1026 hPa
40 %

11 °C
Скопје - Пон, 10.02.2025 15:59
Кристофер Хиченс беше атеист и борец против заблудите кои ги шират светските вероисповеди. За време на својата долгогодишна новинарска и писателска кариера тој стана мета на критиката, докажувајќи дека бог е човечка измислица која настанала пред неколку илјади години. Низ своите анализи и критики Хиченс сакаше и да ја покаже улогата на религијата во светските случувања од блиското и подалечното минато.
Хиченс ќе го запаметиме и по изјавите кои често беа контроверзни и намерно шокантни, но истовремено точни и прецизни. Интернет порталот zurnal.info направи избор од можеби најшокатните изјави на овој новинар и критичар.
Суштината на независниот ум не лежи во оној што мисли, туку како мисли.
(Писмата Young contrarian, 2001)
Она што може да се тврди без докази може и да се отфрли без докази.
(2003)
Атеистите отсекогаш тврделе дека овој свет е сè што имаме, а дека нашата единствена должност е да го направиме подобар.
(Portal Ateist, 2007)
Секогаш ќе постојат награди, како и казни за личностите со нивните храбри уверувања.
(Newsday, 1989)
Исклучителните тврдења бараат и исклучителни докази.
(Бог не е голем, 2007)
Човечкото достоинство не произлегува од верата. Тоа ѝ претходи.
(Бог не е голем, 2007)
Ако Исус можел да го излечи слепецот кого случајно го сретнал, зошто потоа не можел да го излечи слепилото.
(Бог не е голем, 2007)
Јас не можам да го мразам секој оној во чие постоење навистина не верувам.
(Fox News Channel, 2007)
Исмејувањето на вероисповедта е една од најбитните работи... Почетокот на човековата еманципација е способноста да се исмејуваат властите.
(BBC Newsnight, 2010)
Сопствениците на кучиња сигурно ќе забележат дека ако на песот му пружаат храна, вода, засолниште и љубов, тој ќе мисли дека сопственикот е бог. Додека сопствениците на мачки мораат да сфатат дека ако на мачките им пружите храна, вода, засолниште и љубов – тие се и богови.
(Portal Ateist, 2007)
Славните порази често имаат поголема емоционална сила од молскавичните победи.
(Vanity Fair, 1999)
Извор: zurnal.info