Јапонија најави инвестиции во Македонија од 10 000 евра

30.11.2011 12:16
Официјалниот плакат со кој се бараат инвестиции во Сингапур и Јапонија

(Официјалниот плакат со кој се бараат инвестиции во Сингапур и Јапонија)

Владината делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од бизнис форумот во Токио што го организираше Јапонската надворешна трговска организација, за Пара вестите најави добри вести – јапонски ивестиции во земјава.

Имено, пред бизнис заедницата на Јапонија беа презентирани постигнувањата во македонската економија, поволностите што се нудат во технолошко-индустриските развојни зони, како и потенцијалите за инвестирање во повеќе области.

Јапонските бизнисмени беа воодушевени од приказните за успешниот економски напредок кои им ги раскажаа нашите политичари, но и од аудио-визуелната обработка на пропагандниот материјал.

„Ваква посветеност кон привлекувањето странски инвестиции во услови кога државата не нуди никакви услови не сме виделе уште од времето кога претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, дојде во Јапонија по странски инвестиции“, изјави Рјуносуке Сасуке, бизнисмен од Токио.

Премиерот Груевски се сретна и со јапонскиот принц Нарухито, кој му ја предаде плакетата со која нашите кошаркари, кои го освоија четвртото место на Евробаскетот, се прогласуваат за јапонски самураи. Ова е уште едно големо признание за нашите кошаркарски спортисти, по прогласувањето на витези од страна на британската кралица, како и почесни џихадисти од страна на саудискиот крал.

Покрај Токио, владината делегација ќе ја посети и Осака, каде што во соработка со Јапонската надворешна трговска организација, ќе се организира уште еден бизнис форум на кој заинтересираните јапонски компании ќе имаат можност да дознаат повеќе за поволностите за инвестирање во Македонија.

Една јапонска компанија за производство на ветер и магла веќе најави инвестиција во Македонија, вредна цели 10 000 евра. Според извори во владината делегација, предводена од премиерот Груевски, компанијата веќе се распрашувала за погодни локации, главно близу престолнината Скопје.

Kakov FAIL vi e tekstov,

Kakov FAIL vi e tekstov, chudo.

Pa samo patot na Gruevski do

Pa samo patot na Gruevski do Japonija kosta povekje od 10 000 evra..

Доколку има инвестиции од

Доколку има инвестиции од јапонија, дали авторот јавно ќе каже дека се изнајал брбушки.
Уште некој тешко му доаѓа успехот на кошаркарите и сеуште не му е по ќеиф што Македонија се обедини околу нешто. Беда во умот презентирана вака јавно, а чека да биде пофалена. Оптимист сум, мислам дека може и победно од ова да срочите. Сами за себе сте репер. Толку бедни текстови на едно место, добро што не паѓа хост/серверот :)

Po mizeren tekst ne sum

Po mizeren tekst ne sum procital.Toa novinarceto supelka.
Ke go zapamtam ova Okno,nikogas poveke da ne go otvoram.

Го читам ова и воопшто не се

Го читам ова и воопшто не се насмеав...за жал сте...да се критикува се и сешто само од злоба и припадност на друга партија само кажува колку ''мали'' луѓе живеат во државава. Најдете нешто што навистина вреди да се критикува и исмејува. Ако нема инвестиции тогаш најголем виновник е премиерот, ако се обидува да најде инвеститори пак не чини. Нема никаква логика, само злоба и човечка глупост.

ГОРНИВЕ КОМЕНТАТОРИ ЗАЛУТАЛЕ

ГОРНИВЕ КОМЕНТАТОРИ ЗАЛУТАЛЕ НА ОКНО! Некој, машки, да не ставил ЛСД дур гордо сте лутале низ македонскиот интернет космос, меѓу Латас, Миленко и Јадибурек?! И може дрогата ве отфрљачила во некоја заебана халуцинантна орбита, Окно?! Вратете се, јадни души, кајшто ви е местото, да копате по ѓубриштата на Грујо, Латас&компанија...

кој залутал и каде? интересно

кој залутал и каде?
интересно е што ако некој посочи какви глупости правите, залутан е. ако некој ви укаже како да се подобрите, грешел. ако некој гледа да ве оправи, го бркате.
потоа се чудите како народот не ве поднесува, како тоа ви се смеат, како тоа не ве есапат ни под разно.

ај сега од ново.
што е со текстов? дал има било што смешно/комично/пародично, пто и да е што некого би го насмеало. не. значи глуп текст. ај сеа анализа на текстов. плука по власта оти отишла да бара помош/инвестиции, што и да е. тоа не чинело оти отишла на исток а не во брисел.
ај сеа да го прашам авторот дал е запознаен со тоа дека брисел отиде во кина и на колена молеше помош. беа пречекани европјаните од ЗАМЕНИКМИНИСТЕР. не од министерот. тоа е колку да им покажат што мислат за нив.
а гледај, нас не пречекуваат министрите и пермиерите.

на молбите на брисел за помош, им се понуди право на кинезите да купуваат технолошки фабрики (што е доста опасно и ризично по безбедноста). нас ни донираа автобуси, ама излезе дека било лошо, оти се од кина, не се од белгија.
ете и јапонија донира редовно амбулантни возила, да им ги вратиме?
за тоа колку кинеските производи се добри проверете колку сателити се лансирани од кого последните 2-3 години.
ако можат да лансираат сателити, можат и автобуси да прават. па 90% од компјутерите се со делови од кина, или тоа не се важи?

пораснете, тргнете ги тоа цвикерите со црвени стакленца, да видите до каде отиде светот.
иако болеста ви е на планетарно ниво (левицата секаде е утепана ко и тука), најдете си чаре, оправете се вие, стигнете ги ривалите, а не обратно, да ги уништувате ривалите за да паднат на ваше ниво (кое е доста ниско моментално).

Добро, бе, груевисти, зарем е

Добро, бе, груевисти, зарем е забранета дури и сатирата контра економските политики на владата?! Океј, знам дека више-мање се’ е забрането (секоја критика на Фамилијата), ама не знаев дека и сатирата е на тој список... Нели до скоро зборевте, груевисти, дека 20 години Македонија живее транзициска катастрофа (Бранко ѓаволот итн.). Од тие 20 години, 10 се на ВМРО ДПМНЕ (да потсетиме, во сите 10 владее Малиот-Големиот пастир). И комуњарите и груевистите за лошите економски резултати се вадеа на објективните околности: блокади од Грција, војни, светска криза итн.
Денес, цела Европа се тресе заради економските проблеми. Македонија не е исклучок. Но, види чудо, и покрај тоа што паднаа до вчера многу јаките популистички влади (Италија, Грција итн.) во Македонија е забрането дури и низ сатира да се критикуваат економските политики на владата!
Океј, мижете и понатаму, груевисти, но будењето ќе биде страшно... За жал, будењето на целата нација, не само на забеганиот груевистички дел...

А да, забораив да кажам дека

А да, забораив да кажам дека Грција (200 милијарди евра бруто општествен производ) е на колена пред македонските фаланги предводени од кумот Ставре (БДП на МК е 7-8 милијарди евра). Да, и Италија е на колена со 1200 милијарди евра БДП, и Шпанија, Португалија итн., само гордите кумови Грујо и Ставре се над историјата, над проблемите, над реалноста... (можеби ради тоа што кај нив чука космичкото срце на Ацета, сигурно затоа)

никој не го брани никого.

никој не го брани никого. само ве напаѓам вас. вие критикувате, а вас не смеат да ве критикуваат. абе тешка болест ве зафатила, ама не е тоа страшното. страшното е што не сакате да прифатите критика и тоа многу конструктивна. тоа што во овој текст нема сатра, туку е куп глупости, покажува кое ви е нивото. тресењето зелени (колку и да е боја на вашите стопани (ете го и логото им лево)), не се смета за критика/сатира. едноставно од пуста болна желба да се бдие на власт по секоја цена, си ја спуштате вредноста (која и онака е 0).

ете прочитај за исланд на time.mk. ќе ти стане јасно повеќе колку вашата заслепеност од пропаганда е смешна и колку во очите на обичниот народ сте прости :)

Слушам ќе се збратимеле

Слушам ќе се збратимеле Фукушима и Велес...

Па тие бога молат, уствари

Па тие бога молат, уствари кој бог, овие антихристи се што сакаат е никој да не инвестира или пак ниту една реформа да не успее, така ги учеше нивниот шеф БЦ, да се саботира сопствената држава, само во своја лична корист, да еден ден се дограбат до власт, па да продолжат со лапањето кое застана во 2006,(због поради затоа што во македонија не победува идејата и реализацијата на избори, овде се гласа против, анти, да му умре козата на комшијата), да не се радуваат на успесите на државата, било тоа на спортски или политичко економски план, бидејки тоа е штетно за партијата во опозиција, среќен народ не смее да има, ако има ќе го заплашиме , кој не е со нас - не е наш, или си или не си сдсм. и точка бе.