Постмодерната крава

17.07.2009 12:27
tyson-grumm-3.jpg___.jpg

На почетокот од владеењето, ВМРОвците се тупаа во гради дека идеолошки тие се десничари, со особен акцент на слободата на пазарот и индивидуализмот.

По извесно време и преземањето на многу неочекувани мерки (антиквизација, црквењаштво, наталитет итн.) етикетата си ја заменија со конзервативци, што е и логично, зашто конзервативизмот е единствен термин кој до некаде може да ги покрие и вклучи и националистичките и клерикалните и патријахалните и изолационистичките и сите ретроградни тенденции што оваа власт ги покажува, а во исто време да не звучи толку лошо.

ВМРОвскиот конзерватитизам, инспириран од американскиот неоконзервативизам, милитантно религиозен и уште помилитантно “семеен”, сепак има уште многу пат да изоди за ВМРО да може да биде прифатена како конзервативна партија. Тоа е така првенствено поради тоа што Партијата претендира на некое револуционерно однесување (промени, преродби, па дури и во самото име има “револуција”). Згора на тоа, напати јавно се признава дека оваа власт создава нова традиција (или ја враќа предмодерната традиција), но не и за зачувување на основните вредности на модерното македонското општество или она што е вистинската традиција на оваа земја – мултикултурализмот (кој често и се отфрла со гнасење) и слободарскиот дух (држава формирана благодарејќи на антифашистичкиот отпор). Во таа смисла, иако реториката Бог-семејство-нација е блиска до многу конзервативни партии во светот, ВМРОвскиот конзервативизам запира кај “потрагата” по корењата и иновирањето (или воскреснувањето) на древноста наспроти една каква-таква рамка за тоа кои се македонските автентични особености. Таквата мистичност и окултност (или тн. паскокузманизам – патување низ времето со помош на рачен часовник), ја прави ВМРО многу повеќе националистичка партија отколку конзервативна (дури и семејните вредности се ставени во служба на наталитетот на нацијата, т.е. на порастот на бројот на етничките Македонци).

Затоа, да скратам – залудни се приказните за некаков си конзерватитивизам на оваа власт; ако веќе ВМРО има некоја идеологија според кој треба да се класифицира, тоа би бил национализмот; но се сомневам дека ВМРО воопшто има некоја кохерентна идеологија зашто, како што реков минатата недела, нивниот менталитет повеќе потсеќа на крдо, отколку на стадо, иако за Груевски нагалено се вели дека е пастир.

Од друга страна, истото тоа ВМРО се залага Македонија да ја направи, на пример, “земја на информатичари”, со лаптопови за децата и безжичен интернет по селата; згора на тоа, фанатично се оддаде на привлекување странски инвестиции (при што доживува вистински дебакл). Кусо време активно работеше на некаква глобализациска агенда. Тоа самото по себе и не е толку проблематично, иако има многу нешта за зборување. Она што е важно е дека ВМРО всушност се обидува да жонглира со два главни концепта: предмодерниот (национализмот), кој се труди да го модернизира преку негово институционализирање; и во помала мера пост-индустрискиот (информатика и глобална економија). А тоа нè води до еден неочекувано клучен збор: постмодернизам.

Жижек (омилената референца на Окново) во една прилика ќе рече дека правиот постмодернизам не се случува на Западот, туку на Исток, во постколонијалните земји, во Индија, каде на пример во некое полурурално местенце, програмер враќајќи се од работа внимава да не и' попречи на некоја света крава на патот, за да не биде линчуван од толпа Хиндуси. Постмодерното во овој пример е “соживотот” на традицијата со технолошкиот напредок, спојот на примитивното со футуристичкото: учен програмер со лаптоп под мишка внимава на добродетелта на една најобична крава (за своја безбедност); тој не ја страхопочитува кравата од верски побуди или од што е необразован; туку едноставно има развиено сензибилитет за можните “изблици на традиционални вредности” (домашен пример за таков изблик на конзервативни вредности е, на пример, тепањето на плоштад). Програмерот е еден, а Хиндусите се многу; можеби оттаму е тој сенизбилитет? Аналогно на ова, дали можеме да зборуваме за ВМРОвски постмодернизам или бар за еден постмодерен сензибилитет кон ВМРОвските политики? Тие се многу а ние сме “еден” и подобро да и’ се тргнеме од патот на светата крава...

Можеби звучи контрадикторно кога се споменува постмодерниот сензибилитет во контекст на ВМРОвизмот и неговото прифаќање. Но, ова не е обид да се амнестира во голема мера ирационалноста и улавоста на кои сме сведоци. Можеби и самиот Бодријар би бил фасциниран од гигантскиот кип на Александар на плоштадот, но тоа не го прави владеењето на ВМРО помалку ирационално и помалку штетно и на внатрешен и на надворешен план.

Сепак, овој текст е многу повеќе реакција на немањето никава реакција против неразумноста на ВМРОвизмот. Како што реков во еден од минатите текстови, за прифаќањето на ирационалниот дискурс виновна е и опозицијата која не понуди критички издржана алтернатива; на теоријата за “антички” тие одговорија со теоријата за “словенски” Македонци; останаа неми на хомофобијата и полунеми во однос на загрозувањето на правото на избор (со чест на исклучокот, ЛДП). Од останатите учесници во јавната дебата, освен шака автори бележани како “соросоиди” ретко кој и да се обиде да направи некаква вивисекција на општествените текови.

Во една таква ситуација помеѓу апатична и анемична критика од една страна, и тотална индиферентност од друга, зошто па на тоа лудило да не се гледа како на еден постмодернистички експеримент? Експеримент во кој се испомешани и предмодернизам (култ кон минатото и Бога), модернизам (строга државност, градење монументални зданија), со значителни пост-индустриски тенденции (глобализација). Експеримент на една Влада која од подрумот ги извади античките скулптури и воведе безжичен интернет по селата. Влада која се залага за земја на информатичари и земја на споменици во која поради економската криза компјутерските инженери хонорарно копаат на археолошки локалитети во истражувања великодушно финансирани од владата. Експеримент на едно лудачко, непресметливо, Џон-Малкович владеење, со некој чуден емотивен набој и во исто време со голема доза на стерилност, кое прави спој на цркви и облакодери и Хунзи и двокатни автобуси, сончеви градови и восочни музеи, праисториски скелети и огласи за странски инвеститори. Преку ден лицето на тоа владеење е строгиот квази-конзервативен, владејачки одмерен робот Бичиклиски и нему сличните, а навечер го гледаме размавтаниот живописен Паско Кузман како ја деконструира светската историска наука (и двајцата ја трансцендираат реалноста и осаменоста и ни помагаат во интеракцијата со Другоста – Бичиклиски со опозицијата, Паско со предците). Од една страна е јукстапозицирана крутоста на Јанкуловска, а од друга разјареноста на Амди Бајрам (и овие се во интеракција со Другиот, Јанкуловска со пијани тинејџери, Бајрам со новинари)...

Вака опишана ситуацијата можеби звучи иронично и веројатно е тешко да се прифати ако се размислува во рамките на некој политички рационализам кој веројатно и јас самиот не сакајќи го застапувам. “Соросоидите” (во кој самиот би се вброил), иако обвинети за левичарство и некој идеолошки романтизам, всушност цело време се залагаат за некакво разумно решение на реалните проблеми, не прифаќајќи го ВМРОвскиот занес. А можеби во целата приказна ВМРО и компанија е она што е постмодерното, баш во смисла на трансцендирање на модерноста. Нивната ирационалност која толку жестоко и јас ја критикував можеби е нивниот јазик и метод, кој ги надминува ограничувањата на “нашиот” јазик во поглед на флексибилноста и ефикасноста. Вие на некој од првоборците на Античка Македонија може со часови да му објаснувате за етногенези и социјални конструкции; а нему му е доволен еден пример од лингвистиката (од примерите на Пакистан и сл.) за да го побие вашето тврдење. Иако поради сплетот на околностите, во овој момент неговиот аргумент е појак и поиздржлив.

Впрочем, таа постидеолошка постмодерна фурија на ВМРОвците, десничарска, конзервативна, националистичка, е толку силна, а отпорот толку слаб, што единствена шанса за нејзин пораз е да се порази самата себе си. Дотогаш, можеби најдобро е да прифатиме дека живееме во едно постмодерно општество кајшто совршено си функционираат сите тие нелогичности и да ја прифатиме улогата на Индиецот кој знае дека Хиндусите ќе го уништат само ако ја вознемири кравата покрај патот.

Вуна... што да речам освен

Вуна... што да речам освен алал да ти е, за неколку работи: неверојатно перципитивно око, умешност да поврзеш работи аналитичка суптилност и интелект. ПОвеќето од македонските интелектуалци едноставно: вода да ти носат. За твојата генерација „транзициони“ изгубеници да не зборувам.
 
 

со еден збор

Заеднички именител на сите овие манифестации кои ги споменуваш е „кич“. :-)

Донекаде

Донекаде си во право. Се разбира дека за повеќето од работиве си во право, но да го напаѓаш Паско Кузман затоа што ја поддржува единствената влада која( по свои причини) решила да ја поддржи археологијата во Македонија. Што би требале да очекуваме од таков случај освен поддршка? И уште една работа, што знаеш ти за етногенези и големи преселби, освен тоа што си го видел во основно? Знам дека претходнава реченица беше навредлива, но сепак... прашај ме една работа за етногенезата на македонскиот народ која наводно лошо ја одговорил Паско К.. А, во секој случај, не постои ниту еден народ, во Европа, чие постоење датира стриктно од одреден век, како што предаваат во нашите школски учебници(чиј кредибилитет не би требало никој да го оспорува,нели?). Македонската антиквизација е ,во основа, алатка за замајување на поприлично глупо гласачко тело кое може да поверува на се (вклучувајки ги и теориите за македоноиди на МТВ). Но, дали можеме да ги обвиниме историчарите и особено археолозите кои толку бесрамно профитираат од ситуација која им наложува да бидат воглавно...вработени?
 

Постмодерната крава

Normal
0

false
false
false

MicrosoftInternetExplorer4

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:"Table Normal";
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-parent:"";
mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt;
mso-para-margin:0in;
mso-para-margin-bottom:.0001pt;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:10.0pt;
font-family:"Times New Roman";
mso-ansi-language:#0400;
mso-fareast-language:#0400;
mso-bidi-language:#0400;}

„Соросоидите не знам кој ги обвинил за левичарство, можеби ВМРО. Камо среќа да беа левичари. Јас лично ги обвинувам за себична амофорност (што вклучува и недостиг на определба – идејна или принципиелна; ни трага од „идеализам“, уште помалку „романтичарски“). Според анализата на власта што овде се нуди, нејзиното владеење повеќе би го класифицирал во планечки дадаизам, а не постмодернизам.
Трајче

Fascinantno. Gi zalam

Fascinantno. Gi zalam gorespomnatite sto ne kje mozat da se prepoznaat, poradi 
stilot na izrazuvanje, mozebi nesto i kje im doprese do maliot mozok

Dobra analizaVuna, Za

Dobra analizaVuna,
Za glupostite na ovaa vlada si vo pravo, samo uste da doznaes zosto kravata NAVISTINA e sveta, a programerot ne e nisto sveto. Naprotiv, toj e robotiziran oblik na covek, komu povekje mu treba pomos otkolku na bilo koja krava. No, taka ti gleda umot vo ovoj moment, i toa e vo red. Se vo svoe vreme. Ti posakuvam tvoite bistri kontemplacii da te donesat do vistinskite prasanja i odgovori za svetosta. Se najubavo.

Слични содржини

Вуна

ОкоБоли главаВицФото