Луд музеј на луди архитекти

22.12.2011 13:02
Луд музеј на луди архитекти

Сигурни сме дека само мал број луѓе веднаш ќе знаат да одредат во која земја се наоѓа градот Ордос. За оние што не знаат – тој се наоѓа во пустината Гоби во кинеската област Внатрешна Монголија. А сега овој град се најде на мапата поради својот нов музеј со крајно невообичаен дизајн.

За изгледот на овој музеј се заслужни архитектите од кинеското студио MAD. Надреалниот облик на новоизградениот музеј наликува на неправилен, делумно издишан балон, и доминира во партерот над кој е сместен, создавајќи ново култно место во градот. Фасадата на оваа градба е обложена со метални плочки кои се отпорни на временските прилики и неприлики; имено, за овој град се карактеристични честите и ненадејни песочни олуи.

Надворешниот колорит и структура на музејот се одговор на песочните дини, пејзажот и колоритот на самиот град и околината, додека внатрешноста пружа сосем поинакви простори и атмосфера, констрастирајќи со својата белина на „извалканата надворешност“ на музејот.

Целата зграда, во градот кој пред шест години не изгледаше воопшто како што изгледа денес, гордо го нагласува успехот на замислата која многумина скептично ја осудуваа на пропаст, истовремено елаборирајќи ја моќта и можностите на денешна Кина.

Извор: dezeen.com

ОкоБоли главаВицФото