1031 hPa
48 %
16 °C
Скопје - Чет, 07.11.2024 15:59
Дали сме опседнати, сите ние, а посебно аналитичарите на политиката и на општеството, од Никола Груевски?! Несомнено, Груевски е далеку најспомнуваната личност кај нас, и во медиумите и во разговорите меѓу граѓаните.
Дел од неговата присутност во нашето секојдневие се должи на неверојатно агресивната и неверојатно долгата „преродбеничка“ кампања која без прекин ги дроби умовите на Македонците шеста година. Друга причина за ненормално високото присуство на премиерот во нашите животи е што тој реално, фактички врз себе и својата партија ги презема речиси сите лостови на моќта во земјата. Ниедна работа не може да се заврши без аминување од првиот министер или на некој од Фамилијата. Третата причина зошто кај нас целокупниот политички живот (дури и целиот општествен живот!) е сведен на изјаснување про или контра Груевски е неговиот карактер или харизма: типичен спој од демагог, популист, технократ и ситен локален фраер – добитничка комбинација, се чини, за вакви речиси претполитички општества какво што е македонското.
(Мала дигресија, за да потсетиме на еден добар стар совет: Кога ќе видиш некој џин, најпрвин запрашај се дали е тоа сенка на некое џуџе. Еднаш веќе пишував дека харизмата на пастирот има врска со овдешниот култ на дерлето. Парафразирајќи една шега на Виктор Иванчиќ би рекол дека со измамничките пароли за желбата Македонија да стане дел од ЕУ Груевски наликува на дете коешто здодевните родители го тераат да ги мие забите пред спиење, а малиот палавко, затворен во бањата, ја пушта водата да капе за да ги замаскира трагите на непослушноста, па потоа го копа носот, ги корне бубулиците и лукаво се смешка покажувајќи среден прст во насоката на родителската наивност. Капењето вода во лавабото добро звучи, но забите гнијат. Дрскиот клинец си умислува воена вежба, а во устата му се случува – гнојна вежба. Вистината ќе излезе на видело дури кога ќе почнат да паѓаат забите на малиот деликвент.)
Надвор од корисните и на целиов мрак олеснувачките шеги, за да се разбере феноменот на пастирот, значи, потребно е да се разбере нашето општество и нашата историја. Што го создаде Груевски? Кои околности придонесоа да добиеме ваков деструктивен режим кој земјата барем десетина година ја одвојува од демократските текови? Без да навлегувам претерано длабоко и широко во прашањето (колумната и не е форма за таков тип аналитички продори), ќе нафрлам само неколку тези.
Транзицијата ја преврте Македонија како палачинка. Се изместија и онака кревките дотогашни вредности, а не се воспоставија нови, барем не на некое видливо, „официјално“ ниво. Ни се случи она за што уште пред двесте години пишуваше стариот Шарл Фурие, карактеризирајќи ја „цивилизацијата“ (буржоаското општество и неговите трговци) како „превртен свет“. Во него адвокатот мора да се надева на „добри процеси“, лекарот на „добра епидемија“, офицерот на „добри војни во кои би загинале барем половината од неговите конкуренти за напредување“, попот на „добри дела, значи на погреби по илјада франци секој“, а трговецот-монополист треба да сонува „добра глад која би многу ја зголемила цената на лебот!“ Заклучокот на Фурие бил дека во тој свет поставен на глава семејството значи прељубa, богатството значи банкрот, работата е присила, сопственоста го упропастува сопственикот, изобилството води кон невработеност, а машината кон глад.
Груевизмот токму е своевиден превртен свет, нешто како негатив, рендген снимка која го збунува лаикот: што е здраво, а што е болест, што е црното а што е белото? Еве историски пример. Од доцните дваесетти па натаму Сталин ги „пишувал нападите“ врз бирократијата, врз бирократскиот систем. Исто како што кај нас Груевски, Тодоров и другите министри и преродбенички активисти се борат против „неефикасните“, „транзиционите“, „западоидите“ итн. Иако „бирократизмот“ во времето на Сталин не бил ништо друго освен производ на функционирањето на сталинистичкиот режим, парадоксот (а, всушност, начинот со кој владеел Сталин) се состоел во тоа што „бирократизмот“ бил сосема погрешно именуван. Она што навистина му недостасувало на сталинистичкиот режим токму е ефикасната „бирократија“ (деполитизиран и компетентен административен апарат). Сосема истата матрица се применува во Македонија. Најкорумпираните божем се борат против корупцијата. Државата најмногу ја разјадува самата држава, ракот на груевизмот кој себе се поистоветува со државата. Целиот здравствен систем, на пример, партијата на пастирот го растури како дете ѕвечка, а притоа постојано трае еден министерски лудачки ентузијазам работите божем да се доведат во ред. Да не зборуваме за постојаното произведување непријатели и „клипови во тркалата на преродбата“, а сè во име на „обичните Македонци“, на „угнетените, сиромашните“ итн.
Славој Жижек вели дека оваа внатрешна напнатост помеѓу стабилноста на владеењето на новата номенклатура и изопачената „одмазда на угнетените“ во форма на повторени чистки на чиновниците на номенклатурата (со помош на лустрација, откривање диверзанти и слично) – е во самата срж на сталинистичкиот феномен. Токму чистките се формата благодарение на која преживува изневереното револуционерно наследство што го прогонува режимот...
„Овде мораме прецизно да ја одредиме улогата на Водачот: тој бил изземан од овие пресврти на колото на среќата, бидејќи не бил традиционален Господар, туку ’Господар на анархијата’, што значи самиот бил придвижувач на карневалската субверзија“, вели Жижек.
Толку за денес. Да ја повториме главната порака: Кога ќе видиш некој џин, најпрвин запрашај се дали е тоа сенка на некое џуџе.
Колажи: Свирачиња
Пак ли плачеш бе!!! Најди си
Испратено на 20 декември 2011 од MartinПак ли плачеш бе!!! Најди си некоја попаметна работа и троши ја енергијата на нешто друго - покорисно. Ако не ти се по твоја мерка државата и тие што ја водат, оди во Грција или Србија, таму сигурно подобро се живее.
е багро ни една идидотска ни
Испратено на 20 декември 2011 од хбе багро ни една идидотска ни ваздух не смее да хукне човек. стоко вмрофска.
Коља , стварно си опседнат со
Испратено на 21 декември 2011 од ОпсесијаКоља , стварно си опседнат со Груевски. Смени малку тема, има во тебе креативност човече !!!
Маестрално. Како и секогаш.
Испратено на 21 декември 2011 од ИгорМаестрално. Како и секогаш. Џуџестиот путинизам на Груевски е осуден на пропаст.
Ми се допадна првата прашална
Испратено на 21 декември 2011 од Д-р ФројдМи се допадна првата прашална реченица. Коља признавањето дека имаш проблем е прв чекор кон лечење на болеста!
Ах, Фројд, стариот пациент:)
Испратено на 21 декември 2011 од ПсихоаналитичарАх, Фројд, стариот пациент:) Кај си, бе, батка?
Имам една другарка, со ќерка од седум-осум години. Кога девојчето имаше две-три години, кога мајката ќе ја плеснеше, благо, за некоја белја, малата велеше: „Некој ме удира!“ Детето не сакаше да се соочи со фактот дека ја млати токму мајка и.
Така и ти, идиоте, „Фројд“. Дур тебе ти текне кој ја толчи земјава - оде воз у кукуруз.
Другар психоаналитичар за
Испратено на 22 декември 2011 од Д-р ФројдДругар психоаналитичар за разлика од субјетот Коља, ти сеуште не сакаш да си признаеш дека имаш проблем. Така наместо да речеш ЈАС во моето детство бев тепан од мојата мајка, наведуваш пример со некоја наводна "другарка". Што се однесува до нашата држава целосно сум свесен што се случува, не гледам ни розово а никако не црно со кафеавкасти нијанси (ова поради фецесот кој е хит на сајтот ОКНО, во скоро секоја втора колумна на Гелевски, Тричковски etc. се користат зборови како гомна, лајна, фекалии, веројатно како нивна замисла на врв на слобода на говор и естетика).