1019 hPa
77 %

14 °C
Скопје - Вто, 25.03.2025 04:59
Образложение
Најдобро оценет прозен ракопис на шестото доделување на наградата „Новите!“ е „Педерски катахрезис“, збирка раскази од авторот потпишан како Хигсов Бозон. Во продолжение, накусо, во име на жирито составено од тројца членови Никола Гелевски (претседател на жирито), Владимир Јанковски и Ѓорѓи Крстевски, следува образложението, т.е. одговорот на прашањето зошто сметавме дека дебитантскиот ракопис на Хигсов Бозон е најдобар во 2011 година.
„Педерски катахрезис“ е мрачна политичка парабола (или повеќе сатирска отколку сатирична општествено-политичка фантазмогорија), згуснато ткиво од шеесетина сосема нетипични раскази чиишто аморфни кожурчиња често се пробиени од снажните лирски и драмски тонови. Оттаму е тешко ракописот на Хигсов Бозон јасно да го категоризираме во вообичаените книжевни ниши и фиоки.
За оваа пригода издвоиме три главни вредности во книгата на Бозон: книжевната сила (експресивноста); ангажираноста (во комбинација со радикалност и провокативност); новите поетички постапки (особено во рамките на нашиот книжевен контекст).
Највидлив слој во структурата на „Педерски катахрезис“ е експресивноста, јарките и драматични раскажувачки потези, постојано на работ на инцидент, на радикално кршење на општествените и книжевните правила. Раскажувачката постапка и стилските фигури што ја проследуваат се снажни, незауздани, наизглед без контрола расфрлани, но често во форма на река понорница - ретко излегуваат на површина и главно течат низ мрачни подземни текови. На многу места ракописот на Бозон до тој степен се згуснува што прозата почнува да наликува на поема, на некое чудно рецитирање налик на шаманска инкантација која со фантазија ги надминува границите на овоземноста и болката предизвикана од неподносливата стварност. Тие два аспекта исто така треба да се истакнат кај Бозон: нагласена фантазмагоричност во комбинација со снажно изразена бол, како првото да служи да го скроти или да го пренасочи второто. Притоа хиперартикулираноста на авторот често граничи со неартикулираност, како бесот, крикот и страста да ги разбиваат граматиката и синтаксата... Јазикот на Бозон, значи, е самораспаѓачки и себенапаѓачки; тој е фуриозен и деконструктивен не само кон надвор, туку и кон внатре.
(Кога велиме „снажна фантазија“ мислиме и на неконвенционалната употреба на стилските фигури, на честото отсуство на појасна драматургија и на психолошки појасно профилирани ликови и релации /што може да се смета и за слабост на ракописот, зависи од ракурсот/. Инаку, Вилијам Бароуз во современата книжевност на голема врата го внесе ваквиот тип на испосечена, испокршена наративна структура, на реченици и приказни кои бегаат од „фокалните точки“ како некакви музички фуги. Филозофски татко на ваквиот тип „детериторијализирана книжевност“ /„тело без органи“/ веројатно е Жил Делез, а на таа поетичка линија пишувале и други големи писатели-превратници, Арто, Жене, Гинзберг, Лири итн.)
Вториот повидлив слој во прозата на Бозон, според нас, е ангажираноста, т.е. цврстата ситуираност во невеселото политичко секојдневие на нашата земја. Бозон на еден фантазматски и драмски начин ги става во литература гласините и приказните што инаку, надвор од очите на големата и официјална јавност, се тркалаат по кафеаните, по улиците и за по дома. Бозон е храбар во својот радикален израз, но тој радикализам сепак е облагороден со имагинација и со книжевна вештина, така што тој во својата проза успева да ги трансцендира границите на голото политичко, но и ги прави појарки, зашеметувачки флуоресцентни, како да ги сенчи тие линии-ровови меѓу лудото општество, лудата политика и лудата уметност. Во таа смисла „Педерски катахрезис“ навистина е релативна новост во македонската литература, иако некои луѓе од рабните подрачја на нашата книжевност (сликарот Ацо Станковски или музичарот Кирчо Арсовски, на пример) пишувале проза на сличен начин како и Бозон: експресивно, ангажирано, со многу маски, но и сатирично. (Кај Бозон сатирата не е толку присутна, неговиот удар е подиректен, посуров, наизглед со помала самоконтрола.)
Третиот слој, значи, што во оваа пригода сакаме да го истакнеме како доблест на ракописот „Педерски катахрезис“ е новумот, т.е. новите тематски и стилски постапки што ги внесува Хигсов Бозон. Ние, како жири, сметаме дека таквото „ширење на подрачјето за борба“ и’ е потребно на македонската книжевност, па и на јавниот збор, воопшто. Сметаме, исто така, дека повеќето наши писатели се прилични зачмаени, често исплашени, ескапистички, во функција на слуги на политиката, без интегритет, неавтономни, анахрони, и затоа во голема мера и игнорирани од читателите. „Педерски катахрезис“ го шири, повторуваме, потенцијалното подрачје за борба, за артикулација на судрените општествени енергии и можеби со тоа ќе поттикне и други македонски писатели да тргнат кон некои поинакви книжевни подрачја. Зашто, да потсетиме, една од најважните функции на литературата е да ја буцка малограѓанската зачмаеност, да истражува, да отвора нови подрачја, да биде провокативна и преиспитувачка.
Скопје, 26.12.11.
Расказот „Мартин Нешковски“, преземен од книгата „Педерски катахрезис“, можете да го читате на следниов линк.
Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.
Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.
Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески и Иван Шопов.
Имате изгубено сенс за тоа
Испратено на 26 декември 2011 од Сашо ДимоскиИмате изгубено сенс за тоа што е литература.
Во секој случај, честитки за победникот, што и да значи тоа.
Тоа значи дека Коља сам на
Испратено на 26 декември 2011 од DelicaТоа значи дека Коља сам на себе си ги дал парите, што автоматски го поништува конкурсот, ама post festum. Штета, имаше надеж да биде навистина единствен авангарден конкурс во земјата, а заврши во другата крајност: за жал како најкорумпиран. Очигледно време е за нови алтернативи на македонската сцена и да не се изненадите дека ќе ги има.
Бев учесник на конкурсот и
Испратено на 26 декември 2011 од Сашо ДимоскиБев учесник на конкурсот и сум убеден дека „жирито“ не знаело што (треба да)чита во мојот текст. На крајот, како жири се ставаат луѓе чие име има тежина во литературниот свет.
Честитки за добитникот.
Испратено на 26 декември 2011 од ГоческаЧеститки за добитникот. Жалење за жирито,жалење и до читателите.
Да не ми се налепи она „кој
Испратено на 26 декември 2011 од Н.Д.Да не ми се налепи она „кој губи има право да се лути“ еве честитки за победникот и од мене, книгава сигурно нема да ја прочитам, ако сакам политика ќе гледам вести и слично.
Мартин Нешковски??? Дрскост во најмала рака. Оставете го дечкото да почива во мир.
Туку да Ве потсетам, должите уште 3 рецензии, за останатите ракописи кои влегоа во најтесниот круг.
И кој е Хигсов Бозон?
Кратка биографија на писателот?
Расказот „Мартин Нешковски“ е
Испратено на 26 декември 2011 од СпортсменРасказот „Мартин Нешковски“ е одличен. Ако таква е целата книга, тогаш станува збор за динамит! Браво за авторот и браво за храброто жири.
коментаторскиве лузери само покажуваат кај живееме, регионална лига од област Свирипичино, кајшто не се знае нит за џентлменство, нот за пораз, нит за честитка. Село мое...
Наградата е доделена на
Испратено на 26 декември 2011 од КољаНаградата е доделена на најрегуларен начин, со проверка на идентитетот на добитникот (за да се избегнат можните измами, дека добитникот не е дебитант итн.).
Тој избра да настапи под псевдоним. Како што ми кажа, една од причините зошто избира да го сокрие идентитетот е стравот од можните репресалии на власта контра него и неговите блиски. Мое мислење е дека тој страв е претеран, но ја почитувам одлуката на авторот, да остане под псевдоним.
Никола Гелевски, член на жирито
Човеку, на сите им е јасно
Испратено на 26 декември 2011 од БизонЧовеку, на сите им е јасно дека ТИ стоиш зад псевдонимчето. Туку кажи ни како ќе ги трошиш парите што ќе си ги земеш од Комерцијална банка? Ќе го носиш ли Милчин на пијачка?
Не бе, ни зафалија пари
Испратено на 26 декември 2011 од Репликата на КољаНе бе, ни зафалија пари (Грчка у криза, а они инаку не’ плаќаа), па морам вака да се снаоѓам во тие пар предавнички организации што ги водам, што андеркавер што да им заварам траги на Гоца&Бате Саше. А може и на Милчин да му дам некој денар, не ти е лоша идејата, бидејќи, слушам, и Американциве биле у рецесија, та морам ги помагам сите предавнички браќа ширум светот, комлет сас Сороса. Среќа што постојат вакви конкурси, иначе не знам како ќе соберев пари да се кварцнам и да се издлепилирам, згора на се’...
So mu e beeeee? treba da se
Испратено на 13 јануари 2012 од PraskaSo mu e beeeee?
treba da se srami, ne da se plashi!
Ужасно лоша проза. Книжевни
Испратено на 26 декември 2011 од Г.г.г. КритичарУжасно лоша проза. Книжевни бљувотини од кои на читателот му се превртуваат цревата (не поради тоа што го опишуваат туку поради нивото на т.н. квалитет). Текстови кои потсетуваат на бљувотините на Пандалф Куровски, кога би бил малку поретардиран одошто вообичаено си е. Никаква уметничка вредност, само некое мизерно и моментално квазиполитичко „значење“ кое уште утре ќе биде заборавено како неуспешен експеримент. Никаква нарација, само куп нафрлани зборови кои кај пореметениот, т.е. 24/7 опседнатиот треба да го дадат портретот на Груевски. Срам да му е на секој оној што се согласил ова да помине како проза. Ова е срање! Во вистиска смисла на зборот.
За што збориш, бе, батка?! Си
Испратено на 26 декември 2011 од Репликата на КољаЗа што збориш, бе, батка?! Си ја прочитал книгата? Или судиш по овде објавениот расказ „Мартин Нешковски“? Каков портрет на Груевски гледаш во расказот?
А, инаку, историјата на глупоста е преполна со вакви „критичарски формулации“: „Книжевни бљувотини од кои на читателот му се превртуваат цревата“. Речиси нема добар, превратнички, бунтовнички писател (од де Сад, преку Селин и Џојс до Бекет, Бароуз, Буковски итн.) кој не ги попил ваквиве дебилероси од критичари налик на „критичар“.
Батка, ти си за у месара, да пљукаш у крвавата крпа и подмукло да ги глеаш муштериите, под око, давајќи им сигнал дека некој мора да е крив зашто си така сјебан, глуп и без осет за литература.
hahaha...SEKOJA CEST za
Испратено на 27 декември 2011 од barbihahaha...SEKOJA CEST za odgovorov. Ke napisev nesto slicno. Na krajot no mislam deka ova e dovolno da ne skrolam do dolu. Inaku cestitki do dobitnikot na nagradata. Raskazot "Martin Neskovski" ne e los, no sepak e dovolno e ostar i ispresecen, da me pottikne da ja procitam i knigata.
Patem ova e so komentarive e vaka sekoja godina, ne se vozbuduvajte tolku. Koj gubi ima pravo da sere.
Сигурно е вака секоја година?
Испратено на 27 декември 2011 од ПоштарСигурно е вака секоја година? Ај ѕирни ги статиите за победниците И. Шопов и Н. Јолде. Едната има 6, а другата 5 коментари. Оваа година на публиката и учесниците отворено им беше кажано дека фарсата е единствен начин на изразување, а уметноста е или ангажирана, или - парадоксално - забранета.
A ti da se informiras za
Испратено на 27 декември 2011 од barbiA ti da se informiras za komentarite prethodno okolu knigata na Bukarski i na Makrina, nema da bide loso. Prvata dobi gore-dolu isti vakvi komentari, vtorata sprotivno "ne bila provokativna" (iako jas mislam deka knigata e izvonredna i najdobra dosega od ovie koi pobedile na konkursot).
Edinstveno koe stvarno vredi
Испратено на 12 јануари 2012 од МакедонеЦEdinstveno koe stvarno vredi i ima duh e deloto na Galijana Markova-Poligoni a ova posle pa do ova sega nemojte lugje da sporeduvate so Burroughs ili bilo shto drugo, mislam stvarno ne e rabotata demek mi se otvori chmarnata mashina bubashvaba za kucanje i sega kje se voobrazuvam deka znam da pcujam i da prdam metafori i da pravam magii. Da ne bidam pogreshno svaten, sakam da kazam deka Burroughs go ima toa vo sebe i vistinskite chitachi ja prepoznavaat ubavinata vo toa. TIE znaat deka praviot pisatel ne pochnuva isprovociran od prvobitni mediumi i nastani. Ne sum ni pisatel ni kritichar, jas sum chitach i zatoa mozam slobodno da kazam, da potvrdam i da se slozam so onie komentatori koi rekoa deka raskazov M.N. ne vredi (radi site tie prichini). Zatoa neka ne ve zamaraat i neka ne ve provociraat so nemanje pojma, eve vekje znaeme deka konkursov propadna i do godina zdravje mozda pak kje se desi.
I aj zaebi so kritiki i recenzii i soveti od tipot deka pisatel treba da vezba pishuvanje po 1000 strani na den zosho ete jas sum CHITACH i gajle mi e shto ti se svigja.
Se soglasuvam so G.g.g.
Испратено на 26 декември 2011 од Taka eSe soglasuvam so G.g.g. Kriticar. Sto posto sum siguren deka edinstvenata prichina poradi koja ovaa kniga pominala kaj zhiri-komisijata e faktot shto go pljuka Gruevski i VMRO. Voopshto ne se gledalo na nejzinata vrednost kako umetnichko delo, bitno da se pljuka po Grujo. Kako i nekolku drugi knigi shto gi objavija Templum, chija vrednost (umetnichka) e ednakva na nula.
А, добредојде и за чиракот на
Испратено на 26 декември 2011 од Репликата на КољаА, добредојде и за чиракот на месарот:) Мали, те пуштија малку од кланица, да глеаш како буржуите пазарат за нова година, па да ги мрзиш малку и ти?
Абе, деца, можда боље да идете до Матица да си купите нешто весело и забавно за нова година (свирчиња со роловано македонско знаме), па бог да ве види! Што се плеткате со некакви предавнички Темплум куќи што објавуваат бофл литература опседната сас драгиот ни пастир и неговите благоугоденија и благоуспокоенија народу?!
ЧИТАЈТЕ ЈА
Испратено на 26 декември 2011 од Кретен-аматерЧИТАЈТЕ ЈА Р-Е-Ц-Е-Н-З-И-Ј-А-Т-А, ОБЈАВЕНА ПОГОРЕ!
ЧИТАЈТЕ ГО РАСКАЗОТ „МАРТИН НЕШКОВСКИ“, ОБЈАВЕН ИСТО ОВДЕ НА „ОКНО“!
ПРОЧИТАЈТЕ ЈА КНИГАТА НА ХИГСОВ БОЗОН, ДЕНЕС ИЗЛЕЗЕНА! (ја има на Саем, во ГЕМ клубот)
ПОСЛЕ ПРОМУЧКАЈТЕ МАЛКУ СО ГЛАВАТА, ДЕБИЛЕРОСИ; И ДОЈТЕ НА ПОЛЕМИКА!
Хигсов, педеру (со оглед на
Испратено на 26 декември 2011 од Педер у шифоњерХигсов, педеру (со оглед на опседнатоста со курови изглеа дека си дел од геј миљето?!), што не се јавиш, бе, да ти чуеме мушки глас?! Глеаш дека децата на пастирот, нежните овчички, го теретат господинот Вулкански дека скембал 1000 евриќа наменети за намачена млада писателска душа? Ај, педеру, пушти глас...
А за Темплум и Окно секоја чест! Ако згора на се’ братов Хигсов е педер, тогаш наградава има и дополнителна вредност: афирмација на уште едно сјебано малцинство. Ама ако братот и не е педер, звучи педерски - а тоа е доволно:)
Искрено фан:)
Животов ни е толку длабоко
Испратено на 26 декември 2011 од М. К.Животов ни е толку длабоко заглибен во политичка тиња што не сум сигурен дали би имал волја да го прочитам ова. Сакам политичка сатира, но според извадоков, ова е премногу "in your face" - за некого може ова е позитивно, за мене не е. Да можел некако да ги вметне своите политички идеи како потслој на некоја друга приказна, да може читателот повеќе интуитивно да ги наслути отколку да му скокнат во фаца и да му се издерат, дефинитивно би било поефективно.
Минатите двајца добитници беа вистинско освежување, оваа година малку потклекнавте со (веројатно) добра намера, но не најсјаен суд. Се надевам на подобро наредната година.
М.К, сосема се согласувам со
Испратено на 27 декември 2011 од ЈованаМ.К, сосема се согласувам со тебе. И јас ја почитувам субверзивната литература, но кога во неа има нешто квалитетно и временски недопирливо. Ова е минлива, неквалитетна проза што не е добро обработена. Жал ми е што НОВИТЕ не излезе со подобар претставник.
Еве уште еден глуп мутав
Испратено на 27 декември 2011 од СмешкоЕве уште еден глуп мутав мајмун што нема појма, ни крајните линерани еднонасочни елементарности не се присутни, прати тука: Јована "почитува субверзивна литература". Кажи два и нивните книги, кога и зошто ги пишувале, раскажи ни ги? Онака, твитерашки?
Мајмуни човече, планета на мајмуните стана Македонија.
Греота луѓе, остајте ги на
Испратено на 26 декември 2011 од пффффГреота луѓе, остајте ги на раат. Па и во нивното племе треба да капне некој денар кога веќе не можат да конкурираат по владини конкурси кај племето на Груевски. М.М.Е. кој прв почна така да игра!
Можеби педерскион не е Коља но го разбира во потполност неговото гадење од Пастирот и стомачните грчеви кои му ги задава истиот. Врз основа на ова сметам дека изборот е направен со пристрасност. Срварно ми е жал што земјата ни е таква курва, ја дупи кој ќе стигне за трошни ветувања за работни места. Шо не се имав родено у Данска, у курац да фати. За мене победник е Петар, жал ми е што оние другите изпозафаќаа туѓи места кои вредат.
Не можам да ги сфатам
Испратено на 26 декември 2011 од АнонимнатаНе можам да ги сфатам негативните коментари, навистина! Јасна ми е политичката затруеност на народов и ја почитувам политичката огорченост од овие или оние. Зошто не зборуваме за книжевната вредност на текстот?!
Сме заборавиле што значи тоа да се биде писател! Не зборувам за Куељовци, Брауновци и дрндрндовци, туку за оние вистинските кои оставаат трага зад себе, за оние кои дигнале глас, за оние кои смениле нешто, за оние кои се вистинска уметничка интелектуална потсвест на народната маса.
Јас додека го читав текстот, почувствував таква сила, каква што не сум почувствувала одамна. Ме трогна начинот на нарација, излив на емоции коишто просто не те оставаат рамнодушен. Почнува така (анти)носталгично, „како воздух што звучи лош дур од шупелка“, па продолжува „нежно (грубо)“, со спонтана, природна, ни малку извештачена градација, која се гледа дека извира од писателовата потсвесна моќ, за на крајот да кулминира со моќното семантичко значење на зборот „отров“, „ме облеваат отрови, отрови, отрови, отров, отроф ме отру, ми се повраќа“ и нормално, неизбежната поента на крајот „одат да залегнат во гробните места кои си ги припремија во чест на...“
Сѐ на сѐ, оттргнете ги всадените предрасуди и читајте го текстот поуниверзално, со отворени умови, како уметничко дело. Онака, како што направив јас...а мене,мене ме з..... и за Овие и за Оние.
Не е дека не знае да пишува.
Испратено на 26 декември 2011 од М. К.Не е дека не знае да пишува. Фаќа интересни метафори, на моменти стварно добро игра со зборови. За мене, проблемот е директноста. Текстот се дере. Ова е слично како да читаш љубовна поезија од типот „О љубов моја, о љубена, колку те сакам“ + неколку „свежобајати“ и „излитенови“ метафори и слики.
Според мое мислење, ако некој текст шокира, не значи дека ќе донесе некоја промена. Вистинската вредност на едно книжевно дело лежи во она што може да го искаже без зборови. Прочитајте само колку многу драмски текстови во историјата биле забранувани да се поставуваат на сцена. Зошто биле забранети? Бидејќи имале гадни сцени или можеле да ја шокираат публиката? Не. Субверзивност. Исто е и со прозата, само што нејзината сцена е приватна.
Очигледно е дека, во секој
Испратено на 26 декември 2011 од Хулио-ганецОчигледно е дека, во секој случај, некој е задоволен а некој не, од резултатот на конкурсов. Очигледно дека субјективен фактор игра улога бидејќи станува збор за уметност, за вкусови, за искуство, за пристрасност или прочистеност.
Јас сакам да кажам неколку збора: Му честитам на победникот, жал ми е што ситуацијата во државава ни е таква, до такво дереџе, па да не може човекот најфино да се претстави. Тоа е страшно!
За мене Петар е моралниот победник. Петар, можеби да пишуваше против Грујо и компанија ќе ја земеше наградата, ама заеби, не ти треба таква политизирана награда, од овде, дури мислам дека е подобро што не победи!
И трето, немојте да се сипате на авторот, жалете го. Тој догодина ќе биде длабоко навлезен во “ дружината“ Окнаши, ќе коментира од високо и на далеку нови почетници као што тоа сега го прави Шопов, а толку го сакав дететто...Ќе лиже газ и на ДПМ-овци, ќе вари кафе, чај, ќе купува бурек у маало...бидејќи штотуку го платија за тоа, форевр енд евр...
На здравје !
За жал и Шопов,а беше толку
Испратено на 29 декември 2011 од AdolfЗа жал и Шопов,а беше толку надежно момче... јебига многу млад падна во рацете на искусен педер како коља, а тој милост нема..
Од Бароуз до Делез преку
Испратено на 26 декември 2011 од АнонимеОд Бароуз до Делез преку Станковски до Бозо(вците)! ха ха ха ха ха ха ха ха ха Немогуќе!
Коља сам си се прогласил за
Испратено на 27 декември 2011 од самсебегоубијалКоља сам си се прогласил за најдобар меѓу "НОВИТЕ" и после си напишал срцепарајуча рецензија! Доријан Греј говна да јаде.
Бре самсебе идијоту! Која
Испратено на 27 декември 2011 од СмешкоБре самсебе идијоту! Која кривина те натера да доаѓаш овде и да читаш што прави интелигенцијата? Јели, стоко, пишувате од завист, од презир, од малограѓанштво, од тоа што мајка ви ве одбила со мајонез на нејзините гради, порано од тоа што било потребно да ви порасне мозочето или само онака, да једете говна ради тоа што друго нема? Јели, бре, кои сте бре вие мочковци?
Koj si ti be.
Испратено на 12 јануари 2012 од TomahawKKoj si ti be.
Сите учесници на конкурсот
Испратено на 27 декември 2011 од БизонСите учесници на конкурсот НОВИТЕ! треба да го ТУЖАТ стариот Коља Гелевски што сам си го напиша книвчето „Педерски катахрезис“, а парите од спонзорството од Комерцијална банка веројатно ќе му бидат пратени на некој негов познајник, за да не биде преногу очигледно, па познајникот ќе му ги врачи лично на Коља. Коља е најголемиот злотвор во македонската литература. Коља е гробарот на младата македонска литература.
Ако си управувал со тротинет,
Испратено на 27 декември 2011 од СмешкоАко си управувал со тротинет, врти веднаш, не сме ти криви ние тука што си се фиксирал за Гелевски, човече. И не ме смеј, глуп си. тупатор
Коља, знаеме дека сите овие
Испратено на 27 декември 2011 од ЅвончицаКоља, знаеме дека сите овие постови кои се во одбрана на твоето криминално дело ги пишуваш самиот ти. Како што и книвчето на Хиксов Бозон го имаш напишано ти. Гробару на младата македонска литература!
Малку ја разгледав книгата на
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборМалку ја разгледав книгата на Бозон. Нема апсолутно никаква врска со стилот на Гелевски. Со стилот на Гелевски и како писател (Вулкански) и како колумнист.
Друго што ми падна во очи, книгата на Бозон има милион грешки, од секаков тип, коректорски, граматички, многу недоследности (во ист параграф, на пример, „пастирофец“ и „пастировец“, така што владее тотална какофонија, еден доста неконтролиран стил, нешто налик на полуписмено бладање; океј, жирито тоа го толерира во образложението, као намерно било лудилото, „самораспаѓањето на текстот“, но мене ми изгледа претерано аљкаво; во секој случај, тоа никако не наликува на Гелевски, кајшто нема таков тип на неписмено ломотење). Знам дека победникот на „Новите“ се пушта во печат набрзинка, за два дена, и дека нема многу време за средување и препрочитување, но техничкиот неквалитет на текстот на Бозон сепак доволно зборува за самиот автор (млад, аматер, недисциплиниран и несамокритичен - набутал во книгата се’ што напишал од мали нозе, барем така изгледа).
Од друга страна, точни се и работите што стојат во образложението, книгата стварно зрачи со одредена сила (иако таа сила може да се нарече и лудило). Контраверзна книга, во секој случај, но книгите и треба да бидат контроверзни, зарем не? Во таа смисла, одлуката на жирито има и своја медиумска логика.
Љубителу на убавиот збор,
Испратено на 27 декември 2011 од БизонкаЉубителу на убавиот збор, дали твоето презиме е Гелевски? Затоа што еве кои се еементои од твојот допис-во-одбрана-на-Гелевски страшно звучат како Гелевски:
1. „но мене ми изгледа претерано аљкаво; во секој случај, тоа никако не наликува на Гелевски, кајшто нема таков тип на неписмено ломотење“
2. „налик на полуписмено бладање“
3. „набутал во книгата се’ што напишал од мали нозе, барем така изгледа“
4. „книгата стварно зрачи со одредена сила“
5. „млад, аматер, недисциплиниран и несамокритичен“
Криминалецу Гелевски! Гробару на младата македонска литература!
Тие грешки што ги спомнуваш
Испратено на 29 декември 2011 од derfektТие грешки што ги спомнуваш си ги направил ти коља! Во ситуација кога ти дошла луда идеа да добиеш награда, а веројатно конкурсот бил одмана завршен и денот на објавување немилосрдно се ближел. Така ти си немал време да ја исчистиш книгата од грешките, а баш си педерастично педантен.
Ѕвончица, душо, можно е, исто
Испратено на 27 декември 2011 од Ханибал Лектор&КоректорЅвончица, душо, можно е, исто така, Хигсов Бозон да се камуфлира и трола низ коментариве? Што мислиш, срцуш? Зар не му ставаш преголема демонска тежина на драгиот ни Гелевски, кој ни ги даде на уживање Окно, Темплум, Маргина, стотиците книги, па и мошне финиот и интересен конкурс „Новите“?
Ајде, мила, Ѕвончице, кажи еден наслов или автор во овие шест години кој бил испратен на „Новите“ и кој курнаски (нефер, измамнички итн.) бил заобиколен од жирито, но во меѓувреме си се докажал, на друго место? Шест години и не е толку мал период, за да се направи анализа на „Новите“. Ми се чини дека хејтерите на „Новите“ имаат многу малку рационални аргументи, освен бесот што тие не добиле награда.
Бизонке, мила, твојот глас е
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборБизонке, мила, твојот глас е милозвучен и треперлив ко твоето име, а твоите копитца (што праи дива свиња? рие у место и фучи низ ноздрва) нежно ми фрлаат од земјата - у очи (па сум заслепен од твојата нежна појава). За што збориме, душо? Дека Гелевски е Бозон, или дека Гелевски е Љубител на добриот збор? Разјасни ми, мила, тврдокорна лепотице! Ох, ко ќе помислам на твоите копитца што би ме задраскале (во фантазијата) ко пилинг! Мила, објаснуј, нестрплив сум!
И уште една работа: кај Бозон
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборИ уште една работа: кај Бозон речиси нема хумор, бар од она што јас го разгледав. За разлика од Гелевски. И Бозон користи толку драстични, толку експресивни слики што - ко што рече еден од суптилните коментатори погоре - на чоек стварно црева му се превртуваат (се согласувам со тоа!). Гелевски е многу помек во сликите, дури и коа откачуе (ко Вулкански).
Ама, деца, вие ем што не знаете да пишувате, туку не знаете ни да читате! Вие сте аматерска и фрустрирана маса дебилероси (ко што рече некој погоре), креативни стечајци и јадни жртви на транзицијата, јебига.
Љубителу Гелевски, кај и кога
Испратено на 27 декември 2011 од БизонкаЉубителу Гелевски, кај и кога си видел ти кај себе хумор, говедо лудо? Него, говедо, да ти кажам едно нешто. Ако ние сме аматерска и фрустрирана маса дебилероси, креативни стечајци и јадни жртви на транзицијата, ти си едно лудачко копиле на кое местото му е во Бардовци.
Ружата е ружа е ружа - велеше
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборРужата е ружа е ружа - велеше милиот ни Шекспир. Твоето име е знак, мила, Бизонке:)
Кога тогаш победниците на
Испратено на 27 декември 2011 од БизонкаКога тогаш победниците на Новите ќе ти доаѓаат во посета во Бардовци.
„Љубител на убавиот збор“ е
Испратено на 29 декември 2011 од derfekt„Љубител на убавиот збор“ е самиот гелевски и нормално како и сегогаш се АНАЛизира самиот себе...
Ромео стои во дворот, во
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборРомео стои во дворот, во темница, а Јулија е на балконот, ѕвера во мракот, но слуша само глас, без да го препознае; и вели Јулија, насетувајќи: „Сал твојто име мој е душман. Ти си ти и без Монтеки да си. Што е Монтеки? Ни е рака, ни е нога, ни мускул, лице, ниту еден дел од човека! О, биди друго име! Но, што е име? Она што е ружа со друго име пак ќе мириса со иста сладост. Така Ромео – да не се вика Ромео – тој пак ќе беше исто толку совршен без тоа име... Ти отфрли го, мој Ромео, бидејќи твојто име и не е дел од тебе самиот – па мене сета земи ме!“ (препев: Георги Сталев).
Само за милата Бизонка:)
Ромео и Јулија завршуваат
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборРомео и Јулија завршуваат трагично, обајцата умираат, меѓу другото и зашто не можат да избегаат од кобноста на сопствените имиња (нивните семејства што живеат во Верона, Монтеки и Капулети, се во долгогодишно крвно непријателство кое ја оневозможува љубовта меѓу младите). Во третата сцена од третиот чин, на пример, Ромео се прашува: „Во кое гадно делче од анатомијава живее моето име? Кажи ми, за да можам да го отстранам тоа омразено пребивалиште“.
„Самото твое име е мој непријател“, вели Јулија. И тука Младен Долар ја внесува многу суптилната разлика меѓу името и гласот. Името упатува кон една индивидуалност вткаена во мрежата на општествените поделби, хиерархии, судири и сојузи. Гласот, од друга страна, како да се измолкнува од опасните општествени мрежи, гласот како да говори од некаде подлабоко, каде што можеби престојува љубовта; „можеби гласот е вистинскиот медиум на љубовта, додека името е нејзин непријател“, вели Долар.
Испаѓа дека човек е повеќе
Испратено на 27 декември 2011 од Љубител на убавиот зборИспаѓа дека човек е повеќе присутен во својот глас отколку во своето тело, што е парадоксално: она што е минливо, што исчезнува во моментот на настанувањето, она што е само треперење на воздухот испаѓа поприсутно и поснажно од цврстите објекти и имиња.
А на мошне важното прашање „Од каде доаѓа гласот?“, Младен Долар дава извонредно прониклив одговор: со оглед на тоа дека гласот доаѓа од невидливата внатрешност, тој всушност е нешто што го дели телото на надворешност и внатрешност, тој е оператор на најдраматичната можна поделба. „Гласот стои на таа граница, на линијата на поделбата – стои е погрешен израз, нема начин гласот да стои, тој секогаш минува, трепери и се бранува – и на таа граница тој е врска помеѓу јазикот и телото.“
Политички импликации?! Можеби сосема кусо: Македонецот (како и било кој друг идентитет) може да се потврдува само низ гласот, низ себепретставувањето, низ дејствувањето. Фиксираните идентитети повеќе влечат кон смрт и археологија отколку идентитетите што се прилагодуваат и менуваат.
Гласот не е органски дел од
Испратено на 27 декември 2011 од жГласот не е органски дел од телото; доаѓа некаде на границата.. кога говориме постои минимум ефект на вибрација, како некоја надворешна сила да ни го преземала телото. Самите сме си непознати кон себе; егото, психата, се тоа е надворешна сила, која го контролира телото. Некој/нешто го окупира нашето тело.
жижек тоа.
..
Како нешто што се смее, се вртиш, а не е таму.
ж
Коља, сфатив конечно. Ти си
Испратено на 27 декември 2011 од БизонкаКоља, сфатив конечно. Ти си Јулија, Милчин е Ромео, а Грувски е Шекспир. Нека ви е со среќа. Гробару на младата македонска литература!