2011 низ слики

29.12.2011 13:52
2011 низ слики

Слика горе: Поддржувачите на претседателот на Брегот на Слоновата коска, Лорен Гбагбо, ги креваат рацете во знак на поддршка за време на протестот кој се одржа на 9 јануари во Абиџан. Гбагбо одби да го признае поразот на изборите и по долготраен конфликт сепак беше отстранет од претседателската канцеларија. (Rebecca Blackwell/AP)

Жена од Јужен Судан го покажува обележаниот прст откако учествуваше на гласање во Картум, на 10 јануари. На ова гласање беше родена најновата светска нација, откако Јужен Судан се здоби со независност и се отцепи од Судан. (Khaled Desouki/AFP/Getty Images)

По налетот на торнадо, Феј Хајд седи на душек на местото на кое порано се наоѓал нејзиниот двор, и ги теши своите внуци, во гратчето Конорд Ала, САД. (Jeff Roberts/The Birmingham News/AP)

Двајца мажи го прославуваат своето преживување откако беа извлечени од урната зграда во Крајстчрч, Нов Зеланд, на 22 февруари, 24 часа по силниот земјотрес. (John Kirk-Anderson/Christchurch Press/Reuters)

Бунтовници заробиле млад човек кого го обвинуваат дека е приврзаник на Гадафи, меѓу градовите Брега и Рас Лануф во Либија, на 3 март. (Goran Tomasevic /Reuters)

Воен авион на либиските сили се урива откако е погоден близу Бенгази, источна Либија. (Anja Niedringhaus/AP)

Антивладини протестанти се судираат со полицијата во Каиро, на 28 јануари. (Ben Curtis/AP)

Антивладините демонстранти прославуваат на плоштадот Тахрир на 11 февруари по објавата дека египетскиот претседател Хосни Мубарак се повлекува. (Amr Abdallah Dalsh/Reuters)

Жена се држи за ногата на војник откако се слушаат истрели пред штабот на Конститутивната Демократска Партија на сметнатиот претседател Зин ал-Абидин Бен Али, за време на демонстрациите во Тунис на 20 јануари. (Zohra Bensemra /Reuters)

Жители на разурнатиот јапонски град Кесенума, кој беше погоден од цунами, се бањаат на 14 април меѓу урнатините од нивните домови. (Yasuyoshi Chiba/AFP/Getty Images)

66-годишниот Јошикатсу Хирацука на 17 март плаче пред неговата урната куќа, додека верува дека еден дел од неговото семејство лежи затрупан под кршот, во гратчето Онагава. (Yomiuri Shimbun/AFP/Getty Images)

Фотографијата снимена на 14 март го обиколи светот и ја покажа разорната сила на цунамито кое ја погоди Јапонија. На фотографијата е прикажана јахта на врвот од една зграда. (Yomiuri Shimbun/AFP/Getty Images)

Полицаец-мотоциклист е погоден од молотов коктел на 23 февруари, за време на протестите во Атина. (Dimitri Messinis/AP)

Про-палестински демонстранти бегаат од солзавецот на израелската војска на 5 јуни, на границата меѓу Израел и Сирија. (Oded Balilty/Associated Press)

Полициските сили прскаат боја врз опозициската партија на Уганда за време на демонстрациите во Кампала, на 10 мај. Претседателот Јовери Мусевени се обиде да ги задуши протестите и ги обвини згиолемените цени на храната и горивата за сушата која ја погоди оваа земја. (James Akena/Reuters)

На 5 јули дотогаш невидена песочна бура го погоди градот Феникс во сојузната американска држава Аризона. (Mike Olbinski Photography)

Шпанскиот велосипедист Алберто Контадор удира обожавател на велосипедската трка Tour de France додека ја искачува планината (1850 м) на 22 јули. (Lionel Bonaventure/AFP/Getty Images)

Фотографијата која го обиколи светот, на која се прикажани двајца како се бакнуваат, додека полицијата се обидува да воспостави ред во Ванкувер по хокеарскиот натпревар во кој Vancouver Canucks  изгубија во Стенли купот на 15 јуни. (Rich Lam/Getty Images)

Протестантите се судираат со грчката полиција на 28 јуни, за време на 48-часовниот генерален штрајк во Атина, откако владата прифаќа мерки за штедење, наметнати од ММФ и ЕУ. (Aris Messinis/AFP/Getty Images)

Луѓе се собираат пред Градското собрание на Осло, Норвешка, на 25 јули, за да учествуваат во „Маршот на розите“ кој се одржува во спомен на загинатите во бомбашкиот напад и масакрот извршени од страна на Норвежанецот Андреас Брејвик. (Emilio Morenatti/Associated Press)

Луѓе ја прославуваат смртта на Осама бин Ладен, непријателот број 1 на Америка, на 2 мај. Бин Ладен беше убиен во акција на американските командоси во Пакистан. (Eric Thayer/Reuters)

Изрешетан портрет на Гадафи во Триполи, 1 септември. (Patrick Baz/AFP/Getty Images)

Палестинскиот претседател Махмуд Абаз покажува копија од писмото со кое бара Палестина да биде примена во ОН како суверена држава, за време на Генералното собрание на ОН на 23 септември. По своето обраќање палестискиот претседател доби долг аплауз и стоечки овации. (Timothy A. Clary/AFP/Getty Images)

Полициски службеник на 11 октомври се обидува да ја смири поранешната украинска премиерка Јуија Тимошенко, откако таа реагира на судската пресуда со која е осудена на седум години затвор поради наводна злоупотреба на договорот за гас со Русија. (Sergei Supinsky/AFP/Getty Images)

Протестант од движењето „Окупирај го Волстрит“ се нафрла врз полицаец за време на маршот кон Волстрит во Њујорк на 14 октомври. (Andrew Burton/Associated Press)

Американски војници се враќаат дома по официјалното завршување на војната во Ирак на 15 декември. Војната во Ирак остави зад себе над 100 000 загинати Ирачани и 4500 загинати американски војници, поделена, разурната и политички нестабилна земја. (Maya Alleruzzo/Associated Press)

Извор: boston.com/bigpicture

ОкоБоли главаВицФото