Програма на вториот новогодишниот саем на книги

20.12.2011 15:13
Програма на новогодишниот саем на книги

Ја објавуваме програмата на Новогодишниот саем на книги што ќе се одржи во ГЕМ клубот во Стара чаршија (над кафеаната Менада) од 23 до 30 декември. Работното време е од 10 до 22 часот. Повелете...

22 декември (четврток), 20 часот

Промоција на книгата „Детство, лето, град“ од Влада Урошевиќ во издание на Темплум

Заеднички текст за книгата на: Марија Георгиевска, Катарина Блажевска, Стефан Марковски, Теона Митевска, Иван Шопов, Виолета Цветкова, Стефан Алиевиќ, Ива Димовска, Ема Конеска, Андреј Јованчевски, Верица Ситниковска, Андреа Коцев, Стефан Џајковски и Петар Костоски

23 декември (петок), 20 часот

Промоција на книгата „Обични и необични приказни“ од Ѓорѓи Крстевски во издание на Темплум

Промотори: Лидија Капушевска Дракулевска и Живко Грозданоски

Извадоци од книгата читаат: Ана Голејшка и Иван Шопов

24 декември (сабота), 19 часот

Промоција на книгата „Луѓе, птици и сеништа“ од Жанета Станоевска во издание на Темплум

Промоцијата ќе биде придружена со блуз и рок репертоар во изведба на Петар Станоевски и Игор Станоевски

25 декември (недела), 20 часот

Разговор на тема „Поновата македонска книжевна сцена“

Учествуваат: Румена Бужаровска, Ирена Јорданова, Жарко Кујунџиски, Иван Шопов и Живко Грозданоски

Модератор: Владимир Јанковски

26 декември (понеделник), 12 часот

Доделување на наградата за најдобар дебитантски ракопис „Новите!“ за 2011 година

20 часот

Филм и дебата

27 декември (вторник), 20 часот

Издавачка куќа Готен ги промовира изданијата на Бранко Прља и креактивниот колектив КАПКА

28 декември (среда), 20.30 часот

Поетско читање на неколку поети со можност секој од публиката да излезе на сцена и да прочита своја песна...

Ова програмава, морам да

Ова програмава, морам да искоментирам, е победна од лани.
Зошто не си го проширите бизнисот со книжевност, како што и посакувате, па вметнете бре ОГРАНИЧЕНИ луѓе и нови имиња! Истите фаци стално! Бедно! Од шест дена промоции, истите луѓе ви се на репертоар, божем тоа е Македонија цела? Раширете си ги очите малку подалеку од носот!

И како може да го ставите некојси Грозданоски на иста маса со реномиран професор, што зад себе има знаење и познавање во голема мерА?

А за дебатава, баш да видиме кој ќе коментира освен вашите луѓе?
Создавате книжевен клан на вештачки начин со овој тип на програма!

Добронамерен човек во најмала

Добронамерен човек во најмала рака би ја поддржал оваа програма и конкретниот настан. Искрено се надевам дека ќе бидеш присутен на дебатата, па ќе чуеме и твој предлог, како треба да се дејствува. Ако понудиш каква и да е соработка, нема никој да те одбие. Без разлика дали работиш во печатница, во кафуле, во пошта, кај и да е, може да се направи нешто. Така ќе се прошири и мрежата, како што предлагаш. Значи, ако пак коментираш, во име на тоа што го предлагаш, би те замолил да ми кажеш со што се бавиш.

Со тоа што некој не го знае

Со тоа што некој не го знае Живко Грозданоски, не е мерило за тоа дали треба или не треба да биде на иста маса со реномирана професорка. Но, сметам дека на промоцијата Живко не беше на ниво на нејзе. Не, ради тоа што не се на исто академско ниво, туку дали трема или едноставно не се спремил доволно, не знам. За разлика од разиграноста со зборови при промоцијата од професорката Лидија, некако Живко ја уби на некој начин промоцијата. Не сакам да навредам, немам ништо против Живко ( ми се допаѓаат отпечатоците ), но мислам дека другпат за друга промоција треба малце на поразличен начин да промовира.

Поздрав.

Мислам дека разновидноста на

Мислам дека разновидноста на луѓе на промоциите е многу мала.
Треба да не се повторуваат луѓе што промовираат, читаат и слично.
Банално е едно име да се појавува 3-4 пати во период од неколку дневен саем пред новата година.

ОкоБоли главаВицФото