Млечниот пат има над 100 милијарди планети

12.01.2012 13:20
Млечниот Пат има над 100 милијарди планети

Нашата галаксија Млечен пат има минимум 100 милијарди планети, според направената детална статистичка студија базирана на детектирање на три екстрасоларни планети (егзопланети) според обсервациската техника наречена микролеќа (повеќе за microlensing).

Каилаш Саху, од Научниот вселенски институтот во Балтимор, е дел од меѓународниот тим кој изработи студија, според која во нашата галаксија секоја ѕвезда во просек околу себе има најмалку по една планета.

Тоа значи дека постојат минимум 1500 планети на само 50 светлосни години од Земјата.

Резултатите се засновани на вселенските набљудувања во последниве шест години. Студијата заклучува дека постојат многу повеќе планети слични на Земјата. Резултатите се објавени на 12 јануари во британското научно списание Nature.

Техниката микролеќа го користи непредвидливото движење на ѕвездите, кои генерално се премали за да се забележат. Ако една ѕвезда поминува пред друга ѕвезда, гравитацијата на заднинската ѕвезда ја витка светлината. Тоа значи дека ѕвездата која е во позадина се однесува како гигантска леќа која ја засилува светлината на таа ѕвезда. Ова дополнително осветлување ја открива планетата, која во друг случај е
пребледа за да се примети од кој било телескоп.

Колку е поголема масата на ѕвездата „леќа“, толку е подолготраен настанот, наречен микролеќа. Типично, таквите настани траат околу еден месец. Но, екстра осветлувањето поради ново откриената планета обично трае од еден час до неколку денови.

Со техниката микролеќа, астрономите можат да ја одредат масата на планетата. Но, овој метод, не открива дополнителни својства за планетата како, на пример, нејзината композиција (од кои елементи е составена) итн.

Постојат и други техники за откривање на ѕвезди, како што се оставање сенка врз планетата од страна на планетата која поминува пред ѕвездата.

Техниката микролеќа е таква што може да открие планети кои се многу далеку од нивните ѕвезди, како на пример Уран, Меркур, итн. Техниката исто така овозможува да бидат детектирани и мали планети како Меркур.

Обзервациите од овој тип покриваат милиони ѕвезди секоја вечер со цел да се идентификуваат вакви ѕвездени настани, како микролеќа. Приближно, на 40 настани кои се следат, три покажуваат докази за
егзопланети.

Со статистичка анализа е откриено дека една од шест ѕвезди имаат планета како Јупитер. Половина од тие ѕвезди имаат планети со маса како Нептун, а две третини од ѕвездите имаат планети со маса како Земјата. Според тоа, постои изобилство планети со мала маса во оваа
смисла.

„Тоа значи, статистички, дека секоја ѕвезда во нашата галаксија би требало да има барем една планета, и веројатно повеќе“, вели Саху.

„Резултатите од трите главни техники за детектирање на планети рапидно доаѓаат до ист резултат: не само што планетите се вообичаени во галаксијата, туку има многу повеќе мали, отколку големи планети“, изјави Стефан Кејн, ко-автор на Научниот институт за егзопланети на
НАСА, на Калифорнискиот институт за технологија, Пасадена, Калифорнија.

„Тоа е охрабрувачка вест за пронаоѓање планети погодни за живеење“.

Овие резултати се независни од сличниот проект кој го води Такахиро Суми од Универзитетот во Осака, Јапонија, кој проценува дека постојат стотици милијарди планети со орбити поголеми од орбитата на Сатурн или се слободно лебдечки низ галаксијата.

Извор: hubblesite.org

И добро, што ако мелечниот

И добро, што ако мелечниот пат има милијон и триста петсто милијарди ѕвезди?! Уметноста, науката и занаетчиските работилници треба да се занимаваат со критика на целата оваа шизофрена атмосфера наметната од пастирот и фамилијата, а не да ми кажуваат за некои ѕвезди таму негде џенем!

Во Вселената, твојата еротска

Во Вселената, твојата еротска опсесија - „пастирот“ - е само дел од една незначајна трошка која може да исчезне во еден момент со остатокот од таа проклета трошка.
Занаетчиите нека си прават ѓумови, ѓуѓуми и котлиња; науката нека гледа далеку, како што и' доликува; а уметноста... ќе се заебе тој уметник што ќе се фати со разјаснување на „фамилијата“ од твоите кошмарни соништа (како годинешниот срам: бозоф хиксон).

Ти си очигледно млад и

Ти си очигледно млад и неискусен и не можеш да ги цениш бисерите кои Коља ти ги фрла. Науката и уметноста се само обични играчки ако не ги ставиш во интерес на дневно-политичките превирања; само така ќе можеш да добиеш трошки од трпезата на преродбениците или оние кои ќе дојдат на нивно место. Читај окно, дете, учи занат, утре памфлети ќе треба да се пишуваат!

„Окнаш“, лажно се

„Окнаш“, лажно се претставуваш. Веќе постои еден тип кој коментира со никот „Окнаш“. Но, тоа и не е толку битно, толкави се капацитетите (главно кон криминал и тешки фаули насочени) на преродбеничката ПР машинерија. Друго ми беше зборот. Кој е опседнат со пастирот? Па, ти, „Окнаш“, кој го пронајде својот водач дури и во текст за вселената!

На Окно секој ден има околу 15 нови прилози. Во максимум два или три се апострофира владеењето на сосема полудениот режим кој ја уништува Македонија побрзо од јато скакулци! За нормален човек, кој се грижи за себе, за сегашноста, за своите деца, заедницата, иднината, дури и опозиционерското Окно може да изгледа како наивен ескапизам во однос на рушењето на сите наши шанси - она што го прави забеганиот режим.

Но, за жал, ова веќе не е нормална земја. Оној кој овде не полудел, тој просто не е нормален.

Јас сум Окнаш--Вистински. Ти

Јас сум Окнаш--Вистински. Ти си лажниот Коља.

Шпанска (или турсја) серија

Шпанска (или турсја) серија направивте...
Читајте малку за големината, ширината и бескрајноста на Универзумот (правопропорционално на вашата глупост).