупниот врв на таа револуционерна партија, дури и со напнати здружени сили, не може да состави пристоен текст. Најписмениот човек во ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на пример, е лош поет со уште полош вкус (за него Блаже Конески е „кепецот од Небрегово“), ама дури и таквиот Милошоски може да им биде професор по литература, изразување и стил на сите поекспонирани сопартијци.

Затоа е фрапантно кога од најозлогласениот комуникациски центар во земјава (центар за дезинформации, контаминации, кодошење и клеветење), се испраќа соопштение во кое опозиционерите се осудуваат „што со некултура и со навреди зборуваат за култура“.


***

Да се вратиме на „јазикот на баграта“ од заглавието: низ годиниве нам врз главите, почитувани читатели, да простите, ни се посра револуционерната партија. (Некои, богами, го имаа и тој ксмет да бидат „поработени со говнарски цевки“.) Откако „револуционерите“, велам, ја освоија Македонија како провален стан, тие отворено се исраа среде салонот, за недвосмислено јасно да ни соопштат како стојат работите. Револуционерниот процес на серење во салон го објаснил уште Сталин. Накусо ќе прераскажам како тој, преку крадење и серење, дошол до некои непроценливи политички согледби. Младиот Сталин бил член на банда крадци, наречени „кинтоси“. Благодарение на кинтосите, се фалел подоцна комунистичкиот цар, тој ја стекнал својата „виртуозност во пцуењето“, а од нив ја научил и возбудата на провалата. Водачот на бандата го викале „Мајмун“, поради долгите влакнести раце прекриени со зелени тетоважи и поради способноста секаде да се испентари. Откако Мајмун низ олукот ќе се качел на третиот кат на некоја зграда, ќе ја отворел влезната врата и целата банда влегувала внатре. Во една романсирана биографија на Сталин се раскажува дека Мајмун често знаел да се посере на подот на станот во којшто бандата провалила. Сталин објаснува дека постојат три причини поради кои провалниците го прават тоа. Првата, се разбира, е крајниот презир - да ти се серам на куќата. Втората, тоа е потврда на слободата - ако сакам, јас дури и овде ќе се посерам. Третата причина, тоа на некој начин е растоварување од целата работа - земав некои твои гомна и ги оставив своите.

Уште една голема мудрост од Сталин научи нашата револуционерна партија (иако мислам дека тоа го научиле - така млади и талентирани - инстинктивно, природно, од бога дадено): Сталин не ги напаѓал идеите на својот противник, тој му ја напаѓал главата. Заради тоа луѓето од ДПМНЕ, и покрај целото богатство и стравопочит што ги имаат, останаа ситни силеџии на моќта на кои не им се потребни стил, елеганција, писменост, знаење, хумор, имагинација... Удар во глава го решава проблемот, а не употребата на главата. Список на непријатели, а не инвентар на сето она што си го засрал за десетте години владеење.


Такво време дојде, велеше Матош, мораш да бидеш „бедаст као тољага“. Такво време дојде, велеше Јејтс, „на најдобрите им недостасува убедување, а најлошите се полни со страсна жестокост“.

Што ни преостанува?! Можеби да се обидеме од политичката агресивност претворена во новоговор да извлечеме говор што ќе ја објасни таа агресивност, слично на Фројд кој бил изложен на лудилото на знаењето, за од тоа да го извлече знаењето за лудилото? Кога сме кај јазичните стратегии, тоа и не е лошо решение, барем во мојот случај.

Цртежи: Rinus Van de Velde

А што да се каже за јазикот

А што да се каже за јазикот на ударните тупаници на режимот, идеолозите на груевизмот, Латас, Миленко, Јадибурек, Мирка?! Не само што е простачки и малоумнички, туку е и режимски, заканувачки и многу често отворено фашистички... Чудно како „пристојниве“ (Бичиклиски?, Протоѓер?, Димовски, Котевски? Кој, вушност, е главен во центарот за дезинформации и контаминации?!) се потпираат на услугите на режимските чудовишта од типот на Латас, на тепачите вербални и невербални (земи мотку и работи)...

Денешната пресуда на Љубе

Денешната пресуда на Љубе Бошковски исто така покажува дека груевистите се сталинисти: „Сталин не ги напаѓал идеите на својот противник, тој му ја напаѓал главата“. „Удар во глава го решава проблемот, а не употребата на главата.“

Хахаха, многу добра колумна.

Хахаха, многу добра колумна. За баграта со јазик на баграта... Одлично!

Коља! Народот ќе те фрли во

Коља! Народот ќе те фрли во говнарска јама заедно со Грујо и Бранко! Запомни!

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото