1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
На секоја новоотворена бурекџилница доаѓа по една клиничка болница. Разноликоста на градските пејсажи ја обезбедуваат бројните обложувалници и кафулињата што се шират по површините на кои сè уште нема стигнато окупаторската војска на спомениците. Долината на кралевите е фасцинантна хармонија во која болеста на општеството и фабриките за здравство победуваат во тешката конкуренција на вселенскиот „Танц со ѕвездите“. Тоа е Македонија денес.
Секој македоноид што ќе киниса од Ново Лисиче кон Заводот за вработување ќе се заглави во таа ненормално густа мрежа од круцијални институции: ако реши да не јаде бурек со сирење, ќе мора да се напие пиво, а ако успее да му одолее и на тоа искушение, попрво ќе заврши во некоја болница отколку на бескрајниот список на невработените во Козле.
Болеста на општеството ли го генерира развојот на здравствената индустрија или медицинскополитичкиот комплот го движи нивото на болеста кон најпродуктивните инстанци на смртта што заебантски ни бега и заводливо ни се смее – прашање е сега?
Јас би рекол дека еден дел од болеста воопшто не зависи од културнополитичкиот и медицински амбиент, но поголемото парче од нездравоста се произведува според системот на новинарските подвизи на еден колега кој убивал и вршел други злодела за да може прв да продава ексклузивни вести. Тоа се вика судир на интереси, али јебига, многу пари се во прашање: здравството ја обожава болеста на нацијата како што стаклорезачот ги обожава скршените излози, додека за политиката, болеста на нацијата е како седумдесетпроцентната влажност на воздухот во оранжериите за производство на орхидеи.
Нацијата ги прилагодува здравствените картони врз основа на автоматската ментална анализа на политичките пораки: почнува да полудува истиот момент кога ќе сфати дека не е нормално да е здрава. Вториот контингент пациенти односно пазарни импулси за отворање на нови болници доаѓаат од нагло сменетата исхрана на властодржците од редот на сељаците: нивните гласни жици, заби, желудници и панкреаси, не се во состојба без последици да го поднесат наглиот премин од комова на шетачот со црна етикета или од пржена урда и компир манџа на говедски јазик и рамстек во сос од суви сливи, мерло, смокви, ѓумбир и малку „ворчестер“.
Медицинските статистики забележуваат дека оваа група страда и по линија на сменетата подвижност: логичен е порастот на хемороидите во нивните шупаци како и други проблеми со дебелото црево затоа што едно е да седиш на ливада и да им свириш кавалски фуги на козите, а сосема друга работа е кога треба да трчаш во потрага по слободна ѕидна површина за кимовските пораки на Саканиот Водач. Во Скопјанг и во цела Северна Македонија. Или по гелските интервенции на тимбите од кои треба да се направат форми што се адекватни на кожата во министерската фотелја.
Таа, а и некои други групи, живеат во постојан страв дека ќе го загубат тоа што никогаш го немале ако батлерот на Гр Уевс Ки(м), поради интензивниот тремор, почне да прави јазли на врвките на чевлите Негови во моментите кога треба да ги врзе во надпрекрасната форма на неповторливите македонски пеперутки. Од тој интензивен стрес се добиваат чиреви на желудникот и на дванаестопалачното црево, кое кај оваа категорија македоноиди, поради наглото прејадување, знае да се продолжи на тринаесет, а често пати и на петнаесет палци. Дванаесетпалачното црево на Мартин Протуѓер, да речеме, е долго триесетичетири палци, а на Гордана Јанкуловска и на Благороднето Дулиќ има по 335 палци. Во овие слатки женички просто нема место за други органи. Има и обратни случаи: Влатко Ѓорчев, на пример, воопшто нема дванаестпалачно црево, што ја објаснува интензивната смрдеа на гомната што ги исфрла на јавната сцена. Тоа се, драги мои, чисти, нерафинирани гомна.
Дијафрагмата на овие луѓе им е постојано подигната, па имаат проблеми со дишењето, џигерот им е мрсен, репродуктивните органи им се вон погон и така натаму и така наваму. Тука спаѓа армијата министри, генерални секретари и останатата багра на која им е речено дека ќе добијат лиценца да се занимаваат со државните работи ако прифатат да бидат будали. Односно ако успеат да го продолжат времето во кое ние ќе прифатиме да бидеме будали. Конечно, спомениците во Скопје фрлаат некои луѓе во епилептичен транс, а кај други предизвикуваат мачнина и повраќање – емоционални реакции кои не можат да се санираат без адекватна медицинска помош.
Останатите припадници на славната нација ги продаваат нивите на своите прабаби, ги вадат златните заби, подигаат кредити, ограбуваат бензински станици и осамени патници на вторите први катови на еднокатните автобуси од Чајна, за да можат да го платат душевниот и физички ремонт на животите што ги возат по културнополитичките дупки што им ги копа малку режимот, а малку немоќта на опозицијата. Луѓето добиваат херпеси, запеци, па колитиси, спондилози и дискус хернии не толку од тоталитарноста на режимот како таква колку од невозможноста да сфатат како е можно еден таков оперетен пастир, речиси пастирче, да го персонифицира и да го гради тој беспоговорен систем со сопствените десет прста, плус помошта на потесната фрамилија. Диктатурата не е во човекот туку во народот.
Работите ги објаснува историската легенда која вели вака:
Двајца антички Македонци сереле во полето под катедралната пештера на дивата свиња во Пела кога нешто почнало да шушка во тревата. Првиот Македонец помислил дека шушка некој лав и уште недосран летнал да бега. „Лудак“, викнала кокошката. Вториот Македонец помислил дека во тревата шушка некоја кокошка и продолжил да сере, арно ама дошол лавот му го излижал газот и начисто го изел.
Ние сме од првиот Македонец: престануваме да сереме кога нешто ќе шушне и не нè интересира дали е тоа лав или е кокошка. Со извесна доза на експресивност може да се каже дека македоноидите се сапиенска подгрупа која во текот на еволуцијата престанала да сере. Во уметничка смисла најубаво и најточно ги доловува феноменалниот Блажо, разбираш. Во животинското царство владее уверување дека овие симпатични створенија ќе ја добијат битката за идентитетот, за името, за крвта и почвата за славата и неписменоста, оној момент кога ќе се осмелат да извикаат: сите ние сме Блажо, разбираш.
Се проценува дека меѓу пет и осум проценти од населението сè уште се здрави односно сè уште не се болни. Или им се чини дека не им е ништо. Планот на Владата е и тие да бидат опфатени со програмата „биди болен и ти“, прво за да се елиминираат како јадро околу кое може да се рехабилитира здравјето на нацијата и, второ, како пазарен импулс за зголемување на капиталните инвестиции во нови две до три илјади клинички болници.
Е, сега!?
Военомедицинската академија во Белград издаде соопштение во кое се тврди дека српскиот претседател е здрав. Убаво. Која инстанца може да го потврди тоа за премиерот на Бившата Република на која не ѝ даваат да се вика Македонија. Ако се знае дека ниту една медицинска установа не е спремна да го прифати тој ризик во однос на човекот кој се претставува како претседател.
Гр Уевс Ки(м) не може да умре во претседателски воз затоа што од возови кај нас функционира само риболовното превозно средство на релацијата од Скопје до Демир Хисар. Тоа е првата разлика меѓу братските народи на Северна Кореја и Северна Македонија. За Северна Осетија – не знам. Втората разлика ја прави македонската опозиција која мисли дека со амандмани на буџетот можат да се обезбедат пари за да се купи еден таков воз. Опозицијата во Северна Кореја никогаш немала муда за такво нешто. Тие се занимавале со формирање на совети за промена на политичкиот систем.
По шеснаесет порази по ред, Витас Герулаитис успеал да го победи Џими Конорс.. По натправарот Литванецот од Америка изјавил:
- Никој не може да го победи Герулаитис седумнаесет пати по ред!
Па, си мислам: да не има лидерот на опозицијата литвански корени, бе. Јас немам, ама тврдам дека никој не може да го победи Црвенковски седумнаесет пати по ред. Никој. Бројте, пичка ви материна блесава.
Умре Киро Глигоров, човекот кој за малку ќе ја надживееше државата што ја беше создал според мерката на својата маленкост. Но, и без него ние ќе знаеме да умреме. Македонија е сè што немаме. Последен поздрав.
Извор: globusmagazin.com.mk
Колажи: Свирачиња
Умре Киро Глигоров, човекот
Испратено на 04 јануари 2012 од KuroglavУмре Киро Глигоров, човекот кој за малку ќе ја надживееше државата што ја беше создал според мерката на својата маленкост. Но, и без него ние ќе знаеме да умреме. Македонија е сè што немаме.
Поголема вистина,здравје!!!
Koj e povekje bolen, onoj
Испратено на 05 јануари 2012 од RistoKoj e povekje bolen, onoj shto pishuva vakvi raboti ili onie za koi pishuva, pogodete!
Тешко прашање кое не се
Испратено на 05 јануари 2012 од Д-р ФројдТешко прашање кое не се одговара со нагаѓање туку со дијагноза!
Видиш, ме бендиса
Испратено на 04 јануари 2012 од Хулио-ганецВидиш, ме бендиса
коња,тричко,ѓеро, сорос морос
Испратено на 06 јануари 2012 од Тричкокоња,тричко,ѓеро, сорос морос и остали пувежи веќе никој не ве ни чита затоа немате ни коментари