Ганди не може сам

05.01.2012 16:59
Ганди не може сам

костури одат на отварање на новата фабрика во штип. не се поканети, но решаваат да одат и да поразговараат со пастир за пророштвото. знаат дека тешко ќе се разберат со политичари, но еби му мајката вреди да се проба. костури ко костури, паметни, киднапираат возач од јсп и крадат даблдекер. даблдекерот е претесен за костурската екипа и некои од нив решаваат да се качат на кров. нешто ко индиски воз препун со потомството на ганди. шес сабајле, први зраци на исток.

еден од нашиве костури го крстивме ганди пошто он го носи со себе пророштвото. но ганди ко ганди, му треба маса зад него за да привлече внимание. зар може ганди сам?


ги збра ганди костуриве и ете ги на пут. на удолница кај катланово костуриве качени на кров забораваат да си ги придржат лобањите на рамења и им се стркалуваат у провалијата кај што ги чека вардар. неколку отидоа под гумите на триплпакерот и се смрвени, дел се тркалаат на автопатот, а возачот го стрефуе срцев удар шо сè ова му се дешава у ниедно време и автобусот ја губи контролата и паѓа у катлановска провалија. се вртат многу пати, ганди се фаќа за лобања, но џабе.

експлодира све тоа и коски се распрснуваат на сите страни. од јаката експлозија костурите се изместија без врска. лобањите без поддршка на ’рбет и клучни коски се тркалаат без компас. ганди лета у ваздух се расклопува у лет у топка и паметно паѓа на падината на еден рид и сигурно се тркала до подножје, на метар од автопат. костурите што останаа без лобањи фаќаат пешки, а други коски пловат по говнардарот преку велес. костурски хаос. дланки и колена се тркалаат, бутни коски скакаат по гранки, беспомошни од волците што им ржат и ги кршат.

се разденува, а процесијата на пастир поминува по автопатот.

костурите не се сигурни што да прават и фаќаат секој сам. ганди е тука, но тие се распрснати, према тоа нема водач. еден костур без глава дига рака, а пастировиот шофер се избезумува, кочи, го зачукува костурот и го праи парче, на што костурите што ја видоа ситуација ја напаѓаат процесијата зад пастир од сто коли полни со лопати и ножички за сечење црвени ленти. костурската реакција е разбирлива. костурите од вардар прават хидро тркало катапулт и се лансираат до автопут да им се придружат на браќата во битката со секташите.

ганди не можеше ништо да напраи, пошо беше отишол многу напред.

во меѓувреме костурите во близина на автопатот се самоорганизираат и го бираат костурот обама за лидер поради невообичаената боја на коска. нема време за специфики и квалитети, смиреност и закани за штрајкови со глад. време е да се мава.

обама ги групира коските што се најдоа во близина. бутните коски и шаките ги става во одред, лобањите ги организира како ѓулиња, а ‘рбетите ги групира како стрели. обама им наредува на групациите да маваат како стигнат. стрели, ѓулиња и бутни коски кршат шофершајбни, врати и шофери на педери. во првите неколку коли беа тврдите педери кои се шибаа со куровите по лице, а костурите преку шофершајбни им влегоа низ граден кош, срце и мозок и ги черечат на место. тука се вртат мерцедеси на опачки, експлодираат, кочат, настанува права војна од судири на коли, напад на коски, шакали и чавки врз сектата.

на пастир мерцедесот се врти од сударот 360 степени и мава у едни дрва; поради грешката на шоферот, пастир го ликвидира на лице место, си става прст у г’с и полетува кон штип. следат и овие што се спасуваат, бутаат прст у г’с и у ваздух. малце се, а костурите ги досредуваат овие што остануваат. ги мaваат со лопатите до смрт. една лопата еден пастировец; ги маваат од плеќи, ноѕе, бубрези. пастирофци мртовци на аутопут куп.

но, обама е заебан, зема коска ја мава од асфалт, коската се издига на неколку метра, паѓа залетана, а обама со шака ја запукува кон пастирофците што летаат. директ у врат. еден пастировец долу. лобањите го следат истиот пример, се маваат една од друга и ги спуштаат пастирофцитe еден по еден од лет.

останува пастир кој по секоја цена оди за штип. го избегнува последниот ‘рбет кој се осуди да го убие. обама се нервира, но заборава дека костурите го имаат ганди.

ганди не знае што се случува на автопатот. веќе го следат некои од костурите кои одлетаа понапред. ганди го следат и мравки, чавки и работници од светиниколско поле со гребла и мотики. по пат се собираат мртофци од штип и селата, радовишко и останати. доаѓаат мртовци од кочанско. ганди знае дека не може сам.

стигаат до џонсон контролс дупката, а тамо пастир го нема.

ганди го прашува гуштерот:

каде е пастирот?

ене го онде у дупка, чека ножици да му донесат, вели капиталистот.

ганди тажен се расплакува, а илјадите мртофци го газат и одат во дупката и легнуваат врз пастир. се прави права масовна гробница.

гуштерот тука ја пушта машината за малтер. бетон ко од вруток тече врз костурите и пророштвото се остварува. ганди не може сам и оди да го бара обама.

Илустрација: Бенедета Боничи

Да ти го инфилтрирам у грло

Да ти го инфилтрирам у грло преку скајп, бива ли???

Тешка глупост. Eдинствено со

Тешка глупост. Eдинствено со што зрачи „расказов“ е фрустрација, негативна енергија и мрак, да не кажам дефетизам.

Куп фрустрации собрани на

Куп фрустрации собрани на едно место од човек кој никогаш нема ебено. Според мене, термин кој одговара на ова твое однесување е акутен неебитис проследено со шизофренија. Види, провери се на психијатар, може ќе се најде лек и за тебе. На крај краева па постои и лудачка кошуЉа.

п.с. За да не се трудиш да ме нарекуваш идијот, како и сите претходно, сам се нареков. Да ти го заебам меракот.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото