Промоција на изданијата на Бранко Прља и креактивниот колектив КАПКА

27.12.2011 10:19
Промоција на изданијата на Бранко Прља и креактивниот колектив КАПКА

 Издавачка куќа Готен ќе ги промовира изданијата на Бранко Прља и креактивниот колектив КАПКА, на 27 декември (вторник), во 20 часот во рамките на Мал новогодишен саем на книгата, што се одржува во Клубот ГЕМ (Стара скопска чаршија, над Менада). 
Оваа необична промоција ќе се состои од: 

Промоција на изданијата на Бранко Прља

- Трилогија Астрогном (едукативна проза) со изданијата „Досие: планета Икс“ (2009), „Досие: Ѕвезда Немезис (2011)“ и најава за претстојното издание „Досие: Универз Ум“.
- Збирка измислени вести „Вест од несвест“ (2010)
- Реиздание на збирката раскази „За секого по нешто, за некого ништо“ (2011) 

Бранко Прља е графички дизајнер, писател и основач на првиот електронски конкурс за литература во Македонија, Електролит. Има објавувано раскази во земјава и странство. Други позначајни дела на Бранко Прља се збирката куси раскази „За секого по нешто, за некого ништо“ (2003) и збирките едукативна проза „Досие: Планета Икс“(2009) и „Досие: Ѕвезда Немезис“(2011). 

Промоција на креативниот колектив Капка

- Бранко Прља и Владимир Лукаш, цртежи
- Олгица Димитровска „Вести во земјата на чудата“, рачно работена хартија
- Владимир Димчев „Колпортер во акција“, фотографии
- Никола Пчински „Парите се отепувачка“, извадоци од весникот
- Александра Кардалевска „Вест од несвест“, транскрипт (видео)
- Делови од манифестот на Капка, плакати 

Локација: 
ГЕМ клуб

ОкоБоли главаВицФото