Аир од реформите

09.01.2012 12:36
Аир од реформите

Проблематична татковина

„Балканот не е добар кон своите политичари. Значи ќе помине некое време пред придонесите на Глигоров да бидат признати во неговата проблематична татковина. Но, тој постигна нешто што други лидери на Балканот во 1990-тите години – и во многу други времиња и места – не можеа, или не сакаа. Тој ја држеше својата земја понастрана од војна.“

Кристофер Хил, во колумната „Македонскиот човек на мирот“

Закани од секоја шуша

„И кај нас во весникот не само од Владата и од Парламентот, не само министрите и градоначалниците, туку секоја шуша вчера примена по партиска линија во јавна служба си дозволува да се јавува и да праќа СМС пораки. И тоа со истите закани како Претседателот на Германија. Дека ќе тужат и дека ќе ги прекинат односите со весникот. Кога се јавуваат кај мене, задолжително засилуваат со уште две закани. Дека ќе ги прекинат рекламите. И дека ќе му се јават на Керим.“

Горан Михајловски

Единство без народ и опозиција

„Единството, ден претходно, на Бадник, отсуствуваше и на отворањето на Портата Македонија во главниот град, кога поради сувиот студ изостана народот, но ја немаше и опозицијата.“

Единствениот Зоран Димитровски, во колумната „Божик без делби“

Што знае Никола што се неколку стотини милиони евра?

„Да, јас стојам зад овој проект, сметам дека е добар, квалитетен и корисен и дека нема ништо лошо во него.“

Никола Груевски, за „Скопје 2014“, на отворањето на „Порта Македонија“

Гебелсова пропаганда

„Без поддршката на сите вас, тешко дека ќе можевме да се спротиставиме на една добро политички и партиски, мотивирана и организирана хајка, на една гебелсова пропаганда од најнизок тип, и на едно бескорпулозно ’бришење на под’ со секој кој ќе се осудеше, на пример, минатата или годината пред неа, јавно да каже што било позитивно за овој проект.“

Никола Груевски, пред грст народ, на отворањето на „порта Македонија“

Целосно не е точно

„Една од главните тези е дека власта ги узурпирала пратеничките прашања за самопромоција. Тоа целосно не е точно.“

Илија Димовски, извршител на самонарачани премиерски прашања

Опозицијата дозволи?

„Опозицијата како таква е чиста среќа за власта а голема несреќа за нас. Таа дозволи власта се да урива. Да урива колосални проекти, да урива медиуми, да урива згради, да урива финансии, да урива судство, да урива јавна администрација, да урива луѓе. А да дигне споменици.“

Мерсел Биљали, во колумната „Слеп водач“

Ајнштајн и ништото

Алберт Ајнштајн рекол: „Ако сакате да избегнете критика, не кажувајте ништо, не работете ништо и бидете ништо“. Верувам дека сите заедно имаме поинаква цел - да направиме нешто и да бидеме нешто.

Катерина Блажевска, во колумната „Ништо или нешто“

Љубов и единство пред Божиќ

„Лицето Јован Вранишковски кога е во Србија нè нарекува Срби, кога е во Грција вели дека сме Грци, а кога е во Бугарија нè нарекува Бугари. Тоа е доказ дека на сите наши соседи им ја нуди македонската нација како аморфна маса.“

Владиката Петар, потписникот на „Нишкиот договор“, проповеда љубов и единство пред Божиќ

Аир од реформите

„За почеток на годинава ќе си прашам како Настрадин-оџа, кој тепал превентивно: Почитувана Владо, врви шестата година откако се почнати суштинските реформи во повеќе области. Имате признанија дека сте перципирани како реформистичка постава. Ама, нели е ред и ние граѓаните на оваа држава да видиме аир од тие промени.“

Мирка Велиновска, после шест години ѝ текна да почне да си ги бара реформите

 

Избор: Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото