Квазипатриотско отекување

16.12.2011 11:00
Квазипатриотско отекување

Се обрати претседателот. Триумфалистички порача дека во иднина нема да прифател извештај во кој не се почитувал македонскиот јазик и идентитет. А зошто досега прифаќал такви извештаи во кои не се почитувале македонскиот идентитет и јазик? Да не ја чекал три години пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг?

Но, и во пресудата од Хаг не се употребува терминот Macedonian, освен во еден израз, и тоа во наводници. Ако бил доследен во својот став, претседателот не требало воопшто да ја прими победничката пресуда од Хаг, затоа што во истата не се потврдува придавката македонски.

Во пресудата од Хаг воопшто не се употребуваат зборовите Македонец, Македонски и идентитет. Претседателот, не само што ја примил таквата пресуда во која не се потврдува македонскиот идентитет, туку и се фали со пресудата небаре станува збор за крунска потврда на идентитетот.

А што да правиме сега со толку фалената Привремена спогодба од 1995, која сегашниве ѓоа патриоти тогаш ја третираа како предавнички акт? Претседателот нè уверува дека треба само да ја почитyваме „времената спогодба“ и да не береме гајле. Ама, види чудо. И во документот од 1995 нема потврда ниту на македонскиот јазик, ниту на македонскиот идентитет. Документот е потпишан на англиски јазик, а во него не се спомнува ниту македонски, ниту Македонци, ниту пак Македонија – таму сме „втората страна“. Во документот од 1995 нема абер од Македонија, македонски, Македонци, а сега преродбенициве сакаат да ни го шитнат како бедем на македонскиот идентитет?

И, што правиме сега?

Најискрено го охрабрувам претседателот на Република Македонија доследно да го спроведува ставот да не прима документи во кои не се почитуваат македонскиот јазик и идентитет. Пред воопшто да прими документ, да даде наредба да се провери дали во него се употребуваат изразите Македонци и македонски. Ако ги нема идентитетските маркери, да даде наредба документот да не му се врачува. Така, во неговите раце нема да се најдат ниту пресудата од Хаг, ниту привремената согласност од 1995, ниту резолуциите на ОН, па нема повеќе да нè отекува колку овие документи биле важни за нашиот идентитет.

Органски не поднесувам дволични политичари кои ја прикриваат својата неспособност со лажен патриотизам. Затоа предлагам да се донесе закон со кој ќе им се одземе функцијата на сите политичари кои не ја претставувале Република Македонија под уставното име и кои потпишувале и прифаќале документи во кои не се почитува македонскиот јазик и идентитет. Што мислите, дали ако се усвои и спроведе таков закон, сегашниот премиер и претседател ќе успеат да си ги зачуваат функциите?

Карикатура: Маријан Каменски

Многу е забавно тоа што нема,

Многу е забавно тоа што нема, а и нема да има коментари на текстов од троловите боксерски.

Тишина... Пшшшшт!

Нема ни тролска поента кај

Нема ни тролска поента кај Тролхе. Што кутрите да коментираат? Нема басма за продавање.
Една народна успивалка:

Нони ми нони детенце,
ато големо да ми поростеш,
ато мајка ќе те прати кон Прилеп,
ато боза да ми продаваш.
Ато, ко ќе викнеш:
таааатле бооозааа,
на мајка сорцето, като топан,
топа,топа.

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото