Внесете го селото во вашиот урбан дом

20.12.2011 13:13
Внесете го селото во вашиот урбан дом

Оваа маса не би ја нарекле домашно растение, бидејќи овој предмет со назив „picNYC“, кој претставува дизајн на студиото Haiko Cornelissen Architecten, е обид да се внесе делче од селото во нашиот урбан дом.

„Растителната маса“ е инспирирана од растечкиот тренд на урбани фарми, а се состои од алуминиумска рамка, тревнеста површина, земја и каменчиња како систем за дренажа. Зелената површина е замислена да предизвика одреден впечаток на излет во затворен простор, па на неа слободно можете да оставите шише вино или кошничка со сендвичи и овошје.

Како што истакнуваат самите дизајнери, „ненадејно истурената вода повеќе не претставува проблем, а поставувањето подлога под чашите е потребно само за тие да ја задржат својата стабилност“.

Секако, не е доволно оваа маса по оброкот само да се пребрише, туку таа бара и постојана нега од својот сопственик: редовно косење на тревата, како и доволна температура и сончева светлина за нејзино одгледување. Ако сопственикот добро се грижи за својата маса, таа ќе го награди него со разновидна флора и бујност на добро одржуван тревник, додека занемарената маса набрзо ќе стане сива и ќе испушта мирис на гнилеж.

Значи, оваа маса за урбани излети не пружа само надреално доживување и кратко бегство од урбаноста во рамки на вашиот дом, туку бара и соодветна одговорност која е карактеристична за руралниот начин на живот, но применета во урбаното опкружување.

Извор: haikocornelissen.com