Список на пристигнатите ракописи за наградата „Новите!“ за 2011

12.12.2011 13:16
Список на пристигнатите ракописи за наградата Новите! за 2011

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигнаа 39 прозни ракописи од 38 авторки и автори.

Следниот понеделник (19 декември) ќе го објавиме списокот на автори кои ќе влезат во потесниот избор за доделување на наградата. Победникот за 2011 година ќе го прогласиме во понеделник (26 декември).

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Билјана Стамова: Библијата на ѓаволот
2. Бранислав Ѓорѓевски: Сите тие краеви
3. Бренда Бачварова: Таа и Тој (Ти и Некој)
4. Далибор Плечиќ: Буники
5. Екатерина Панева: Летот на малите величини
6. Елена Илкова: Певи пенов пени пете
7. Емануела Петреска: Исповеди на скршеното срце
8. Драгана Ристова: Сон за една надеж
9. Александар Симеонов: Овој свет... е Колумбија
10. Георге Попов: Очите на Амбисот
11. Ивана Наскова: Раскази
12. Коста Бојчески: Сварог и маските на една болна совест
13. Марија Степаноска: Битките во животот
14. Марко Филип: Клуб на невоспитани трудници
15. Милица Пашовска: ...Другата страна... на прозорецот
16. Светлана Шолевска: Наплата на гревовите
17. Светлана Шолевска: Парадоксот на животот
18. Никола Чолески: Спротивни светови
19. Аница Блажевска: Некои работи никогаш не стигнуваат во право време
20. Петар Андоновски: Очи со боја на чевли
21. Олгица Станковска: Пишанки или раскази на вересија
22. Стефан Алиевиќ: Паганска поезија
23. Хигсов Бозон: Педерски катахрезис
24. Димитар Ф.: Раскази
25. Самир Мемедов: Тој и Таа
26. Сузана Шалева: Големиот град
27. Тања Тикова и Александра Тикова: Дарија
28. Тина Иванова: Раскази
29. Маја Гоческа: Вакви, такви, секакви – ликови
30. Маја Гоческа: Гласот, човекот, старецот, раскажувачот, љубовникот и она малку што останало
31. Валентина Николова: Патници низ времето
32. Сашо Димоски: Бегемот (интимни монструми)
33. Даниел Карески: Валкана совест
34. Верица Ацеска: Сериозни работи
35. Боркица Трајковска: Дневникот на калуѓерката
36. Даниела Николовска: Приказни од врвот на иглата
37. Иван Стојановски: Сенката на Сонцето
38. Љупчо Кошчиновски – Љупчне: Загубена сличност
39. Милко Бојковски: Раскази


Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески и Иван Шопов.

со среќа нека ви е (мислам на

со среќа нека ви е (мислам на жири-комисијата). вака гледано, насловите на поголемиот дел од ракописите ветуваат малку, ама да не кобиме пред време. а на младите (и надежни) автори им посакувам мудрост, трпение и вежбање, зашто ќе им требаат по објавувањето на победникот.

Вака по насловите, авторот

Вака по насловите, авторот мисли дека ракописите ветуваат малку?! По глуп коментар одамна не сум прочитал!:)

Е ај сеа да не судиме за

Е ај сеа да не судиме за книгата по кориците, да почекаме жирито да ги прочита, да си одбере еден, па и ние после ќе го читаме. Wish u all luck :))

Симоновски, коментарот

Симоновски, коментарот воопшто не е глуп. Поголемиот дел од насловите навистина звучат банално и не ветуваат многу. Кажи ми, какви се твоите очекувања од ракопис со наслов „Сон за една надеж“ или „Исповеди на скршеното срце“?

Што има тука нејасно,

Што има тука нејасно, конкурсот е за најдобар дебитантски прозен ракопис или за најдобар наслов?! И од кога “банално“ има општо прифатена дефиниција? Тоа зависи исклучиво од вкусот на читателот! Многу неблагодарен коментар е оној на автор, ама Иване, овој твојот, со кој го охрабруваш, ме уби начисто!

Во ред, нека е така,

Во ред, нека е така, сфаќањата за баналноста на некој наслов или дело зависат од вкусот на читателот. Спомнав два конкретни наслови што ми звучат банално - „Сон за една надеж“ и „Исповеди на скршеното срце“. А како ти звучат тебе, според твојот книжевен вкус? Чисто онака, да размениме мислења.

Мене лично не ми се допаѓа

Мене лично не ми се допаѓа Сон за една надеж од причина што ми делува слично и неконкретно а Исповедите ми се препатетични за мој вкус...Ама сепак велам, неблагодарно е, да се суди според насловот. Поздрав

Иии, ама какви сте. „Сон за

Иии, ама какви сте.

„Сон за една надеж“ ги прати сомнабуличните случки на средновечниот патолог Генадиј кој страда од несоница.

„Исповеди на скршеното срце“ е збирка од 9 раскази напишани од перспективата на 13-те жртви на најпознатиот серијски убиец кого медиумите го нарекуваат Скршеното срце заради потписот со кој ги завршува пораките кои ги остава крај осакатените остатоците на своите жртви.

Ако е Тина Иванова

Ако е Тина Иванова новинарката што мислам дека е, веднаш треба да е дисквалификувана бидејќи веќе има ракопис издадено за 103-ка....

Конкурсот се однесува на

Конкурсот се однесува на дебитантски ПРОЗЕН ракопис. Книгата за Канал 103 не спаѓа во проза, така што Тина Иванова рамноправно учествува во конкуренцијата.

Во секој случај, фала за забелешката, не би било фер да ни се протне и некој кој веќе има објавено прозна книга.

Поздрав!

Никола Гелевски

Колку-толку духовит наслов,

Колку-толку духовит наслов, кој измамува насмевка е на Марко Филип - "Клуб на невоспитани трудници".

Дали е и содржината вицкаста?

Јејјјјјјјј, си го добив

Јејјјјјјјј, си го добив оригиналниот наслов. Срцки сте, Ви благодарам.

Типувам на женско, затоа што

Типувам на женско, затоа што ветените мажите ги потрошија при минатите конкурси.Возбудливо е што Окно, се уште е толку предвидливо, не да се разбереме погрешно, но веќе се насетија симатиите. По ѓаволите , Гелевски, немолчењето не е секогаш злато.

Ако Бранислав Ѓорѓевски е

Ако Бранислав Ѓорѓевски е блогерон Snowmen, тогаш тој е мојот фаворит. На времето имаше доста добри раскази на Блогерајон

Тоа што се

Тоа што се објавиле....пффф....финоќа....само така треба младино! ФИНО! Фино колку што можеме да трпиме дури да пукнеме од финоќа