Промоција на книга од Ѓорѓи Крстевски

20.12.2011 15:40
Промоција на книга од Ѓорѓи Крстевски

Во петок (23 декември) со почеток во 20 часот во клубот ГЕМ ќе се одржи промоција на книгата Обични и необични приказни од Ѓорѓи Крстевски.

Книгата ќе ја промовираат Лидија Капушевска Дракулевска и Живко Грозданоски, а извадоци ќе ќитаат Ана Голејшка и Иван Шопов.

„Обични и необични раскази“ е првата самостојна збирка раскази на македонскиот писател и преведувач Ѓорѓи Крстевски. Речиси целата книга е посветена на во последно време сè попопуларната форма – кус кус расказ. Во 66 куси куси раскази главна улога игра приказната, комбинирањето на нејзините елементи, создавањето напнатост меѓу ликовите, усложнувањето на заплетот и необичниот и често фантастичен расплет. Суптилно комбинирајќи ги раскажувачките придобивки на мајсторите на оваа форма, Крстевски создава текстови во кои одмерено се мешаат апсурдот и лиричноста, поетското и неискажливото во секојдневието. Во расказите секогаш постои еден вид напнатост меѓу реалноста и обидот да се надминат нејзините ограничувања. Нараторот како посветен набљудувач го перципира светот околу себе, за од него да ги извади малите, делумно невидливи нерегуларности и апартности и од нив да ги создаде своите прози. Книгата е мошне компактна и во неа пулсира специфичен, затворен свет со свои правила и законитости.

Ѓорѓи Крстевски е роден 1981 година, во Скопје. Завршил на Катедрата за руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Активно се занимава со преведување од руски, англиски, српски и хрватски јазик. Заедно со уште двајца автори во 2005 година ја објавил книгата со кратки прози „Не сакам да ви кажам ништо“. Ова е негова прва самостојна збирка раскази.

Извадок од книгата можете да прочитате на следниот линк.

ОкоБоли главаВицФото