99 %, запознајте ги застрашувачките 40

13.12.2011 15:39
99 отсто, запознајте ги застрашувачките 40

Во вторникот, во гратчето Осаватома во државата Канзас, претседателот на САД Барака Обама одржа величествен и моќен говор, кој сведочи за постојаната оставина на една од најсилните политички личности на САД: Теодор Рузвелт. Претседателот се присети на економските принципи од Времето на прогресот и ги примени врз денешната економска реалност. Тој се зазеде за динамична држава која вложува врз основа на принципот на еднаквоста и еднакви можности за сите; држава која го поттикнува вистинскиот, постојан капитализам заснован врз принципите на вистинска конкуренција и пазарен интегритет. Разликата меѓу визијата на претседателот и визиите на неговите потенцијални републикански противкандидати е огромна. Разликата меѓу говорите на претседателот и неговото владеење во изминативе три години, за жал, а едвај нешто помала.

Претседателот во последно време испробуваше шинели на неколку свои претходници: на Труман, заради неговите напади на неспособниот конгрес; на Ајзенхауер, заради неговиот умерен центризам; на Клинтон, заради подготвеноста да се повика на извршната власта кога законодавната гранка нема да успее. Па сепак, претседателот би требало да се држи до Теодор Рузвелт, чии принципи и желба за вистинска реформа денес се најрелевантни.

Говорот на Обама преставува потребно освежување, навестување дека би можело да се тргне во подобра насока. Тогаш, кој е заслужен за тоа што претседателот го промени фокусот и тонот? Окупирај го Волстрит. Нацртот на говорот на претседателот – која може да се согледува како почетен истрел во трката за претседател – го напиша Окупирај го Волстрит. Мислењето на судијата Ракоф е правосуден еквивалент на Окупирај го Волстрит: органски проглас на незадоволство; судска верзија на реченицата „е, сега ми е доста“ – за волја на вистината, во поблага прозна варијанта.

Она што Окупирај го Волстрит успеа да го направи, покрај своите организациски и идеолошки недостатоци, нè потсетува на познатата мисла на Маргарет Мид: „Никогаш не се сомневајте дека мала група промислени, просветени граѓани може да го промени светот. Всушност, светот единствено така и се менува“. Таа мала група, и не треба да се заборави колку малку луѓе навистина учествуваа во Окупирај го Волстрит, ја промени американската политичка расправа за неколку куси месеци.

Но, две клучни прашања сè уште остануваат без одговор: како претседателот ќе ја преточи својата новооткриена посветеност на принципите на прогресивноста во дело и што Окупирај го Волстрит ќе стори сега?

Испит за посветеноста на Белата куќа ќе биде хипотекарната криза. Тоа сè уште е област од најголем интерес за американскиот среден слој, и сè уште област за која нема креативност во предлозите на Белата куќа. Претседателот ќе мора да собере храброст и да бара значајно намалување на хипотеките ако има намера да ја поправи економијата и да се позанимава со прашањето на еднаквоста. Има многу интересни идеи како тоа може да се изведе, од сите страни на политичкиот спектар. Погледнете ја конзервативната колумна на Мартин Фелдстајн во Њујорк тајмс од 12 октомври 2011 година, и нешто полибералната на Алан Блиндер од Волстрит журнал од 20 октомври 2011 година.

Исто така, Окупирај го Волстрит мора да размисли што ќе прави понатаму. Еве еден предлог. Мината недела, граѓаните со филибастер повторно без ускратени за кандидатите – еден судски, еден за новоформираното биро за заштита на потрошувачите – кои имаа повеќе од 50 симпатизери во сенатот и поддршка на претседателот. На постојаната тиранија на 40-мина, што е бројот на сенаторите кои го блокираат дејствувањето, и претставуваат едвај 10 отсто од граѓаните, мора да им се застане на патот.

Ако Окупирај го Волстрит сака држава каде што моќното но малобројно малцинство нема да ја блокира волјата на мнозинството, можеби барањето на лидерите на Демократската партија да бараат суштинска реформа на филибастерите би бил првиот вистински чекор. Можеби слоганот „укинете го филибастерот“ би звучел премногу технички, но слоганот „спасете ја нашата демократија“ не би бил. Окупирај го Волстрит ги воведе броевите 99 и 1 во американскиот политички речник. Сега истото треба да се направи со броевите 40 и 51.

Извор: Slate

ОкоБоли главаВицФото