Проститутките на македонизмот

15.12.2011 13:17
Проститутките на македонизмот

Филозофите на песимизмот велат дека смислата на опозицијата сме ја потрошиле во бескрајната транзиција на комунистичкото нешто во квазидемократското ништо. Во Долината на спомениците плурализмот ги практикува највисоките стандарди на Социјалистичкиот сојуз во претставата во која улогата на Сојузот на комунистите се обидува да ја игра Сојузот на комитите, а ролјата на работниот народ – ебиветрите што ниту најстрогите партиски „смерници“ не можат да ги мрднат од борбените позиции на шанковите по улицата која се вика – како? „Македонија“, нормално.

Некој, сепак, ќе треба го исполни вакуумот што ќе настане кога Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација, односно Злосторничкото здружување на Надвојводата Шарло, ќе реши да изврши самоубиство. Или кога ќе му здосади да ја растура државата и да го ебе народот.

Се сомневам дека флотантната маса што комунистите ја беа оковале во прангите на нацијата, може сама да го продолжи патот кон светото исчезнување.

Нацијата нема да исчезне ако хероите решат да се самоубијат. Постои опасност феноменот да не го снема ако остане без мудрото водство на своите џелати. Смислата на опозицијата е да влезе во загубениот историски натпревар и да го зачука победничкиот гол на страната на поразените. Ако види дека тоа е она што фали во целата констелација.

Затоа е важно да се има визија. И уште отсега да се формира Совет за ситуацијата по политичкиот суицид на Груевски. Некој ќе треба да се грижи за луѓето што ќе останат до гуша во популистичката лава од патриотски гомна. Од највисокиот попокатепетел на лажниот македонизам. Дали вие забележувате некои други квалитети на опозициската (бес)мисла или ќе се согласите со мене дека режимот на идиотите се армира со бетонското железо на опозициската памет.

На сета сиромаштија не можев да не го купам Славејот од под Алпите. Ја испеглав плавата картичка на Веропулос и Стопанска банка и „Заебаниот субјект“ на Жижек беше мој. Тука најдов нови потврди на моите тези.

Продавачката во „Табернакул“ ми рече дека го купувам последниот примерок. Каде е вториот, се прашав јас? Не можев да верувам зашто знаев дека ако имало два примерока, првиот немаше да го остави сопственикот раат додека не го натера со тешки шлаканици да го разбуди Македонецот од самоубиствениот транс. Три примерока немало сигурно затоа што со толкав филозофски багаж ние веќе ќе бевме во Брисел.

Мислам дека во некои толкувања на Хајдегер повеќе доминира жижековото стојалиште отколку филозофијата на Мартин.

„Хајдегер го обезвреднува настојувањето системот да се ограничи – да се одржи неговото ’човечко лице’, да се принуди на почитување на основните правила на демократијата и слободата, да се обезбеди човечката солидарност, да се спречи неговото лизгање во тоталитарен ексцес – како бегство од внатрешната вистина на системот која станува забележлива во таквите ексцеси: таквите лабави напори системот да се одржи на уздата се најлош начин да се остане во рамките на системот."

Ако тоа го преведеме на нивото на македонската стварност, тогаш може да се каже дека единствен вистински начин да се раскине метафизичката кулиса на вмровизмот е да се помине низ неа во нејзината најопасна форма, да се издржи болката на метафизичкиот нихилизам во неговата крајност, што значи дека ќе треба да се отфрлат како јалови сите лажните седативи...

Опозицијата мора да престане да се обидува да го вразумува неразумниот систем, затоа што тие обиди не само што нема да го подобрат системот туку ќе го зацврстат, и тоа во неговите најодвратни аспекти.

Кога средноскапата женска во средноскапиот куплерај во Сен Паули ќе ме праша дали сакам да ми се помоча врз лицето, јас ја чувствувам природноста на животот многу поинтензивно отколку кога пратеничките од владејачкото мнозинство ќе ме прашаат дали сакам да ми се посерат на градите со некоја своја дискусија, за евроинтеграциите, да речеме. Во Хамбург се продаваат сексуални пози, а во последните остатоци од Македонија – политички. Опозицијата е кондиционирана да бара поголема контрола врз хигиената на проститутките, да бара жените да не серат од високо и да не јадат луто најмалку три дена пред да ја понудат својата сексуална услуга... и така натаму и така наваму.

Јас предлагам, а гледам дека тоа го предлагаат и Хабермас и Жижек, да го растуриме овој куплерај. Да ја раскинеме метафизичката кулиса на вмровизмот. На таа кама што се зарива во срцето на Македонија. Да се претвориме во кучиња кои излегуваат од морето на вмровизмот, се тресат и продолжуваат да лаат во големата ливада на Историјата. Да ја тргнеме расчекорената Силвана од легнатото тело на Македонецот. Да го разобличиме тоа папагалдисување: „почитувана колешке, почитуван колега, почитуван претседателе...“ како ѕидање на лицемерната брана зад која се крие огромното езеро од омраза, празноглавие и глупост. И опозицијата, исто така, да ја тргнеме од предизвикот да се лигави на ист начин. Делегатската репрезентацијата на простата маса да ја упристоиме. Колку е тоа можно. Додека не дојде редот на некое друго претставителство.

Историјата со кризата на еврото ме потсетува на кризата со грипот пилешки и свински. Или со крахот на „Лиман брадерс“. Пандемијата на стравот треба да му овозможи на современиот човек да мисли дека елитите му го подариле царството на слободата кога му овозможиле да се пресели од лукзузниот пентхаус во некоја алпска или кожуфска еднособна пештера. Јас ја поздравувам таа заебанција ако се користи како шок кој ќе ја замени улогата на војната во конституирањето на новата, овој пат постнационална или, можеби, наднационална епоха. Вествалскиот систем, кој последен пат беше адаптиран во сумирањето на резултатите од Втората светска војна, е во кома. Никакви споменици и бароци нема да можат да го вратат во живот. Особено не во неговите најмали национални инкарнации.

Но и умирањето може да биде пријатно. Луѓето што живеат во Долината на спомениците можат да се надеваат дека ако од барокните балкончиња концентрирано и посветено гледаат во премиерските исероци врз босанскиот гранит во центарот на Скопје, еден ден можат и да се посерат од среќа. Што може значително да им ги намали трошоците за греење. Има и други бенефити од власта на идиотите. Ама сакам да оставам нешто за следнава колумна.

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото