Колекционер на облаци

06.12.2011 12:24
Колекционер на облаци

Дека облаците гледани одозгора можат да пружат неописливи естетски задоволства – знаеме сите. Но како изгледа кога ги гледаме непосредно од височина, без замаглените авионски прозорци – се реши да истражува германскиот фотоновинар Рудигер Немзов, кој за краток период стана колекционер на облаци. За да ги сними овие рајски фотографии, мораше да се опреми со маска за кислород и да се врзе покрај отворената врата на авионот кој го крена околу 6000 метри над земјата.

За да ја создаде оваа серија фотографии, наречена „Cloud Collection“, Рудигер мораше да отпатува дури до Манауса во Бразил. Во својата 20-годишна фотографска кариера автиорот собрал завидна колекција портрети и едиторијали, но веруваме дека ништо не може да ѝ конкурира на оваа збирка.

На видеото можете да погледнете како изгледа целиот процес на фотографирање.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Извор: nehmzow.de

ОкоБоли главаВицФото