Градина или куќа

27.12.2011 16:31
Градина или куќа

Секогаш изненадува суптилноста која јапонските архитекти ја вметнуваат во архитектурата на нивниот висок, речиси хипертрофиран урбанизам. Во случајов, станува збор за еден дизајн на Рју Нишизава во центарот на Токио, т.е. за приватна куќа на четири ката која повеќе наликува на урбана вертикална градина.

Куќата е сместена на „микро“ парцела во самиот центар на Токио, почитувајќи ја желбата на клиентите да се наоѓа близу нивното работно место.

„Пикната“ меѓу две високи згради и речиси невидлива од главната улица, својот карактер оваа куќа го обликува исклучиво преку разновидните растенија и вази поставени на главната фасада. Истовремено растенијата пружаат приватност во интериерот, но и привлекуваат многу заинтересирани погледи на минувачите.

Зад лажната фасада се наоѓаат простории кои понираат со оглед на интимноста која ја бараат: во приземјето се сместени дневната соба и кујната, на првиот кат има спална соба и бања, на третиот уште една спална соба, а на последниот, четвртиот кат, има покривна тераса и мала остава.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото