Уринирање

30.11.2011 10:20
Уринирање

Прашање за илјада евра: кој е одговорно лице во бифето во Собрание (она што сосема неоправдано по телевизиите е нарекувано Клуб на пратеници)? Кој ќе ја плати казната затоа што некој или некои пратеник или пратеници пушеле во бифето? Трајко Велјановски? Чисто се сомневам. А би требало. Затоа што тој е раководно лице на институцијата која мора да плати до пет илјади евра, зашто во нејзините простории не владееле законите и принципите на правната држава Република Македонија.

Значи, ако воопшто и постои дилема дали некој и како ќе плати казна за прекумерно пушење (конечно, и инспекторите се луѓе: не би требало тие да реагираат за еден опушок, како што не реагираа во случајот кога телевизиска камера го дофати шефот на УЈП со цигара во уста во јавна просторија), тогаш со сигурност се знае кој ќе ја плати казната во име на институцијата. Ние, се разбира. Велјановки во своето писмо-оправдување-охрабрување наведе дека Собранието очекува инспекциските служби ненадејно да посетуваат и други јавни институции, министерства, судови итн. Што е нормално. Казните ќе бидат наплатени од буџетот, а наплатените средства ќе се вратат – во буџетот! Ем волкот сит, ем парите на број, ем популизмот рулс!

Ме интересира само во кои и чии канцеларии се фатени опушоци по пепелниците. Очекувам детален извештај од Влатко Ѓорчев. Тој, имено, кога се носеше законот за дискриминација на пушачите објаснуваше дека не може во еден базен некој да уринира (за волја на вистината, тој во Собранието употреби еден поколоквијален збор за истата работа, кој јас нема да го употребам, затоа што не доликува на јавна комуникација), а другиот да не почувствува. Одвреме-навреме го гледам таканаречениот собраниски канал и дефинитивно ми е јасно кој уринира и што јас чувствувам, ама би било интересно да се слушне тоа и од главниот бранител на овдешниот чист воздух во затворен простор.

Како и да е, некаде кажаа дека инспекпекторите влегле во Собрание по таканаречен „допрен глас“, односно дека во медиумите било објавено дека во Собранието се пуши. Како по знак на старт на сто метри, медиумите почнаа да објавуваат за секое, макар било тоа и најскришно, кафеанче каде што не се почитува законот. Просто се мислам и си мислам дали станува збор за граѓанска должност или, пак, за дополнителна работа на Комисијата за лустрација. Ете, за некој ден почнува лустрацијата на новинарите. Не знам, само онака се прашувам дали случајот не е ист, односно дали некои некогаш што кодошеле дека некој го пцуел Другарот Тито тоа го правеле со чувство за граѓанска должност или со чувство за подобро лоцирање пред власта. Зашто, ако некогаш под стари години добијам мотивација активно да се занимавам со политика, тоа ќе биде само затоа за да ги лустрирам оние што сега ги кодошат кафеаните каде што се пуши. Зашто, ако не сум сигурен за кодошлакот во времето на едноумието, сега сум дефинитивно сигурен – сè се прави за да се обезбеди место во оној дел од базенот каде што плива Влатко Ѓорчев.

А цинкарењето на луѓето што зборувале против Тито има далекусежни последици. Еве, и во тој славен Музеј на македонската револуционерна борба или, како што дури и високите инстанци на владеачката партија го нарекуваат: Музеј на ВМРО, главните бранители на демократијата не беа задоволни со тоа како изгледа Тито 2.0, односно неговата восочна фигура, па го вратија на доработка или на преработка. Велат дека деновиве треба да им стаса Тито 3.0 (ако веќе не стасал), па да видат за што станува збор, односно дали неговиот лик ќе наликува на ликот што го имаат в глава. Мислам дека таа фигура ќе се враќа на доработка, барем до оној момент додека некому барем малку не му заличи на сегашниот премиер.

Ова не го зборувам бадијала. И Тито пишуваше писма. И нему му пишуваа писма. И тој сакаше да се поздравува (навидум) со т.н. обични луѓе, а и до него тешко можеше да се стаса. И тој беше своевиден мангуп, кој, за волја на вистината, не возеше велосипед, ама го крадеше (позајмуваше) службениот мерцедес. И тој имаше добри односи со лидерите на Либија и Зимбабве. И тој одбиваше тогашната држава да влезе во ЕУ, односно во тогашната ЕЕЗ. А од друга страна глумеше добри односи со нив. И тој тврдеше дека НАТО ќе се распадне. И, конечно, и тој правеше лустрација на државните непријатели, кодошите и сите оние што не мислеа како него. Кога подобро ќе размислам – местото му е навистина во Музејот на ВМРО. И ги поддржувам властите да ја враќаат фигурата, сè додека не го достигнат идеалот.

Има уште една блиска нотка меѓу Тито и овдешните титчиња. Освен пишувањето писма, се разбира, тука е и пишувањето прашања. Што би се рекло, нема одговор на кој јас не можам да поставам прашање. Чудниот молк на пратеникот Илија Димовски, инаку вообичаено речит за сите работи и состојби за кои не е надлежен, токму за она за што е прозван само говори дека Груевски и службите навистина посветено работат: немаат време да му напишат едно пусулче за да го каже своето мислење по ова прашање. Тука ни инспекција не помага!

Извор: globusmagazin.com.mk

Илустрација: Танг Јау Хунг

Заборави да прашаш колку

Заборави да прашаш колку чинел бензинот со кој инспекторите дошле во инспекција и кој ќе го плати тоа , и колку хартија се тропи во тоалетите и к.ој че ја плати.
Те молам биди до крај прецизен вака не оставаш на пола пат со твоите прашања , ко да си Панчев у машко веце и некој да викне еве го Панчев целиот си уринирносан!

Слични содржини

Став
Езера [к:6]
Став
Став
НАТО [к:12]
Став
Став
Став
Став

ОкоБоли главаВицФото