1019 hPa
77 %

14 °C
Скопје - Вто, 25.03.2025 04:59
Денес (среда, 28 декември) во 20:30 часот, во просториите на ГЕМ клубот, во рамки на Новогодишниот саем на книгата, ќе се одржи поетско читање.
На читањето ќе настапат Тихомир Јанчовски, Марко Петрушевски, Владимир Мартиновски, Иван Шопов, Живко Грозданоски и многу други.
Воедно, ОКНО ги поканува сите заинтересирани поети да дојдат и да земат учество во овој настан со читање на свои поетски дела. Читањето може, но не мора да биде во манир на слем вечерите, а сечија креативност во настапот е добредојдена.
Исто така, во рамки на поетското читање, ќе се спроведе акцијата во која за една купена поетска книга од саемот купувачот добива уште една како подарок.
Настанот да го форографирате
Испратено на 28 декември 2011 од од зад границаНастанот да го форографирате и фотографиите да ги ставите на сајтов