Како изгледа профилот на еден диктатор

28.12.2011 14:51
Како изгледа профилот на еден диктатор

Психолозите кои, врз основа на стандардните критериуми кои се користат во медицинската пракса, правеа психолошки профил на диктатори како Хитлер, Садам Хусеин и Ким Џонг Ил, заклучија дека за сите нив карактеристични се неколку ментални пореметувања, меѓу кои водат садистичките, параноидните, нарцистичките и шизоидните карактеристики.

Во списанието Scientific American, психологот Џејсон Голдман од универзитетот Јужна Калифорнија се обиде да одговори на следново прашање: што е тоа во мозокот на луѓето како Хитлер и Ким Џонг Ил што им овозможува да се наметнат врз цели народи и да воспоставата апсолутна власт?
 
„Меѓу стручњаците кои го проучуваа Хитлер“, тврди Голдман, „постои согласност дека неговата личност се одликувала со висок степен на пореметености како паранојата, асоцијалноста, нарцисоидноста и садизмот. Деталниот профил на неговата личност укажува и на шизофренични тенденции, проследени со манија на величината и девијантни мисли.“
 
Додека ги изработуваат профилите на ваквите крвопијци, истражувачите се потпираат на извештаите од луѓето кои се наоѓале во близок и подолг контакт со диктаторите. Кога станува збор за Садам Хусеин, се работи за „извештаите на 11 возрасни Ирачани кои интимно го познавале Хусеин, во тек на 24 години“.
 
Големата шесторка: комбинацијата која води кон раѓање на еден диктатор
 
Комбинирајќи ги резултатите од истражувањето, се дошло до комбинацијата составена од пореметувањата на личноста, окарактеризирана како „големата шесторка“ – садизам, антисоцијалност, параноја, нарцисоидност, шизоидност и шизотипално нарушување (потреба за изолираност од општеството) – за кои се верува дека се типични за крволочните диктатори.
 
Во прилог на ова оди и една слична анализа на умот на Ким Џонг Ил, изработена во соработка со еден јужнокјорејски психолог кој располагал со соодветните податоци од извештаите на доушниците. И таа анализа го потврдува постоењето на „големата шесторка“ во умот на „Милиот водач“.
 
Пореметени личности: Садам Хусеин vs Ким Џонг Ил
 
Приложената табела ги дава резултатите на проучуваните двајца диктатори во склад со критериумите на Американското здружение на психијатри и клинички психолози за 14 нарушувања на личноста.
 
Напомена: поените се доделени според утврдените критериуми за тест на личноста
 
Садам Хусеин
Ким Џонг Ил
Пореметувања на личноста
Пореметувања на личноста
1. Садистички 81,0*
1. Садистички 81,1
2. Параноидни 77,4
2. Параноидни 77,8
3. Антисоцијални 74,2
3. Нарцистички 76,0
4. Нарцистички 72,6
4. Шизоидни 75,0
5. Шизоидни 70,7
5. Шизотипални 74,2
6. Шизотипални 67,7
6. Антисоцијални 74,1
7. Опсесивно-компулсивни 67,5
7. Нарушување со избегнување 70,1
8. Зависни 67,4
8. Гранични 65,6
9. Депресивни 67,4
9. Самоодбранбени 61,9
10. Самоодбранбени 65,4
10. Зависни 61,9
11. Гранични 63,7
11. Опсесивно-компулсивни 61,4
12. Пасивно-агресивни 63,2
12. Пасивно-агресивни 60,4
13. Хистриотични 61,7
13. Депресивни 55,6
14. Нарушување со избегнување 59,4
14. Хистриотични 52,6
ГЛАВНИ ПОРЕМЕТУВАЊА:
ГЛАВНИ ПОРЕМЕТУВАЊА:
Шизофренија 78,5
Шизофренија 76,1
Психотично размислување 89,9
Психотично размислување 78,3
 
Понатамошните споредувања покажуваат дека Ким Џонг Ил имал многу повеќе заеднички работи со садам Хусеин отколку со Хитлер. Имено, и кај обајцата најизразено нарушување на личноста било садистичкото – со речиси тројно поголем резултат одошто просекот на населението.
 
Како ваквите пореметени личности воопшто доаѓаат на власт?
 
Поради манијата на гонење и величина, шизоидната личност може да биде предиспонирана за насилство. Притоа може да биде супериорна во меѓучовечките односи, а покрај тоа сосем е можно нејзините спознајни способности и интелигенција воопшто да не бидат нарушени, или со други зборови, да биде многу ефикасна во својата професија и независното снаоѓање во животот.
 
Се разбира, точноста на ваквите дијагностички профили е секогаш ставена под знак прашање, но очигледната врска меѓу Хитлер, Садам Хусеин и Ким Џонг Ил не ни дозволува туку-така да ги занемаруваме.
 
Извор: blic.rs

Ова Колја сака да ни каже

Ова Колја сака да ни каже дека и тој има профил на диктатор. Ама, ете, анфасот го издава дека е, всушност, само пореметена личност :)

Типичен пример на

Типичен пример на македоноид*...

*види десно > Виц > пробај да сфатиш (важи само за денес)

Еднаш веќе го избришавме

Еднаш веќе го избришавме вашиот коментар, но залудно е, па ќе го оставиме. Меѓу другото, и како надополнување на патологиите и опседнатостите од горниот текст.

ОкоБоли главаВицФото