1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
Дупката е феноменална.
Накитената арка само ја нагрдува дупката на достоинството што ја инкубира лабораторијата на Внатрешната ментално ретардирана организација (ВМРО). Тоа е маска, да не речам презерватив, што се става пред дефлорацијата на македонизмот како „плав сомот“ на манијакалноста што Денис Хопер ѝ го бутка во путката на Изабела Роселини во генијалниот филм на Дејвид Линч. „Блу велвет“ на македонското достоинство.
Можеме ли таа празнина да ја ослободиме од стегите на вмровскиот триумфализам? И да отидеме во потрага по ситуации во кои дупката нема да може да биде споменик ако споменик може да биде некоја дупка што ќе се договориме да ја пополниме?
„Мамицу ви ибам“ – викам јас.
„Дали е тоа закана“ – прашуваат од канцеларијата на вмродпмнекуротресинската синекура?
„Да“!
„Ќе урнете сè?“
„Нема да урнеме сè туку сè ќе урнеме.“
„Ќе нè ебете?“
„Ќе ви ја ебеме мајката на сите!“
Така, на една поголема група идиоти, им ги пренесов заклучоците од Собранието на комуњарите што се одржа на 17 јануари 2012 година во Горно Врановци.
Мали реплики на монументот се имплантирани на ушите на сите луѓе што до неодамна тврдеа дека се Македонци. Со тие имплантации ние можеме да се движиме низ светот како што говедата со жолти маркички на ушите се движат низ светот на месопроизводството. Од тие своевидни чипови точно може да се види во кој момент Македонецот решил доброволно да рееволуира во идиот, прво, и, второ, дека не е опасен за околината. Како што врз основа на жолтите маркички може да се утврди дека кравите не се луди или, ако се луди, на која фарма имаат полудено.
Веднаш по пуштањето во погон на Триумфекалната порта во Скопјанг, Европската комисија одлучи да им дозволи на Македонците да се движат низ бескрајните пространства на распаѓачката унија, без пасоши. Секој човек од Бившата република што ќе се фати за десното уво ќе добие дозвола да влезе во Унијата, се разбира, во придружба на локалните служби за хендикепирани лица.
- Јо паспорт-сер!
- Ај хев порта македонија – одговара нашиот човек – и се фаќа за десното уво на кое му е жигосана апликација на Триумфекалната капија во Скопјанг.
- Ок, мистер, Сестрите кармелиќанки, претставниците на Јунговиот институт во Виена и Центарот за достоинство на нациите од Берлин, ве чекаат.
Тоа е, браќа и сестри мои. Нема смисла да му докажуваме на светот дека не сме идиоти. Независно од фактите. Или токму поради фактите. Треба да ја прифатиме вистината и да го помолиме господа нашиот севишен да нè ослободи од разумното разбирање на дупките, на капиите, на триумфите, на номенклатурата наша црковна и општествена, на шансите на македонската ракометна репрезентација во Ниш, на Калиопа во Европа и така натаму и така наваму. Како што тоа го правеше до сега.
Не постои идентитет во кој можете да умрете побесмислено. И да живеете без везе. Нема поголем хендикеп од македонизмот како идеологија и од македонството како општествено-политички амбиент што сте го прифатиле као норма на сопствената реализација. Зошто да ги малтретираме нашите деца?
Луѓето што предмалку беа на границата ги враќаат со истото комбе.
Меѓу луѓето што некогаш ги спасуваше Предраг Матвеевиќ и сегашните наши луѓе кои нема кој да ги спаси има голема разлика. Неговите „клиенти“ страдаа по линија на идејно-политичката диференцијација во едно апсолутистичко општество, а вторите страдаат по линија на една најобична општествена куротресина што на нацијата и’ се прикажува како демократија.
Сите знаеме дека на денешните страдалници кичмата повеќе им се крши со тешките чекрци на мотивации кои се различни од правната реакција на материјално-финансиските дубари за кои официјално се обвинети. Како што знаеме дека во однос на ова царство на злото комунизмот беше забавно џакузи на демократијата.
Може на прв поглед да се помисли дека за вториве нема кој да се заложи. Но, не е така. Секој ден читаме колумни посветени на жртвите на неофашистичката диктатура на Надвојводата Шарло. Добро, можеби недостасува некоја, како би рекол, золистичка или матвеевичевска моќ во тие пораки, но не би можело да се каже дека пораки нема. Некој ќе рече дека луѓето кои денеска чмаат во бескрајните притвори или на друг начин им се кршат човековите права не се од калибарот на некогашните анархо-либерали и националисти, што во многу случаи може да се земе како точно; но проблемот содржан во тортурата врз поединците останува јасно видлив дури и во квазидемократската магла на овој монструозен систем.
Во што е тогаш проблемот?
Можеби е тоа густината на сообраќајот во јавниот простор, густина во која до крајни граници се релативизираат значењата. Не сум сигурен дека Предраг Матвеевиќ денеска би се нафатил да го спасува Љубета Бошковски, односно речиси сум сигурен дека не би, но ако претпоставиме дека ќе седне и ќе превитка два листа хартија, тогаш можеме да кажеме дека ефектот од неговото обраќање ќе биде нула.
Системот на медиумите, на политичката контрола и на општата акултурација е во состојба од тие обраќања да направи тоа што ветрот го прави со мочката на пијаната будала. Општеството кое живее во уверување дека тоа што го испуштаат низ гласните жици Влатко Илиевски или Маја Вукичевиќ е пеење, општеството кое не е во состојба да разбере дека режимот прави од централното подрачје на главниот град основа за трајно заебавање на светот со жителите во долината на Вардар, Брегалница, Црна и Радика, општеството кое во критична маса живее во уверувањето дека тоа што го продуцираат дебелите шуплоглави идиоти на груевистичкиот журнализам е телевизиско новинарство – тоа општество не може да го процесуира обраќањето на Кристофер Хиченс, да речеме, во случајот Бошковски, заборавениот Ќука или кој е да е друг маченик. Убиена е разликата меѓу доброто и лошото, меѓу правното и бесправното, меѓу вистинитото и лажното итн. Убиени се тие разлики за да може низ систематскиот процес на заглупавување да се контролираат масата и ситуацијата како што шкотските коли кучиња ја контролираат овчјата маса и пасиштата во северна Шкотска; а има мислења дека инфантилизирањето не е последица туку е причина за општата катастрофа.
Но, мислам дека една една друга разлика е поважна и, на некој начин, битна. Комунистичките страдалници, говорам во една генерална линија, се бореа против системот и во други прилики против самата држава ставајќи ја борбата за слобода како општ именител. Тоа ја обезбедуваше драматиката и епиката, би рекол, на судирот. Системот се репродуцираше и низ одредено ниво на тајност, на недостиг од информации. Луѓето што беа прогонувани имаа и реално и симболично значење и самиот судир имаше такви значења.
Денеска се гонат за даноци и ситни криминали при што луѓето се кршат по системите на маалските пресметки меѓу послабите и појаките: си избегал во туѓо маало, а, е сега ќе видиш, пичка ти материна, си ја штипел мојата женска за г’з во ходникот на трети спрат за време на големиот одмор, а-ха, ние ќе ти покажеме што е штипење... Општа калакурница која остава впечаток за пресметка во рамките на фамилијата или за работи за кои пошироката заедница нема зошто да се нервира. Политичката димензија, се разбира, е важна, ама не е клучна: луѓето ја разбираат како пресметка во фамилијата или околу фамилијата, а не како работа битна за перспективите на општеството и државата. Биографијата на притворените ја олабавува епиката на конфронтацијата.
Страшна работа, испаѓа дека нема за што да се бориме и за кого да се бориме. И не само што испаѓа туку по сè изгледа дека така и е.
Извор: globusmagazin.com.mk
Колажи: Свирачиња
Жестокоста и вулгарноста се
Испратено на 12 јануари 2012 од VMentalnoRetardiranaOЖестокоста и вулгарноста се врисок од и во име на сите нас, кои не по своја вина го носиме резилот од „македонштината“ која на најпримитивно ниво се обидуваат да ни ја импутираат.
Немав идеја дека некогаш ќе бидам со толку сведната глава. Од срам. Што сум македонка, во ВАКВА Македонија.
ММЕ кој прв почна. Кој му дозволи на Шарло да прави карикатура од МЕНЕ?!?
ДУПКАТА!! Да, дупката треба да се пополни со тоа што неодамна и недостасува на Македонија. Терористичка организација, која ќе подарува цвеќе. Со барут. На секој кој ќе се обиде да ме карикатурира мене, тебе, сите...
Nacionalizam je i dalje
Испратено на 13 јануари 2012 од koljaNacionalizam je i dalje glavna ideologija koja vlada ovim prostorima. Kakva nam je projekcija budućnosti?
Popularnost nacionalizma je loša, a ključna stvar je da je on namenjen glupim i manje obrazovanim. Nacionalizam je na nivou znanja neka vrsta ponižavanja znanja, jer ne neguje intelekt, kritiku i razumevanje. To je najgori aspekt nacionalizma koji je istinski opasan za budućnost. Osnovni problem je da nacionalizam zaglupljuje. Sve ostalo može da se leči, a zaglupljivanje je jako teško lečiti, jer to zahteva jako mnogo novca i vremena.
Svetlana Slapšak
http://www.6yka.com/slapsakintervju#.Twg5aQPST6s.facebook
Поразува сознанието: "Не
Испратено на 13 јануари 2012 од gragjaninПоразува сознанието: "Не постои идентитет во кој можете да умрете побесмислено. И да живеете без везе."