Првата моќ ја добив од дедо ми

26.12.2011 12:15
Авторот на интевјуто Огненовиќ со Сејди

Дјоутала Сејди е роден во Сенегал, во семејство кое ја пренесува шаманската традиција од колено на колено. Во шаманските моќи уште како дете го иницирал дедо му, по што се посветил на музиката и на танцот. Како член на африканската танц група Воулаба дошол во Австрија, каде што живее веќе осум години. Во разговорот со него од прва рака сакавме да добиеме информации за едно сосема поинакво доживување на светот од нашето засновано врз рационалниот ум: тој ни објаснува како освен физичкиот свет постојат и други, нематеријални, кои шаманите редовно ги посетуваат.

- На кој начин шаманот патува низ световите?

Тешко е да се објасни тоа. Некои нешта се неверојатни, но сепак постојат. Човекот може да лета со авион, додека во шаманскиот свет постојат различни споеви со духовите. Кога се спојуваме со духовите, можеме да летаме побрзо отколку со кој било авион. За доаѓањето на саканото место треба помалку од една минута. Сè е многу слично на магнетите. Кога имате два магнети и ќе ги доближите, тие веднаш се спојуваат.

- Дали ние сме едната страна на магнетот, а светот во кој сакаме да отпатуваме другата страна?

Така е.

- Има ли разлика меѓу шаманите во Африка и во Европа?

Во суштина, нема разлика меѓу визиите што се доживуваат, но начините за доаѓање до тие визии се различни. Патиштата се различни, но конечните цели се исти.

- Како дојдовте во Европа?

Во визиите што ги доживував додека сè уште престојував во Африка, себеси се гледав како птица која треба да лета насекаде. И самиот бев изненаден од своето доаѓање во Австрија. Поврзувањето на Африка со остатокот на светот е моја мисија. Кога пред осум години почнав да живеам во Австрија, сигурно не ми паѓаше на ум дека сега ќе бидам тука каде што сум. Не знам каде ќе бидам во следната година. Можеби ќе отидам во Америка или во Кина.

- Шаманите имаат одредени моќи. Како тие се развиваа кај вас?

Во рамки на мојата шаманска традиција има обичај во одредени години од животот да се добиваат нови моќи. Првата помош ја добив од својот дедо. Тој ме научи како да фатам кокошка без да мора да трчам по неа. Кога ќе го направев она што дедо ми ми го покажа, кокошките веднаш заспиваа. Мојата мајка беше против тоа толку млад да ги добијам тие моќи, уште повеќе затоа што сите кокошки во селото беа успиени. Бидејќи веќе не можеше да ги трпи приговорите на мајка ми, дедо ми на некое време ми ја одзеде таа моќ.

- Дали за шаманите важат одредени морални кодови на однесување?

Некои работи се стриктно забранети. Постојат два патишта. Едниот е бел, другиот црн. Црната магија е многу моќна, но таа е лоша и забранета за шаманите. Јас потекнувам од муслиманската традиција, но постои и анимистичката традиција. Секоја од нив има свои правила на однесување. Постојат шамани кои им помагаат на луѓето при осветувањето и повикувањето на злите нешта.

- Тоа значи дека моќта можат да ја имаат и негативни луѓе.

Да, и негативните луѓе можат да поседуваат моќ.

- Колку вие како шаман имате потреба од други луѓе?

Другите луѓе се потребни, но не во смисла на зависност. Секој шаман е и човек, тој потекнува од мајка и од татко. Доколку некој шаман заради своите моќи прави ѕид меѓу себе и останатите луѓе, тоа во никој случај не е добро. Шаманот е дел од општеството и не треба да се издвојува. Во спротивно, постои опасност себеси да се доживее како надмоќен и да се поистовети со бог.

- Дали вие ја пренесувате моќта на оние кои со вас ќе воспостават контакт?

Не, јас не сум тука за да ги учам другите луѓе да станат шамани. Мојата улога е да им помагам во решавањето на нивните проблеми.

- Тешко е да не се забележи дека ширум светот има сè повеќе луѓе кои себеси се нарекуваат шамани. Дали наидувавте на лажни шамани, на оние кои незаслужено се китат со тоа име?

Имам сретнато многу такви луѓе, но наспроти тоа, тие ми се интересни. Ха, ха, ха...

Извор: novossti.com

ОкоБоли главаВицФото