Добитник на наградата „Новите!“ за 2011: „Педерски катахрезис“ од Хигсов Бозон

26.12.2011 13:18
Добитник на наградата „Новите!“ за 2011: „Педерски катахрезис“ од Хигсов Бозон

Образложение

Најдобро оценет прозен ракопис на шестото доделување на наградата „Новите!“ е „Педерски катахрезис“, збирка раскази од авторот потпишан како Хигсов Бозон. Во продолжение, накусо, во име на жирито составено од тројца членови Никола Гелевски (претседател на жирито), Владимир Јанковски и Ѓорѓи Крстевски, следува образложението, т.е. одговорот на прашањето зошто сметавме дека дебитантскиот ракопис на Хигсов Бозон е најдобар во 2011 година.

„Педерски катахрезис“ е мрачна политичка парабола (или повеќе сатирска отколку сатирична општествено-политичка фантазмогорија), згуснато ткиво од шеесетина сосема нетипични раскази чиишто аморфни кожурчиња често се пробиени од снажните лирски и драмски тонови. Оттаму е тешко ракописот на Хигсов Бозон јасно да го категоризираме во вообичаените книжевни ниши и фиоки.

За оваа пригода издвоиме три главни вредности во книгата на Бозон: книжевната сила (експресивноста); ангажираноста (во комбинација со радикалност и провокативност); новите поетички постапки (особено во рамките на нашиот книжевен контекст).

Највидлив слој во структурата на „Педерски катахрезис“ е експресивноста, јарките и драматични раскажувачки потези, постојано на работ на инцидент, на радикално кршење на општествените и книжевните правила. Раскажувачката постапка и стилските фигури што ја проследуваат се снажни, незауздани, наизглед без контрола расфрлани, но често во форма на река понорница - ретко излегуваат на површина и главно течат низ мрачни подземни текови. На многу места ракописот на Бозон до тој степен се згуснува што прозата почнува да наликува на поема, на некое чудно рецитирање налик на шаманска инкантација која со фантазија ги надминува границите на овоземноста и болката предизвикана од неподносливата стварност. Тие два аспекта исто така треба да се истакнат кај Бозон: нагласена фантазмагоричност во комбинација со снажно изразена бол, како првото да служи да го скроти или да го пренасочи второто. Притоа хиперартикулираноста на авторот често граничи со неартикулираност, како бесот, крикот и страста да ги разбиваат граматиката и синтаксата... Јазикот на Бозон, значи, е самораспаѓачки и себенапаѓачки; тој е фуриозен и деконструктивен не само кон надвор, туку и кон внатре.

(Кога велиме „снажна фантазија“ мислиме и на неконвенционалната употреба на стилските фигури, на честото отсуство на појасна драматургија и на психолошки појасно профилирани ликови и релации /што може да се смета и за слабост на ракописот, зависи од ракурсот/. Инаку, Вилијам Бароуз во современата книжевност на голема врата го внесе ваквиот тип на испосечена, испокршена наративна структура, на реченици и приказни кои бегаат од „фокалните точки“ како некакви музички фуги. Филозофски татко на ваквиот тип „детериторијализирана книжевност“ /„тело без органи“/ веројатно е Жил Делез, а на таа поетичка линија пишувале и други големи писатели-превратници, Арто, Жене, Гинзберг, Лири итн.)

Вториот повидлив слој во прозата на Бозон, според нас, е ангажираноста, т.е. цврстата ситуираност во невеселото политичко секојдневие на нашата земја. Бозон на еден фантазматски и драмски начин ги става во литература гласините и приказните што инаку, надвор од очите на големата и официјална јавност, се тркалаат по кафеаните, по улиците и за по дома. Бозон е храбар во својот радикален израз, но тој радикализам сепак е облагороден со имагинација и со книжевна вештина, така што тој во својата проза успева да ги трансцендира границите на голото политичко, но и ги прави појарки, зашеметувачки флуоресцентни, како да ги сенчи тие линии-ровови меѓу лудото општество, лудата политика и лудата уметност. Во таа смисла „Педерски катахрезис“ навистина е релативна новост во македонската литература, иако некои луѓе од рабните подрачја на нашата книжевност (сликарот Ацо Станковски или музичарот Кирчо Арсовски, на пример) пишувале проза на сличен начин како и Бозон: експресивно, ангажирано, со многу маски, но и сатирично. (Кај Бозон сатирата не е толку присутна, неговиот удар е подиректен, посуров, наизглед со помала самоконтрола.)

Третиот слој, значи, што во оваа пригода сакаме да го истакнеме како доблест на ракописот „Педерски катахрезис“ е новумот, т.е. новите тематски и стилски постапки што ги внесува Хигсов Бозон. Ние, како жири, сметаме дека таквото „ширење на подрачјето за борба“ и’ е потребно на македонската книжевност, па и на јавниот збор, воопшто. Сметаме, исто така, дека повеќето наши писатели се прилични зачмаени, често исплашени, ескапистички, во функција на слуги на политиката, без интегритет, неавтономни, анахрони, и затоа во голема мера и игнорирани од читателите. „Педерски катахрезис“ го шири, повторуваме, потенцијалното подрачје за борба, за артикулација на судрените општествени енергии и можеби со тоа ќе поттикне и други македонски писатели да тргнат кон некои поинакви книжевни подрачја. Зашто, да потсетиме, една од најважните функции на литературата е да ја буцка малограѓанската зачмаеност, да истражува, да отвора нови подрачја, да биде провокативна и преиспитувачка.

Скопје, 26.12.11.

Расказот „Мартин Нешковски“, преземен од книгата „Педерски катахрезис“, можете да го читате на следниов линк.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески и Иван Шопов.

Е луѓе мои...овој конкурс и

Е луѓе мои...овој конкурс и сите овие коментаи овде, зборуваат и повеќе за тоа у каква вукојебина живееме.

Честитки до победникот иако како што реков минатата недела, ако овој расказ победи, тоа ќе кажува многу повеќе за организаторите отколку за победникот. И ете. Бидна. Ред плукање, ред маалска „политичка ангажираност“ и ете ти победник. Па уште авторот не се претставувал ради страв (немој не ме радуј, чиниш Грујо одма ЦО на нозе го дигнал и ден денес не спие). Па споредби нешто Буковски, Де Сад ау. Е мој Коља па оваа збирштурина од раскази тешко дека ќе ја читаат и некој Хардкор СДС-овци а камоли некој колку-толку неутрален. Но нејсе, Организаторите се секогаш во право.

Останати 30 и нешто автори, мое сочуство до вас. По ваков резултат би се запрашал дали повторно би пратил ракопис на ваков „натпревар“. И уште нешто. Не разочарувајте се. Па погледнете ги сите тие силни имиња што изминативе години победија. Денес, од пошироката публика ретко и кој ги препознава, а камоли да се сети на „тежината“ на нивните дела. Така што соберете храброст издадете сами нешто. И онака на било какви конкурси кај нас поминува само медоикритетот (без разлика дали се книжевни, музички натпревари) кој само по неколку месеци се заборава

Па, добро! Дали некој

Па, добро! Дали некој текст/објава на окно доживеал/а да види 95 коментара (засега), и тоа повеќето од нив горчливи и гневни??
Писатели, чувајте си ги делата за себе. Пишувајте ослободени од секаква надеж дека некоја „публика“ или „критика“ ќе се позанимава со вас во следниве 150-200 години. После тоа, ако имате среќа (не дека е некоја среќа, прав и коски ќе сте до тогаш), некој ќе ги најде вашите ракописи и ќе им се восхитува во којзнаекакво општество. Лечете се' што имате низ букви - скапи и слаби се психијатриве; собирајте се по ќошиња, по кафани, море и по бутици ако треба! и споделете што имате со оние на кои им е најмалку гајле. Ако толку сте решени да се чуе вашиот глас, тапкајте си со ноженцата во правта пред вас - колку да не е без ич!

на вредносно ниво, ако

на вредносно ниво, ако темплум не ја објавеше книгата, не гледав издавач кој тоа би можел да го изведе, поради тоа конкурирав на новите 2011, не планирав, ако интересира некого.
така што ++++++ за темплум и за идејата во антикнигата.

моралното ниво на "педерски катахрезис" има повеќе форми:
1. една ја дава врската со реалноста и колективното несвесно, но одговорноста за поврзување на ликовите со реалноста е кај читателот, моја не е;
коментарите ги читам (прочитајте ја книгата би замолил); што се однесува до малите букви, едначењето по звучност, спојување/разделување и други срања во македонскиот јазик, јас така одбрав да се изразам, вие пишувајте како сакате. тоа аљкаво не го прифаќам, ан блок го фрлам у корпа.

2. второто е лично непознатата варијабла која ме придвижи да се замешам во равенката за радикално воспоставување ред и закон во паланката, мешано со секакви форми умствено насилство и недоквакани реформи на минатото; застанувам врз тегот на слободата, мојата одговорност и долг е оваа книга;
за одгласите од текстот, поради тоа ме нема во јавност, седам раат, ако треба ќе се појавам, но тоа е мое.

3. третата вертикала се ликовите кои ја играат гротеската.
писателчињата во мк се обични курви и пички и како што е кажано во образложението, уживаат во ескапизмот, јадат говна, а поготово младите пискарала, од моја гледна точна се ЧИСТ ПОРАЗ на времево на цевилизацисково декадентно распаѓање, тука пред се мислам на капитализмот у стоката која го поддржува во мк (капиталисти говна).

на ниво на човек, се работи за роман река во кој сме придвижени од темна енергија.

ве поздравува,
хигсов бозон.
( higsov.bozon1@ gmail.com )

би препорачал да ја прочитате. повеќето не ме познавате, така што оваа комуникација/коментари, се тоа е интересно, она, симаптично и онака, ме смеее.

ок, бидете добри,
дечки.

хб

Коља, љубителу на подвоени

Коља, љубителу на подвоени идентитети!
Инаку, многу ми се допаѓа ова: „писателчињата во мк се обични курви и пички и како што е кажано во образложението, уживаат во ескапизмот“. Па ти се криеш зад псевдонимчето Хигсов Бозон. Инаку, ти посакувам оваа награда Новите да те подмлади, да се чувствуваш као во прва младост. Иако и онака си млад, вечен бруцош. Ех, Коља, Коља, гробару на младата македонска литература.

Кое лудило човече. Човекот е

Кое лудило човече. Човекот е во тешка психолошка војна сам со себе. Еј,ај што сам на себе да си коментира на колумни под милион имиња, ај да пишува-тресе глупости под милион разни псевдоними, ај тоа.. ама ЕЈ, да се фалиш во свој напис сам себе, т.е. оној „другиот“ под друго име, ЕЈЈЈ сам да си доделиш награда...ЕЈЈЈ човеку ретардиран, дали мислиш дека сме сите јебани у мозок како тебе?!?!?!?

Па уште ќе зборел за демократија и диктатура. Абе оди скри се таму у првата шахта да не те гледаме, најади се таму доле и удави се во сопствените гомна, ретарду!

Ако дозволите, повторно јас,

Ако дозволите, повторно јас, само накратко. Претпоставувам дека повеќето од вас познавам, а и вие мене. Не можам, ниту сакам, никого од вас да натерам да го сака и почитува Коља. Вашето мислење си е ваше право. Ми пречи малку...ај, не е важно. Но она што можам најодговорно да го кажам е: КОЉА НЕ Е АВТОР НА ПОБЕДНИЧКИОТ РАКОПИС!
Поздрав и секое добро.

И тебе те купил Коља???? Или

И тебе те купил Коља???? Или те упознал со братучед и ти рекол дека он е Хигсов Бозон... А ти наивац си поверувал а?

Сакав да се воздржам од

Сакав да се воздржам од коментар, вообичаено не коментирам, но ова е претерано. Вие со вашите коментари само и удирате печат на македонската книжевност дека е на ниво на некои мексикански банди. Јас читам од страна и објективно ќе ви кажам дека сите до еден, и тие што го браните ракописот и тие што сте против, не се разликувате од најдолните скитници што се пцујат по улица за тоа кој ќе се грее на огнот. Срам да ви е на сите, а и ако навистина жирито одговара под псевдонимот "Кољо" - тогаш нека се воздржи затоа што со тоа само си го уништува и оној углед што го има стекнато кај одредена публика. Молчењето е злато мислам дека еднаш некој кажал. Јасно ни е на сите дека во држава од 2 милиони никој не чита книги и дури и оние кои што читаат немаат никакви критички став, се е базирано на политика и на двете вечни партии. Затоа жирито нека молчи и нека не се објаснува со свирипичанци кои никогаш нема да го сменат мислењето. Постојан академски сцени кадешто се водат вакви дискусии. Кога ги читам коментариве срце ме боли и ми се гади, не сфаќате дека сте ситни човечиња што само викаат, а ништо не кажуваат. Затоа ќе замолам да се прекрати оваа дискусија, за доброто на книжевноста која сеуште е во некој заринкан процес.
п.с. Славко Јаневски се превртува во гроб

Не забележав дека некој се

Не забележав дека некој се потпишува ко „Кољо“. Ако го има, ако ни промкнал меѓу стотината коментари - не е член на жирито.

Никола Гелевски се потпишува

Никола Гелевски се потпишува со десетина различни имиња и псевдоними на овој сајт. Особено се потруди во размножувањетоп на својот идентитет по повод доделувањето на наградата Новите, која оваа година си ја додели самиот на себе, скриен зад уште еден псевдоним. На гробарот на македонската литература и на неговите соработници им јачеститаме Новата 2012 година и им посакуваме уште многу вакви подвизи во литературата.

Митре, е од кај знаеш дека

Митре, е од кај знаеш дека пишува под повеќе псевдоними?! Не знам кои сте вие луѓе ама не мора да ширите вакви гнасни лаги за човекот...

[this message wants to

[this message wants to disturb d comfortable бљак reality]

вчера читав глупави коментари на куцкамен под еден текст кој бев посочен да го прочитам, сега читам исти такви коментари под наградениот од 'Новите. ..и си се радувам искрено дека нит учествувам во конкурси, нит се замарам со квази жириа, читања, настапи .. 'квалитетна современа "македонска" литература' I mean #wow #fail уште пред клекнување на стартот!

..во текот на транзицијата сме изгубиле чувство за осет.. да, и жално е дека сеуште мислиме дека има надеж, а неа жива ја закопуваме. имаме мн објавено, па дојдовме да објавуваме теми како педерски катахрезис, јако, јако нема што. ..да ти и*ам тоа глупата македонска авангарда, а те го те и белград и загреб и софија.. и картата не е толку скапа. :/

[no hard feelings, ама промените вака ќе ги направиме?!]

Ех, Коља, Коља, гробару на

Ех, Коља, Коља, гробару на младата македонска литература.

Добро, барем користи различни

Добро, барем користи различни фрази кога кудиш, или пак исто име. Вака знаеме дека еден човек го повторува истото низ илјада пораки.

Ех, Коља, Коља, гробару на

Ех, Коља, Коља, гробару на младата македонска литература!