1024 hPa
82 %
12 °C
Скопје - Чет, 05.03.2026 12:59
ТЕМА: Фестивалот EXIT
"If Tolerate This Your Children Will Be Next" е хит сингл на велшката група Manic Street Preachers од 1998, која настапи на втората фестивалска вечер на овогодинешниот Exit, на 10 јули. Насловот на оваа политички ангажирана песна е превземен од плакат од Шпанската граѓанска војна, кој прикажува дете настрадано од фашистичките бомби, со паролата „Ако го толерирате ова, вашите деца ќе бидат следни!“. Нејзиниот текст е инспириран од делото „Во чест на Каталонија“ на Орвел, инаку непосреден учесник во таа војна, како и од песната "Spanish Bombs" на култните The Clash, која третира слична тематика.