И Црвенковски му се извини на Груевски

22.12.2011 13:15
Црвенковски му се извини на Груевски

Екслузивно! Пара вести дојдоа до писмото во кое лидерот на опозицијата и поранешен премиер и претседател, Бранко Црвенковски, упатува јавно извинување до актуелниот премиер Никола Груевски.

Во извинувањето кое е потпишано своерачно тој наведува:

„Се извинувам за изречените клевети од моја страна, искажани во текот на овие години, за лошо спроведената транзиција, за сомнителната приватизација, за моето неоправдано враќање во политиката, за желбата да направиме силна опозиција“, стои во писменото јавно извинување.

„Најискрено се извинувам и што го поставив Бучковски за премиер, со што беше нанесена голема штета и болка на македонскиот народ. Исто така, би сакал да се извинам и за сите проблеми што ги предизвикав во Македонија за време на вашето владеење последниве 6 години“, додава Црвенковски.

Црвенковски ги елаборира и причините за овие свои грешки, наведувајќи дека сите проблеми што им ги нанел на Македонија, власта, колегите, и така натаму, ги направил врз основа на погрешни информации и податоци кои во овие 20 и кусур години му биле подметнувани од определен круг лица од Грција, САД, ЕУ, Кина и Тајван.

„Искрено жалам за непријатностите што сум ги предизвикал во вашето владеење, почитуван приемиере Никола Груевски“, завршува Црвенковски во писмото.

Заборавивте денеска да земете

Заборавивте денеска да земете лек?

Земавме, дупла доза „Факитол“

Земавме, дупла доза „Факитол“ и по еден „Вмроцин“ у газ.

GLUPOSTI NA KVADRAT... awe ne

GLUPOSTI NA KVADRAT...
awe ne gi lazete lugeto veke bre... Ova e 4ista 6pekulacija...

Глупав/а. Само тоа можам да

Глупав/а. Само тоа можам да ти го кажам. Не читаш дека се „ПАРА ВЕСТИ“?

hhhh

hhhh