Светисавски лузни

11.01.2012 12:48
Светисавски лузни

Епилог: Дваесет и една година подоцна

Деновиве, откако претседателот Тадиќ го помилува актерот Лаушевиќ, неколкумина пријатели и познајници ме прашаа дали има некаква врска меѓу прекинатата изведба на мојата претстава „Свети Сава“ во Југословенско драмско позориште во Белград на 31 мај 1990 година и истрелите со кои, „во пречекорена самоодбрана“, Жарко Лаушевиќ одзеде два животи во Подгорица на 30 јули 1993 година. Само еден ден пред објавувањето на помилувањето, актерот Бајруш Мјаку ми ја донесе од Белград книгата на Жарко Лаушевиќ „Годината поминува, денот никако - дневник за една робија“ продадена во над стотина илјади примероци. И не беше тоа единствената зачудувачка коинциденција: неколку дена претходно, без да знам дека со декрет за помилување претседателот ќе ја прекине голготата на големиот актер, на мојот ФБ профил поставив еден видео клип на кој може да се види драмата на прекинувањето на претставата „Свети Сава“, кога група шешељовци и светосавци со пеење, врескање и пцуење го укинаа театарот.

Она што се случи таа ноќ и она што се случуваше во месеците и годините потоа се изроди во организиран верско-политички линч чија мета беа Жарко и неговото семејство, а истрелите во Подгорица беа трагичен климакс на тој погром.

Мојот одговор на неизговореното прашање од љубопитните пријатели и познаници е недвосмислен: Жарко не е убиец, Жарко е жртва на осиленото верско и национално лудило.

Пролог: Две патерици и еден бастун

За драмскиот текст „Свети Сава“ (добитник на наградата „Бранислав Нушиќ“ за 1988 година) слушнав зимата 1989 година. Не си спомнувам веќе кој ми се јави прв, авторот Синиша Ковачевиќ или Милорад Вучелиќ, уметничкиот директор на тогаш успешниот белградски театар „Звездара“. Синиша Ковачевиќ не го познавав, но со Вучелиќ се познававме од крајот на седумдесеттите години кога тој, заедно со Драган Кљакиќ, раководеше со култниот Студентски културен центар. Вучелиќ беше организатор на триумфалното гостување на Театарската работилница ФФ во 1982 година со моите претстави „Најмалото театарче на светот Зелената гуска“ и „Како трупата Сини блузи ќе ја прикажеше Животинската фарма од Џорџ Орвел“. Два дена по јавувањето, со експрес-препорачана пратка од Вучелиќ го добив текстот во кој авторот Ковачевиќ низ набиено модерно драмско писмо раскажува една современа и само навидум средновековна приказна. За да ја зацврсти и хомогенизира државата, принцот престолонаследник се откажува од круната и се замонашува за да создаде моќна црква. Под монашката мантија се крие Макијавели. Знае дека гревовите што ги прави не се христијански и сурово си го казнува телото, но не запира во истребувањето на оние кои ги смета за препрека во остварувањето на својот политички сон: Силна православна држава. За да го овековечи својот проект, тој ја аранжира и сопствената смрт за да послужи таа за раѓањето на легендата за светецот чија саможртва ќе биде темел на националниот мит.

Не го излажав нестрпливиот Вучелиќ кога му кажав дека текстот ми се допаѓа. Не го излажав ни кога му реков дека би било подобро режисерот да биде Србин, а не Македонец. Релативизирањето на светосавскиот мит, срцевината на српството, кое беше во подем под новиот Вожд, полесно ќе се голтне доколку тоа го направат самите Срби. Но Вучелиќ и Ковачевиќ инсистираа јас да режирам, не гледаа никаков проблем во мојата националност и дури ми префрлаа дека сум параноичен.

На крајот ја прифатив нивната покана да појдам во Белград за да се уверам дека мојата скепса е неоправдана. Јас и онака требаше да одам во Белград на разговор со Милорад Павиќ за да ја добијам неговата согласност мојата адаптација на неговиот роман „Предел сликан со чај“ да ја поставам во театарот во Зеница.
Со десната нога во гипс и со две патерици се испентарив во ноќниот воз Скопје-Белград и право од станица отидов во театарот „Звездара“. Таму ме дочекаа Вучелиќ, Ковачевиќ и неколку актери од „првата белградска лига“ (Љуба Тадиќ, Данило Стојковиќ, Лазар Ристовски, Данило Лазовиќ и, мислам, Петар Божовиќ). Јас им ги повторив моите резерви, но тие беа еднодушни во решеноста да го играат „Свети Сава“ во моја режија. Јас дефинитивно се согласив. По состанокот, јас и Данило Бата Стојковиќ, кој потекнува од мавровските села, се симнавме заедно по скалите. Јас се потпирав на патериците, а тој на бастунот. Се разделивме срдечно и секој си влезе во своето такси. Јас му кажав дека одам кај Милорад Павиќ. Не си спомнувам дали тој ми кажа дека ќе оди кај Патријархот. Но, легендата вели дека актерот Данило Бата Стојковиќ веднаш по пристигнувањето во Светиот синод на Српската православна црква кренал тревога дека ќе се поставува „драма против српскиот народ и црква“.

Вревата што се крена беше толкава што театарот „Звездара“ веднаш крена раце од претставата. Не помогна ни јавното читање на драмата во Театарскиот музеј на Србија проследено со дебата на која текстот бил фален, но чаршијата продолжила да ја преде приказната за безбожната и антисрпска драма.

Не помина многу време, можеби година или две, Милорад Вучелиќ излезе од под скутот на Мира Марковиќ, стана еден од лидерите на нејзината партија ЈУЛ и моќник на режимот на осилениот Вожд.

Прв чин: Една година подоцна, парното кај Жарко не работи

Молкот што го покри „Свети Сава“ потраја цела година, до следната зима, кога ми се јави стариот театарски волк Радован Марушиќ, сценограф и директор на Народно позориште - Зеница, да ме праша дали би го режирал „Свети Сава“ во неговиот театар. Му одговорив дека би го режирал, но дека тој во својот ансамбл нема актер за насловната улога. Но, стариот волк имаше кец во ракавот: „А дали Жарко Лаушевиќ ќе ти одговара?“ Во тој миг Жарко беше најдобриот и најпопуларниот млад актер во Југославија. Не можев да посакам посоодветен Свети Сава. Седнав пак (овој пат без патерици) во ноќниот воз Скопје-Белград и отидов на разговор кај Жарко дома. За да се загрееме (пумпата од парното му беше цркнала) пиевме црногорска лоза (Жарко беше од Цетиње) и разговаравме за да утврдиме дали можеме да соработувме. Завршивме со тоа дека многу сакаме да го работиме „Свети Сава“. Во зборникот „Културата на власта - индекс на смени и забрани“, издадена од Радио Б92 во 1994 година, театрологот Александар Милосављевиќ цитира дел од мојата режисерска белешка за претставата: „Поаѓајќи од историската подлога, но не почитувајќи ја сосема, драмата на Синиша Ковачевиќ зборува за тема која ми се чини битна - тоа е цената што човек мора да ја плати доколку сака да го менува светот со политички средства. (...) А цената што ја плаќа Растко Немањиќ е цената што ја плаќаат сите подвижници на ‘општите нешта’ - од средниот век до денес. (...) ‘Свети Сава’ е сценско преиспитување на проблемот дали во себе сме го надминале романтизмот и потребата од митови, дали сме излегле од деветнаесеттиот век. Драмата го релативизира митот така што ја открива болната свест на протагонистот за жртвата што ја принесува на олтарот на историјата“. Можеби овој цитат кажува околу што сме се разбрале со Жарко.
Гостувањето на „ѕвездата“ Жарко Лаушевиќ му даде крилја на зеничкиот ансамбл во кој имаше и Срби и Хрвати и Муслимани. Жарко беше обожуван зашто не се штедеше и не се однесуваше како ѕвезда. Неговата страст за претставата беше огромна и тој штедро ја споделуваше со сите што играа во претставата. Паметам дека Жарко лично ги кореографираше и вежбаше сцените на егзерцирот на приватната војска на монахот Сава кои ги изведуваа членовите на локалното боречко друштво. Ансамблот дишеше како еден, понесен од актерското мајсторство на Жарко и неговата харизма која, парадоксално, извираше од неговата добрина и скромност, па дури и срамежливост.

Жарко Лаушевиќ во сцена од филмот „Бој на Косову“

Последните денови пред премиерата ги живееме трескавично. Секој ден носеше ново креативно изненадување. Најпрвин, огромниот подвижен ѕид на Радован кој се лизгаше по сцената, потоа звуците на Ксенија кои ја натопија претставата со атмосфера и, на крајот, мигот кога проработи грамадниот механизам од запченици кој го покриваше задниот ѕид од огромната зеничка сцена.

Дури на денот на премиерата директорот Марушиќ ми кажа дека од едно српско село недалеку од Зеница имало закани со подметнување експлозив во театарот. Попладнето, полициските вештаци за експлозиви го прегледаа целиот театар, а обезбедувањето се распореди низ театарот. Премиерата помина триумфално и без инциденти, а репризите се играа пред преполна сала. Претставата беше селектирана за „Стериино позорје“, фестивалот на југословенската драма и театар во Нови Сад.

Втор чин: Од закани до обвиненија за католичко-мусиманско-македонски заговор

Морничава беше атмосферата пред изведбата во Нови Сад. Одново закани со подметнати бомби, но и закани дека од гледалиштето ќе пукаат во Жарко! За да го заштитиме, во левиот и во десниот портал сместивме двајца телохранители кои, со вперени погледи во гледалиштето, требаше навреме да ги откријат и оневозможат атентаторите. И одново претставата помина без инциденти и со многу аплаузи и овации. Паметам дека актерот Владо Јовановски, кој тогаш ми беше студент, по претставата егзалтирано ми рече: „Сега сфатив кој ми е професор!“ До доцна во ноќта славевме во ресторанот „Кец“. Мешано театарско друштво од државата која веќе се распаѓаше и двајца телохранители, другари на Жарко од Цетиње. Паметам дека Жарко направи гест во чест на Истреф и Фарук Беголи и нарача косовска (шиптарска, како што велеа тогаш) песна.

Утредента, на Тркалезната маса на критиката, Хрватите и Словенците главно си молчеа. Комплиментите за претставата ги изговорија српските, црногорските и босанските критичари. А откако заврши тркалезната маса, некои хрватски критичари се правдаа велејќи ми дека претставата всушност била „просрпска“.

Попладнето во Белград, одејќи кон Југословенско драмско позориште, Ема и јас налетавме на неколку дузини млади луѓе кои со транспаренти во рацете протестираа против изведбата на „Свети Сава“. Беа тоа ученици од белградската богословија, измешани со милитантни хулигани. Не паметам веќе кој ми кажа дека шешељевци и светосавци купиле и билети и дека не се исклучени инциденти. Но знам дека од управителот на Југословенско драмско позориште Јован Ќирилов барале да го откаже гостувањето и му се заканувале со инциденти. Знам и дека на мајка му на Жарко на телефон ѝ соопштиле дека ќе ѝ го убијат синот на белградската сцена. Изјавата на Шешељ по инцидентот го потврди ова, зашто тој рече дека демонстрантите би требало да се земат во заштита дури и во случај тие патем да ги испоубиеле сите актери во „Свети Сава“.

Тоа беше добра, чесна претстава, го читам денес Жарко. Да, претставата беше чесен театарски чин и поради тоа што претставуваше политичка метафора за злосторите што ќе се случат во името на верите и нациите, додавам јас денес. Кога таа претстава се обидов да ја одиграм во својот матичен театар, се случи еден од најмрачните настани во историјата на југословенскиот театар. Војислав Шешељ, лидерот на Радикалната партија, засилен со бившиот поп Жарко Гавриловиќ и неговата (Српска светосавска) странка, дивјачки ја прекинаа мојата претстава и ја оневозможија нејзината изведба. Јас мислам дека граѓанската војна во Југославија почна таа ноќ, пишува Жарко.

Не поминаа ни три минути од почетокот на претставата, кога салата зовре. Јас сум зад сцената, Жарко е сам на просцениумот: Од балконот и од последните редови во партерот светка омраза и едноумие. А за да не делуваат премногу банално, некои ја пеат химната на Свети Сава. Некој ми довикува „Усташа!“... Друг вика: „Засрами се, Обилиќу!... Сам сум на просцениумот. Зад мене построени четириесетина актери. Тоа личи на отстрел... Го полагам најважниот испит во животот. Пред моите родители, професорот, пред својот театар, пред јавноста, историјата. Да се повлечам пред толпата, прифаќајќи го нивното „марш од сцената!“ или да се борам за слободата на професијата, за достоинството? Еден висок полициски офицер, од суфлерското место ми поднесува рапорт дека во салата има триесетина демонстранти и дека некои се вооружени: „Ако вие сакате, Лаушевиќ, полицијата ќе интервенира, но... може да има мртви.“ Се преправам дека не го слушам неговиот „предлог“.Три дена „бранителите на српството“ се закануваат преку сите весници и телевизии дека ќе го направат ова. Одвај влегов во својот театар од многуте полицајци, а потоа истата таа полиција ме известува дека демонстрантите во салата се вооружени!

По дваесет и една година, читајќи ја книгата, дознав дека предлогот за полициска интервенција што го одбив јас, претходно го одбил и Лаушевиќ. Но јас не морав да се преправам дека не сум го слушнал предлогот. Јас бев зад сцената и го одбив полицискиот офицер кога ми предложи со употреба на сила „да го расчисти“ театарот.
Ги гледам татко ми, мајка ми, професорот, ги гледам оние седум стотини гледачи. Глумам дека сум јак. „Браќа! Срби! Погледнете се над светиве мошти кои ви дарија живот! Стефане! Вукане! Подајте си ги еден на друг своите раце и срца. Господ ги чува Србите! Мораме и ние малку да му помогнеме во тоа...“, се обидувам да се изборам за претставата, изговарајќи го долгиот монолог со кој Сава ги измирува своите закрвени браќа. Наеднаш, молк во салата. Сите следат внимателно. На крајот, се истура силен аплауз во салата. Ми аплаудираат и демонстрантите. Но, кога најавив дека ќе ја почнеме претставата од почетокот - се сетија зошто се доведени и станаа уште посериозни: „Надвор, надвор!“
Дали јас се надевав дека сепак ќе ја одиграме претставата? Посакував да се случи чудо заради сите оние кои плачеа зад сцената, но знаев дека нема чуда во Милошевиќева Србија која одлучила „да ѝ покаже заби на Југославија“ која среде Белград ѝ приредила претстава која е „муслиманско-хрватско-македонски заговор против српскиот народ и црква“. Посакував чудо заради Синиша, заради Жарко, заради нивните семејства. Тие требаше да останат во таа Србија, а јас се враќав во Македонија, сè уште отпорна на лудилото. Си мислев (или сакав да мислам) дека ќе остане таква, но заборавив дека ниту еден народ, па ни македонскиот, не е имун на клерофашизмот.

На разгневената толпа од сцената ѝ се обратија и актерите Бранко Цвејиќ и Александар Берчек. Милена Дравиќ се расправаше на балконот. Ја „почестија“ со извици „комунистичка курво“. Борка Павиќевиќ им довикна на демонстрантите дека „ќе бидат одговорни за конц-логорите“.

Овој пат се работеше за сојуз на црквата и радикалите. Дали барем еден од овие луѓе ја гледал претставата, ја прочитал драмата? Не, групата подбуцнати чувари на православието изнајде одличен повод да демонстрира патриотизам и да почне да вреска поради загрозеното српство.

Петнаесетина години подоцна, на скопскиот плоштад се соочив со иста ваква група подбуцнати чувари на православието кои со пцости и клоци демонстрираа патриотизам и врескаа поради загрозената македонштина.

Залудна беше таа наша упорност. Денес таа ми делува и жално, зашто очигледно е дека Некому му беше многу важно да се случи тој скандал.

Не си спомнувам колку траеше хаосот во салата, не си спомнувам ни точно кога и како до нас стигна личната закана од Војислав Шешељ: „Нека не ви паѓа на ум да ја играте претставата во 23 часот ако ви е мил животот!“
Да не беше таа ноќ, немаше да добивам закани дека ќе бидам ликвидиран. Поради истата причина, набргу по овој настан, посоветуван од полицијата, купив пиштол, а по уште еден немил настан во „Бојан Ступица“, значи под истиот покрив, истиот пиштол почнав везден да го носам со себе во кожената торба, завршува Жарко.

Трет чин: Тешкиот ден не завршува со мачната ноќ

Како наврнати молчиме во театарската гардероба на Лаушевиќ: Жарко, Синиша, јас, нашите сопруги и професорот на Жарко, Миња Дедиќ. Таа вечер, Миња постапи како Професор, не го напушти својот студент. Молкот го прекина доаѓањето на Раде Радовановиќ, новинар и писател, кого го познавав како член на Здружението на југословенската демократска иницијатива, првата екс-Ју невладина организација, формирана на крајот од осумдесеттите години. Раде дојде да нè предупреди да не излегуваме од театарот зашто групи вооружени луѓе нé чекаат и пред и зад ЈДП.
Потоа се појави млад човек во црно кој мрморејќи на француски се претстави како Comte d’ Anjou (Гроф анжујски!?) и секретар на владиката Данило и почна да меле дека дошол во името на Светиот синод на СПЦ да изрази жалење и да ни соопшти дека црквата нема врска со инцидентот. На Синиша му прекипе и го прекина „грофчето“: „А демонстрантите во црно од која богословија беа, море грофе?“ „Грофчето“ почна да пелтечи за гулабите и јастребите во Синодот, за владиката Амфилохије, но Жарко, кој беше верник и кому владиката Данило му беше кум, го прекина одбивајќи да слуша како православните клерици си ги мијат рацете.

Од зградата на Југословенско драмско позориште си заминавме во два и пол изутрина, откако Раде Радовановиќ ни кажа дека „чекачите“ се откажале и си заминале.

Утредента се вративме во Нови Сад. Јас и Ема го гледавме Жарко како одново блеска во насловната улога во „Кањош Мацедоновиќ“. Се разбира, прекинувањето на „Свети Сава“ беше тема на денот. Задоцнетото внимание на претходно молчаливите критичари не ми годеше. Задоцнетите комплименти и загриженост уште помалку. „Свети Сава“ ја доби наградата на Тркалезната маса на југословенската критика за најдобра претстава, Жарко ја доби Стериината награда за најдобра улога и наградата на публиката, а Синиша Ковачевиќ - Стериината награда за најдобар драмски текст.

Режимот на Милошевиќ се огради од прекинувањето така што му го припиша на Српскиот покрет на отпорот, а Српската православна црква енергично се огради од акцијата на светосавците на распопот Гавриловиќ. Но, владиката Амфилохие во интервјуто за „Експрес политика“ фрли анатема врз авторот и актерот. Најавените покани за повторно гостување на „Свети Сава“ во некој од белградските театри ги снема по изјавата „Зеничкиот ‛Свети Сава' ќе дојде во Белград само преку мене мртов“ на еден од најмоќните српски десничари во културата, толку моќен што ни Милосављевиќ не му го спомнува името во својот текст. Но, скандалот беше толку непријатен што дури и Вук Драшковиќ мораше јавно да се огради од изјавите на својот кум Шешељ и да го осуди поради тоа што со сила тргнал против уметноста.

За да го ублажи нападот против претставата, десетина дена подоцна редакцијата на „Вечерње новости“ организираше дебата која веројатно требаше да заврши со „покајание и помирување“. Атмосферата на белградските улици беше зовриена тој ден зашто Вук Драшковиќ беше организирал масовен протестен собир. Јас бев единствениот „виновник“ што се појави на дебатата. „Обвинението“ го застапуваше музикологот Драгутин Гостушки, а „одбраната“ актерот Драган Николиќ. Негде во мојата архива се наоѓаат неколкуте броеви на „Вечерње новости“ во кои како фељтон беше објавен транскриптот од дебатата која требаше да го „цивилизира“ варварскиот чин. А врв на лицемерието беше поканата заедно да појдеме на ракија во монуметалниот храм „Свети Сава“ чија купола се надвиснува над Белград. Не знам дали Гостушки и неговите истомисленици мислеа дека тоа поклонение ќе ме освести за сторениот „грев против светецот“, но ни јас ни Ема не доживеавме просветление во огромното, тогаш голо бетонско здание.

„Учеството на дел од српската интелигенција, без оглед на либералната традиција пред сѐ, на белградската интелигенција во поглед на создавањето на атмосферата околу претставата 'Свети Сава', несомнено е негативно, а скандалот поврзан со оваа претстава беше само врв од ледениот брег. Под површината на таа нам толку далечна 1990 година веќе можеше да се насети целиот ужас на деновите што доаѓаа,“ го завршува својот текст театрологот Милосављевиќ.

Предупредувањето што го добив по враќањето во Скопје дека белградското подземје подготвува атентат врз мене (шанкерот од бифето во ноќниот воз Белград-Скопје ѝ пријавил на милицијата на скопската железничка станица дека слушнал како двајца патници на српски ме спомнувале како мета за ликвидација) не предизвика никакви последици освен краткотрајна „невидлива“ полициска заштита.

На 27 јули таа година, на Театарските игри на Босна и Херцеговина во Јајце, претставата „Свети Сава“ ги освои сите награди. Не бев таму кога се играше претставата, но не можев да одбегнам да присуствувам на свеченото доделување на наградите зашто авторот, актерот и композиторката Ксенија Зечевиќ не можеа да присуствуваат. Организаторите на фестивалот ме предупредија дека заканите сѐ уште се актуелни и дека „некој“ ќе дојде да ме земе од сараевскиот аеродром. Тој некој беше Миро Ласиќ, директорот на МЕСС. Се возевме до Јајце во службениот голф на фестивалот придружувани од милициски голф.

А што се случуваше со Жарко тие денови? Владиката Амфилохије му забрани влез во црквите во црногорската епархија за која беше надлежен. Жарко мораше да го испрати семејството кај родителите во Цетиње зашто заканите не престануваа. Се слушавме често, а еднаш и се видовме кога ЈДП гостуваше во Скопје, но Жарко не се поплакуваше. Се чинеше дека заборавот го прекрива насилното прекинување на нашата претстава, особено откако таа престана да се игра поради војната која се надвисна над Сараево и Босна.

Четврти чин: Темна е подгоричката ноќ

Шок и неверување ме обзедоа кога дознав за она што се случило таа кобна јулска ноќ во Подгорица, кога Жарко и брат му застанале да јадат на враќање од црногорското приморје. Знаев дека Жарко не можел ништо друго освен да се брани. Знаев дека можел да употреби оружје само ако немал друг излез. Не знаев само дали напаѓачите знаеле кого напаѓаат или само се нафрлиле врз некој што им се чинел лесен плен. Во деновите и неделите потоа, единствен релевантен извор на информации ми беше нашиот пријател, новинарот Божо Копривица, со кого прибиравме пари за адвокатите. Божо му остана другар и кога мнозина од театарскиот еснаф го пуштија Жарко низ вода. Божо беше тој што ми кажа за заканите со крвна одмазда врз децата на Жарко. За семејството на Жарко веќе ни Цетиње не било безбедно. Разводот и селидбата на сопругата и децата надвор од тогашна Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора) беа единственото решение.

По неколку години робија, Жарко беше пуштен од црногорскиот затвор и се врати во Белград. Но, голготата не беше завршена.

Уште го паметам неговото јавување во ноќните часови кога ми се јави од Скопје! Ми кажа дека е на поминување, ќе преспие кај некоја негова роднина (ја запознав Мирјана неколку години подоцна) и дека в зори ќе замине преку Атина за Дубаи каде што го чека американска туристичка виза. Зошто, го прашувам јас, а тој ми вели дека е поднесено ново обвинение!

Петти чин: Во илегала

Десет години по прекинувањето на „Свети Сава“ седам кај Жарко во станот на Стејтн Ајленд. Стејтн Ајленд е во Њујорк, но како да не е. Преку реката се гледа Менхетен, но овде зградите се како оние во Карпош III. Во нив живеат главно легални или илегални доселеници од бившите комунистички земји и од „третиот свет“. Ходниците мирисаат на манџи, а најмногу на расолница. Жарко е илегалец во САД, Србија распишала меѓународна потерница по него. Се издржува така што молерисува станови, главно кај доселениците од бивша Југославија. За среќа, неговата втора сопруга, некогашна шминкерка во ЈДП, заработува пристојно во бродвејските театри. Неговата прва сопруга и децата од првиот брак живеат во Чикаго, така што Жарко често се гледа со нив. Не се жали ни кога вели дека никогаш нема да научи доволно добро англиски за да може да работи како актер.

Таа вечер во него видов испосник кој не може да си прости грев кој не е негов. Зашто, престапот што го направил беше изнуден од безмилосноста и бруталноста на времето. Во таквите демонски времиња насилниците се заштитени, а жртвите се изложени на прогон.
Ручекот договорен за следниот ден Жарко го откажа зашто мораше да приврши некој молерај.

Шести чин: Најпосле, катарза?

Античките трагедија завршува во петтиот чин, но голготата на Актерот не се вклопува во овој жанр. Не знаејќи дека од правливата архива на некој белградски суд сѐ уште демне налогот против него, Жарко во Конзулатот на Србија во Њујорк поднесува барање за пасош и, се разбира, во барањето ја наведува њујоршката адресата на која (илегално) живее. Неколку дена подоцна, во 5 часот изутрина, го буди ФБИ и го притворува поради илегален престој во САД и поради налогот на белградскиот суд. По неколкуте месеци поминати во еден злогласен затвор, њујоршкиот суд одби да го испорача на Србија и го ослободи од обвинението за нелегален престој во САД.

Нашата, засега, последна средба се случи набргу по излегувањето на Жарко од њујоршкиот затвор. Одново сме на Стејтн Ајленд, но сега во поголем стан. Жарко лично ја зготвил вечерата. Ужива во готвењето, но не и во јадењето. Некаква светлина му го озарува лицето кога зборува за своето затворско сликарство. Остарел, а сепак сѐ уште го подмладува онаа младешка ведрина која го правеше поинаков од неговите колеги. На лицето се гледаат лузните, но кога ќе проговори, тоа е пак оној Жарко со кого пиевме лозова меѓу студените радијатори. Неговата светлина не изгаснала и по сѐ што преживеа.

Одвај ја чекам нашата следна средба, овој јануари во Њујорк. Радоста нема да ми ја помати сознанието дека оној грамаден механизам од запченици што со чкрипење се заврте на крајот од „Свети Сава“ сѐ уште гази, гмечи, дроби...

Драматург прашања за тебе.

Драматург прашања за тебе. Дали денес би режирал претстава наречена МУХАМЕД која би се одржала во иста таа босанска Зеница? Дали бевте свесни дека провоцирате до максимум во таа зовриена атмосфера и која очекувавте да биде реакцијата кога навредувате национални херои? Добро завршена работа во стил на агент-провокатор несомнено. Денес и после толку години го правиш истото, не критикуваш, се обидуваш да навредуваш, етикетираш и фабрикуваш приказни, правиш поделба и раздор.

„Фројд“, се’ помалку има

„Фројд“, се’ помалку има сомневање дека вашата агенда („преродбата“ на Фамилијата) е недвосмислен фашизам, како и да го свртиш. Многумина аналитичари ја споредувале политиката на пастирот со онаа на Милошевиќ, а и ти, „Фројд“, отворено го браниш и се залагаш за тој концепт. Луѓето што ја прекинаа претставата на Милчин беа наци фашисти и истите наскоро по дивеењето во Белград ја започнаа војната против другите Ју републики. Разуларените шешељевци и аркановци (водени од тајните и криминални служби на Милошевиќ, чии шефови главно се во хачките затвори)главно убиваа и пљачкаа Муслимани и Хрвати (гинеа и Македонци во редовите на србизираната ЈНА). Наци фашистите убиваа и прогонуваа и Срби, се разбира, кои не мислеа како нив. Од Србија во текот на деведесеттите испобегаа најспособните и најумните, главно млади и образовани, под чизмата на Милошевиќ. Станува збор за повеќе десетици илјади млади луѓе, денес расеани ширум светот. Но, уште поголем зулум беше направен во Босна: убиени над сто илјади луѓе, истерани од своите домови два милиони луѓе (Босна и Хрватска).
И, ти, „Фројд“, груевистички испрдоку, бедно хитлерче од скопското мрачно сокаче, велиш дека Милчин ги провоцирал фашистите и дека и денес го заслужува истото?!
Маските паднаа, ко што велиш, „Фројд“, имбецилу! А под маските се вашите гнасни и грди фашистички лица!

Јас не ги бранам тие што

Јас не ги бранам тие што прекинуваат претстави но нешто такво би очекувал а убеден сум дека такво нешто очекувале/посакувале и протагонистите. Двете страни се екстремни. И поштедиме со фашизам/нацизам етикети тој концепт е пропаднат исто како и комунизмот. Време е за еден современ национализам кој веќе започна да се шири низ Европа. Национализам кој не дискриминира туку ги брани националните вредности. Поздрав - Good night left side.

kakov e toj nacionalizam shto

kakov e toj nacionalizam shto ne diskriminira bree gnido edna neobrazovana. SHTO ZBORUVASH ? SI GI MERISH LI ZBOROVITE BEZRBETNIKU!!! Fashizam/nacizam e propadnat koncept??? Sakash da ti kupam ogledalo, da go vidish, vracharu plemenski????

Докторе Фројд, за твојата

Докторе Фројд, за твојата политичка кариера кај пастирофците - само небото е лимит! Илија Димовски гомна да јаде! Влатко Ѓорчев може да ти ги светнуе лакираните офицерски чизми (за газење шиптарски&комуњарски&меки&граѓански вратови)! А Бате Саше може да те земе за главен советник во службата! Опасен си, докторе!Јак си! Браво, машко! Такви офицерчиња-македончиња ни требаат, да кршат бабуњосани мекушки глави! Да им утеруваат античка памет на словенските лиглиња и предавници! Една ни е расата и цивилизацијата! Македонска! Победничка! А под Триумфалната капија треба да почне да чкрипи - гиљотината на пастирофците!

Точно, само цврста рака може

Точно, само цврста рака може да се справи со рецидивизмот на повампирените социјалисти. Затоа треба до крај да се заврши лустрацијата. Нема потреба од сечење глави и бесења, доволно ќе биде јавно да се прикажат нивните антидемократски постапки во минатото. Интересно најголемите соработници на КОС/УДБА/ОЗНА денес се најголеми поборници за демократија. Или не е интересно, трагично е како овие луѓе се адаптираат на секој систем само за да си ги задржат фотелјичките.

Да дое една цврста по тебе

Да дое една цврста по тебе фашисту, по уши да те погали!

Малолетен идиоту, точно е

Малолетен идиоту, точно е дека социјализмот во СФРЈ беше недомократски во смисла на непостоење повеќепартиски систем. Но, што се однесува до суштинската демократија (која подразбира одговорност и грижа за луѓето) тој систем беше сто класи над оваа карикатура од систем во која живееме.
Што се однесува до злоупотребите на службите: тврдам дека само сегашните шефови, кумот пастир, кумот Ставре, бате Саше и Горде имаат направено неспоредливо поголеми полициски фаули (во однос на почитувањето човечки права, пресумпција на невиност, полициски процедури итн.) од сите македонски цајкани во периодот 1980-1990! Вакви монтирани политички процеси како Бошковски и Велија, вакви неверојатни финансиски кражби какви што извршија СДСМ и ВМРО, беа невозможни во социјализмот! (барем не во тој обем и не со тој степен на безочност и цинизам)
И кој кого треба да лустрира?! Ако Милчин е за лустрирање, тогаш Фамилијата е за кинење глави по најкратка можна постапка! За што зборуваме, малолетен идиоту?! Кои системи ги споредуваме? Која хуманост, кое почитување на достоинството, дигнитетот, човечките права?! Во државата на пастирот, ти, прдежу од чмарот на фирерчето, зборуваш за (не)демократија?! Ах, Македонијо! Ах, запустени деца, школи, образование, медиуми! Во нормална земја вакви дегенерици ко Фројд би рибале амбуланти за туберколозни и би им носеле поморанџи на стари лица, а не да шират локален смрдлив фашизам за сметка на своите бандитски партиски газди!

Му одговорив на доктор Фројд,

Му одговорив на доктор Фројд, малолетниот (во умот) идиот. Не на Раката. Да нема забуни. Еден е таков токмак ко докторот.

Најверојатно не ти е јасано

Најверојатно не ти е јасано кој ја израсна оваа младина ??? Старата школа па сега ако неможеш да оцениш кој е крив за цела ситуација или пак несакаш да согледаш дефинитивно имаш некој проблем. И после младината била крива

многу добар текст

многу добар текст

Во социјализмот се тресеше

Во социјализмот се тресеше целата македонска политичка структура, до самиот врв, ради обичен комунален, водоводен проблем меѓу Вевчани и некое албанско село.
Денес ДУИ и ВМРО можат комотно да потепаат со напалм бомби пар непослушни села, јал македонски јал албански - и никој нема со прст да мрдне. Тоа е демократија. Цела земја да ти се плаши од пар партиски бандити - тоа е демократија. А социјализмот беше тиранија. Аха.

Октиси не е албанско

Октиси не е албанско село.

youtube.com/watch?v=bC3In0VY7d8

Паметам дека актерот Владо

Паметам дека актерот Владо Јовановски, кој тогаш ми беше студент, по претставата егзалтирано ми рече: „Сега сфатив кој ми е професор!“

Самобендисаниот?!

Nacionalizam je i dalje

Nacionalizam je i dalje glavna ideologija koja vlada ovim prostorima. Kakva nam je projekcija budućnosti?

Popularnost nacionalizma je loša, a ključna stvar je da je on namenjen glupim i manje obrazovanim. Nacionalizam je na nivou znanja neka vrsta ponižavanja znanja, jer ne neguje intelekt, kritiku i razumevanje. To je najgori aspekt nacionalizma koji je istinski opasan za budućnost. Osnovni problem je da nacionalizam zaglupljuje. Sve ostalo može da se leči, a zaglupljivanje je jako teško lečiti, jer to zahteva jako mnogo novca i vremena.

Svetlana Slapšak

http://www.6yka.com/slapsakintervju#.Twg5aQPST6s.facebook

Od knigata na Lausevic: I u

Od knigata na Lausevic:

I u životu nam je tako. Mora se biti na jednoj strani. Ne možeš biti neopredeljen, a
sramota bi bilo priznati da si neupućen, neinformisan. Zaletećeš se na jednu obalu, iako ništa o njoj ne znaš, samo da ne bi ostao da plutaš tu negde, neizjašnjen. To bi bila najsramotnija opcija jer ćeš time navući bes obe obale i nastradaćeš u unakrsnoj vatri. A tu, na brzinu odabranu obalu, ćeš glorifikovati još i pre nego stigneš do nje, biti njen vatreni zagovornik, ne znajući možda da je pusta i nepristupačna, sve iz straha od davljenja na nekoj sredini.
Bipolarni ekstremizam kao konstanta balkanskog mentaliteta ili brđansko-atavistički
animozitet prema vodi?

Ne žali se, ne talasaj, ne

Ne žali se, ne talasaj, ne skreći pažnju na sebe!
Žaliće me tajno. Osuditi javno. Oprostiti kasno.

Od knigata na Lausevic: Pola

Od knigata na Lausevic:

Pola jedanaest naveče. Navlačim oklop slušajući Stinga. Neprimereno sebi i njemu pojačavam glasnost do maksimuma da poništim glasove ljudi u sobi. Isti glasovi, maniri, mane (vrline nikad ne otkrivamo u zatvoru, služile bi podsmehu). Tražim neko vreme i kutak u koji bih se sklonio na kratko bar. Ostali kao da nemaju potrebu za tim. Ja ne mogu da se kartam, jer nisam spreman da se svađam, da se bijem.
Grešim stalno. Stalno ne pristajem na ljude, stvari, okolnosti. Hoću da budem izvan, a ne u središtu toga. Ja još, izgleda, ne vidim da to moja glava visi negde okačena na ekseru probodena kroz ušnu školjku.

Za kraj, eden podolg citat od

Za kraj, eden podolg citat od knigata na Zarko Lausevic, Godina prodje, dan nikad:

Ovi moji igraju karte, ja ležim. Imam temperaturu. I da sam zdrav, ne bih igrao sa njima.
Ne umeju ni da pobede, ni da izgube.
I nacion nam je takav. Histeričan i u slavlju i u žalosti.
Sećam se jedne sahrane u Puli. Čovek se rodio tu neđe oko Cetinja i posle se preselio u Hrvatsku. Sin mu je postao veliki sportista i kupio je ocu stan blizu Pulske Arene. Prođe život i otac u osamdeset i šestoj - umre. Sahrana. Dolazi brat iz... tu neđe oko Cetinja, da ožali brata kako dolikuje. Turistička sezona u punom jeku. Stranaca, najviše. Brat je, primičući se kući, pored Arene, krenuo da leleče. Stranci su na ono lelekanje potegli fotoaparate, kamere, misleći da se radi o zanimljivom uličnom performansu, ali kad je krenuo da se šaketa po glavi,
razbežali su se na sve strane. Neko je pozvao policiju i ubrzo su došli, sve sa kolima hitne pomoći i odvedoše nesrećnog brata sa čvrsto uvezanom ludačkom košuljom.
O tempora, o mores!
Doživljavam ponekad ovu sobu kao kabinu na nekom prekookeanskom brodu, koji nikako da pristane, da pronađe svoju luku. Mi, njegovi zlehudi mornari, daleko od domovine lutamo beskonačnim morima, čekajući dan iskrcavanja. Ponekad, kao da nekom od nas zaiskri nada da je baš danas brod pristao u njegovu luku, ali se ta varka ubrzo raspadne kao pena ovog uzburkanog okeana.

ОкоБоли главаВицФото