1025 hPa
58 %
11 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 13:59
Германците ја имаат таа убава пословица: mitgegangen, mitgefangen, mitgehangen - заедно оделе, заедно биле фатени и заедно обесени.
Таа порака треба да му се испрати на сосема забеганиот груевистички режим. Изгубеноста на водачот не може да биде амнестија за сите други колаборационисти што му помагаат во уништувањето на Република Македонија. Можеби евидентирањето на соработниците е слаба мерка, во моментов, кога сме стаписани и исплашени пред новите опасни потези на груевизмот. Но, тоа е една од мерките која на земјава кога-тогаш ќе ѝ ги отвори портите кон некоја понормална иднина.
Во однос на Република Грција режимот на Груевски толку многу ги заостри реториката и постапките што ни се заканува повеќедецениска блокада на сите наши стратегиски цели. На Македонците им се заканува да станат европски Палестинци (оти на Груевски дури и привремената спогодба со Грција му е „катастрофа“; тоа имплицира дека за него дури и приемот на Република Македонија во ОН е „катастрофа“). Односите со ЕУ и со САД исто така ни се лоши, меѓу другото и поради драстичниот пад на демократските стандарди кај нас. Притоа, во едно многу невесело опкружување, осиромашени до крајни граници, принудени сме да ги трпиме хировите на водачот, кој еден ден е необјасниво полетен во однос на изградбата на „уште поубав и уште постар македонски идентитет“, за веќе другиот ден да шири дефетизам кој дополнително го умртвува народот, кој и онака речиси е умртвен, што од страв, што од јадови.
Мојата чаша на бесот ја прели најавата на уништувањето на зградата на владата, авторското дело на архитектот Петар Муличковски. На режимот не му се доволни десетиците лажливи згради-фасади, стотиците „класични“ скулптури и споменици, тоталната узурпација на симболички мошне важното централно подрачје на Скопје, не му е доволен неверојатниот потфат на менување на идентитетот на цел еден народ – туку сега им се намерачија, за да ги уништат, на главните симболи на македонскиот модернизам којшто, според мене, е темел на македонската државност.
Рушејќи ги модернистичките темели на државата, груевистичкиот режим ги следи принципите на нацистичкиот урбанизам (опишани од Харолд Боденшац): „Изградбата на градовите на националсоцијалистичката диктатура не се искажуваше само во крутоста, монументализацијата, скаменувањето, аксијалноста и недостигот од мера, од една страна, и секојдневната изградба, од друга страна, туку и во рушењето станови, раселувањето и уништувањето Евреи, работата на затвореници, присилната интернација на работници, потполната централизација на планирањето, неконтролираното трошење на државниот буџет.“
Засилено и сè побескрупулозно трае политичкиот и културниот ревизионизам и агресивниот културен инженеринг на власта, што води кон радикална промена на македонскиот идентитет и кон поништување на асномска Македонија. Антиквизацијата што ја спроведува режимот на Груевски е дело на најрадикалните националистички структури. Дел од нив се од дијаспората и се сосема отсечени од реалноста на нашата држава; тие луѓе живеат во митови и фантазии и се хранат со за нас самоуништувачката борба со Грците околу античкото наследство. Најрадикалниот дел од таа дијаспора (кој може да се спореди со српските четници и хрватските усташи) денес има своја продолжена рака во владата во Скопје. Со Македонија владее еден радикален дијаспорски национализам чија суштина е симболичката борба со Грција и сонот за голема Македонија. И двете цели се апсолутно губитнички и ја водат Македонија во амбис.
Да повторам, зградата на Муличковски е симбол на модерна Македонија и на модерно Скопје, изградено по земјотресот. Незамисливо е во која било цивилизирана средина рушењето и осквернувањето на клучните симболи на градот, државата, културата, историјата. Невиден варваризам и историско фалсификување е девастацијата на таа зграда.
Злото што досега го направи фараонскиот проект „Скопје 2014“ е огромно. Тоа зло не запира. Време е опозицијата и целокупниот граѓански сектор да застанат пред опустошувањето на градот и државата. Опозицијата мора многу јасно да соопшти што ќе се прави со лудилото наречено „Скопје 2014“ и на кој начин ќе се спасува модернистичкото наследство на градот и симболичките темели на македонската државност. Ако опозицијата и граѓаните немаат чувство за симболите, за историјата, за себе самите, тогаш подобро нешто од варварскиот атак на груевизмот навистина не заслужуваме.
Цртежи: Свирачиња
Rabotava so novata fasada na
Испратено на 13 јануари 2012 од Erich von MansteinRabotava so novata fasada na vladata e.....ako izdrzi vaka anketava, da pobedi modernizmot.....za mene ke bide da vidam da ne veruvam
Анкетата е апсолутно
Испратено на 13 јануари 2012 од АрхитектАнкетата е апсолутно неверодостојна! Не смее да се уништува авторско дело, особено еден толку значаен симбол на градот! Не е битно дали објектот ќе го преправат во „барокен“ или „модерен“! Се’ што треба е внимателно да го реставрираат објектот, како што се обновуваат слики, градби итн. Не може да му доцртуваат нови слоеви! Ова е капак на варварството на груевистите! Ионака се’ до сега беше варваризам, ама барем не уништуваа постојни згради (освен таа на Пелистер кафаната).
На Груевски му дува промаја у
Испратено на 13 јануари 2012 од ФилмаџијаНа Груевски му дува промаја у глаа, па мисли дека е од прозорите на Муличкоски... Ако, машко, ако! Руши, сине! Пали! Запали го сето она што не го разбираш и што ти праи шум во главата!
Не може народ во анкета да
Испратено на 13 јануари 2012 од Истражувач на јавно мислењеНе може народ во анкета да решава за зграда, луѓе! Секоја професија си има свои финеси. Тоа е ко да гласаме која оперативна метода треба да примени хирург! Или да гласаме да ги срушиме сите џамии во Скопје! Популизмот на Груевски сосема излегува од коритото! Човекот е наполно луд! Но, ви се чудам на умот, да гласате по анкети на еден лудак кој веќе не ни знае што му е работа, мисли дека е еманација на гласот (гасот) на народот!
Што тропаш па ти глупости,
Испратено на 13 јануари 2012 од Erich von MansteinШто тропаш па ти глупости, како можеш да споредуваш гласање за изглед на фасада и операција.
Баш е добро што ете дозволиле да гласаме, подобро да гласаме наспроти тоа сам фирерот да одлучи што ќе нашминка.
Дека во толерирањето на
Испратено на 13 јануари 2012 од АрхитектДека во толерирањето на милото деспот-дерле како нација сме забегале преку сите можни граници нека послужи и споредбата со сличен водач во речиси иста културна средина: премилата ни Србија. Неколку психолошки анализи го портретираат Борис Тадиќ (кој и самиот е психолог, син на мајка невропсихијатар) како вечно размазено дете на салонските белградски „татковци на нацијата“ (националистичкиот круг околу Добрица Ќосиќ, во кој припаѓа и таткото на Борис Тадиќ, Љубомир Тадиќ). Но погледнете што на својот претседател му направи јавноста во Србија (која е истата, многумина велат, вазалска и назадна паланка како Македонија): Тадиќ наивно во некаков говор предложил да му се изградат некакви кули на Никола Тесла, еден од посакуваните симболи на современа Србија (нешто ко Аце наш). Речиси немаше весник, и лев и десен, и таблоид и сериозен неделник, да не прокоментира дека Тадиќ тропа глупости. Еве што светски познатата писателка Биљана Србљановиќ му рече на Тадиќ во НИН: „Кога некој со толку самоувереност си допушта себеси да размислува за поставување кули, па макар во слава на Тесла, нормално е луѓето да се прашуваат – па чекај, дали вака и законите се пишуваат, вака ли се работи реформата на судството, економијата и проектот на нашата кандидатура? Што на водачот му паднало на ум, што му се јавило во моментот на вдахновение или безделништво, без какво било познавање на материјата, овде да удри кула, таму институтот на нагодба, па сето тоа онака човечки и дилетантски, а без свест за последиците. Секогаш во такви случаи си приспомнувам на приказната за славниот хотел Москва, на Црвениот плоштад, кога Алексеј Сусев понудил два архитектонски плана за идната зграда, исцртани на паус папир, а Сталин ги преклопил двата листа еден врз друг и едноставно ги потпишал – обата проекти. Хотелот тогаш морал да биде изграден така, гротескна мешавина на два проекта, без логика и употребна вредност. Престојував еднаш таму, кон крајот на деведесеттите, и во тие лавиринти многу дознав за слепото почитување на водачот. Сега, инаку, е урнат, чека да биде обновен од темел и да стане Ritz или Four Seasons, пак некоја ругоба, но сега по мерка на новите богаташи“.
од текст на Никола Гелевски, Деспотот-дерле
Ако на Грујо му дува во
Испратено на 13 јануари 2012 од ПровинцијалецАко на Грујо му дува во сегашнава зграда на владата, нек ја премести владата во античката зграда што сега се гради? Уставен суд ли што ли? Или нека ја преместат владата во собранието, а Собранието нека го преселат во Битола, Охрид, Прилеп? Што сте се згнале секое гомно во Скопје да го набутате, а цела Македонија умира?!
Ма не, не мора кај нас
Испратено на 14 јануари 2012 од Трајче ДрварчетоМа не, не мора кај нас провинцијалците да бута од тоа гомната, нека си останат гомната Скопје...Него нека фрли некој рејз и наваму, нека фрли некое фирмуле, има приклучоци за струја и кај нас...А можи и некое министерство да нафрли на ваму. Шо бара Рампо од Канатларци или Блаже од Могила во Скопје во министерството да бара субвенции за пченицата...
Нејсе, сепак муабето е за фасади и гомна...
Е не може да ти фрли фирмуле,
Испратено на 14 јануари 2012 од filtraЕ не може да ти фрли фирмуле, оти тие барат инфраструктура, автопатишта, терминали, аееродроми, железница и други, за други места, нормални работи. Не бараат бронзи, мермери и пониклувани огради... за жал.
Башка од фасадите и 2014,
Испратено на 13 јануари 2012 од Erich von MansteinБашка од фасадите и 2014, Скопје навистина треба да се стреми кон модерни само-одрлжливи објекти каде што потрошувачката на ресурси би била сведена на минимум.
Редно е во градов да почат да се форсираат, модерни згради, високи згради посебно во центарот каде што веќе кога се гради нека се гради 20-30 ката.
Во моментов имате окупација на земјиште на кое се гради една утепана 5 катница и одма до неа помошен објект катна гаража....наместо сето тоа да биде компресирано во еден објект
Soglasen! Redno e da se kaze
Испратено на 13 јануари 2012 од KuroglavSoglasen!
Redno e da se kaze STOP!
Organizirano da se zastane protiv turbofolk ideite na Bnatresnata Mentalno Retardirana Organiizacija i nejziniot lider.
На тактичко ниво не би се
Испратено на 13 јануари 2012 од дивосрцеНа тактичко ниво не би се согласил веднаш да се каже што ќе се направи со забеганите мермери и бронза, доволно би било да се каже дека ќе има промени и разместувања, причините можат со денови да се редат. На крајот после неколку години или деценија, друга генерација ќе превреднува.
Не знам, ја изгубив надеж у секоја дебата, собири или нешто од нешто да се напише или каже на телевизија или па да се размислува за некоја иднина ако немаме основа на што тоа да го градиме, иднина која не ја гледаме пошто пастир ни стои пред очи.
Овој лудаков е тотално отиден и нема трошка надеж; бар внатре у тоа ретардираната организација да му се спротивстави некој чоече! Гадно е! Oни тек Филипи ќе праат, мостови, уште 40 скулптури, па чекај, лкални избори идат, врби ќе се бетонираат у Вардар.
Да предлагам да се дебатира?! Единствено остана организирање, но во каква форма, политичко абсолутно да, но од која платформа да се оди, тоа секогаш било ајтешкото прашање, прашањето на организацијата, пред неколку дена имаше текст на Окно, каде предлозите да се бега од Бакуњин, Жижек беа хајлајт, од друга страна, човекот кој пишуваше тврди дека е потребна некаква економска ако не се лажам платформа и негде на средина сепак се поби сам дека е нешо ко анархо расположен. Клучното со левицата секогаш било не знаење да се прави економска платформа или воопшто смисла за како и што со економијата. Но, тие времиња поминаа. Точно знаеме од каде да се нападне!
Оние од опозицијана беа онака, спуштени јако од Волерс, после изјавата на Фрчковски за протести, и се оградија од него, така што, мора да се почне со келии и сериозно мислам, надвор од СДСМ, НВО-а и друго, тоа друго е веќе јасно што е, нова левичарска политичка партија.
Тоа што ме боли е што ние гинеме од пријателски оган, Гелевски, тоа е мислам тема. Јас на тоа сум сведок бар еднаш у недела. Ја тоа не можам да го разберам и тоа по илјада пати ме тера да се сомневам во тоа што го правам. Ако на паметните не им е јасно шо ги снашло, тогаш не треба да се срамиме од заклучокот, владеат фашисти и ќе остане така додека не се организираме.
Да, дека не’ решетаат
Испратено на 13 јануари 2012 од koljaДа, дека не’ решетаат братските пушки, пријателе, тоа ми е сосема јасно. Секоаш било така, во паланкава. Кој малку читнал од Селимовиќ, Андриќ, Константиновиќ... јасно му е дека не треба да се очекува милост дури ни од „своите“. Курнаско, лицемерно племе, што навикнало да опстојува притворно, во земуници и под маски. „Македонци - гнили конци“, велеше Цепенков за „смачканото племе“. Ама, Дивосрце, сите племиња биле такви, ко ќе загребеш малку под површината. Граѓанштината (сфатена како одговорност и грижа за заедницата), индивидуализмот, борбата за правда и слобода - сето тоа се релативно нови феномени, и ги има главно на Запад, од ренесансата навака. Груевски (по советот на мојот пријател Ацо Станковски) мисли дека недостасувачкиот класицизам во нашата национална историја можеме да го искомпензираме со брзо штанцање на пар потемкинови згради и споменици. Јас мислам обратно: дека до своето просветителство, до своето граѓанство, Македонија може да дојде низ индивидуален отпор спрема диктатурата и примитивизмот. Тоа е, на пример, мојот „барок“, т.е. просветителството на нацијата, нејзиното станување полнолетна, барем по мојот терк...
Разместување на скулптурите
Испратено на 13 јануари 2012 од дивосрцеРазместување на скулптурите ќе биде изведено, не дали, туку кога, јас од практични причини сметам дека сега тоа не смее да се кажува и дека би била голема ако не и катастрофална грешка, знаеш какви се, реклами ќе прават, ќе линчуваат, ќе вадат досиеја, ќе ти спомињаат фамилија, ќе прават подбуцнувачко хушкачки кампањи, но, верувај ми, јас имам чиста мисла и мојата, а и ти влегуваш во таа генерација, ние тоа ќе го изведеме, како нога на диносаурус што стапува земја.
Македонија по сите основи е левичарска земја, ВМРО се вози на социјализам, на примитивен популистички, нека дојдат тука професори што прават истражувања да ја опишат стуктурата на населението по однос на идеолошка определба, но мене тоа не ми е потребно, јас го гледам, сум зборувал и го знам и не може ништо да ме убеди во спротивното; тврдам дека СДСМ ги брка од себе левичарите, или Хиченс, ако ги земеш тие значи 60000 пута 2 племиња и ги заведеш добрите меѓу нив, тогаш тоа можеш да го направиш само со труење. Кој не труе би додал, децентрализација со закон на партиските структури. Текстот на Шекеринска за Клемент Атли е поучен, но, ние ги имавме тие права, тие сега во последните 20 години ни се одземаат, мислам дека како што Шимон Перез напишал или Марјановиќ еднаш напиша, телето е теле, бил 60 или 18 години, према тоа, не е до искуството да севратам на Перез, контактите или некое јадро кое постои во СДСМ сега. Потребно е радикално ново просветителство, тоа би одело преку сите што се некаква професија учители,м даскали, па се до Универзитетот. Тоа е едно поле од таблата, но и фигури треба да влезат на теренот. Во друг текст на пример Атик Рахими мислам, рече бројката е само 1000 луѓе.
Оваа година е клучна за нашата пресметка со пастирот, тоа е мое длабоко уверување, со оглед на неговите изјави од вчера/завчера (НАТО/ЕУ). Тој оставка нема да си даде никогаш, освен од виша сила, не онаа.
Треба најрадикално да се удри против црквата, во еднно последно интервју после смртта на Хиченс, Доукинс порача и јас веќе го следам, нема што на Црквата да и се дозволува да не труе, а ние да и ќутиме, пораката е треба директно и најбрутално да се пресметаме со тој клер. Тоа се неколку полиња, тука само ќе го додадам патетичниот, онака според мене, и малку умно слаб Калајџиев кој што, нели, како што е праксата со Црквата, тој не сака да ги навредува, туку ги толерира. Повторно, тоа време помина!
Доколку лудакот ни наш, е реален како што пишува Ерол, тогаш ќе направи маестрален лупинг и се' ќе направи да ги изгуби наредните избори (но, тој никогаш не би размислувал да изгуби избори за да врати или преиспита својата позиција, тоа тој не го може, тој е со примитивни разбирања за стварноста, не дај боже за абстракноста), за да малце од малце да се врати балансот. Но, тоа е маска која јас нема да ја купим, ниту му порачувам на некого да ја купи. Искрено, овој СДСМ е власт сам по себе, но во опозиција и тие не дозволуваат други до нив. Но и тоа ќе се смени!
Конкретен предлог до СДСМ,
Испратено на 13 јануари 2012 од koljaКонкретен предлог до СДСМ, т.е. до целата обединета опозиција: да се вети дека во првите три месеци по паѓањето на груевистичкиот режим, ќе се дислоцираат Воинот на коњ и Триумфалната капија; дека сегашните нови „барокни“ згради за бескрајните државни чиновници ќе се пренаменат или ќе се продадат; дека ќе се распише меѓународен конкурс за обнова на центарот на Скопје (после варварското опустошување со проектот „Скопје 2014“); дека ќе се обнови и реставрира уништеното модернистичко наследство на Македонија (од згради до споменици); дека еден од културните приоритети на новата власт ќе биде ревитализација на старите градски јадра во Велес, Битола, Крушево, Скопје...; дека ќе се преземат итни чекори за реална децентрализација на земјава која подразбира и симболичко децентрирање (во Велес, Битола, Охрид итн.) на клучните државни згради... Ете пар идеи што колку-толку можат да го смират избезумениот (од груевизмот) народ и што можат макар да ветат некоја понормална иднина, барем во оваа сфера...
Извини ама ова е скроз
Испратено на 14 јануари 2012 од filtraИзвини ама ова е скроз непродуктивен предлог. Откако ќе се потрошат милиони, ако не и милиарди на изградба на целиот овој кич, после тоа уште толку да потрошиме за да го тргнеме?
Колку и да ми се повраќа од ск014, доколку опозицијата некогаш дојде на власт, повеќе би сакал да се зафатат со инфраструктурни подобрувања (патишта, железница, акумулации итн) отколку со твојов предлог.
Филтра, следната власт мора
Испратено на 14 јануари 2012 од koljaФилтра, следната власт мора да даде некаков коректорски сигнал. Инаку, ќе стане норма лудилото на која било власт. Глеј, Филтра, правото, на пример, не го оневозможува криминалот, но избира репрезентативни случаи за да ги опенали и за да ги обесхрабри идните прекршувачи. Тоа е суштина на правото. Слична е и политиката: неможно е да се искорени целата корупција, но важни се примерите и симболите. „Скопје 2014“ е големо зло и преседан во секоја смисла. Ако тоа го голтнеме туку-така, нема да има крај на малтретирањето на граѓаните од страна на која било власт што ќе дојде. Ние од Грујо сеа не можеме да бареме памет и одговорност, ниту од неговите слуги. Тоа е забегана работа, дибидус. Но, ако од таа одговорност за состојбите ја амнестираме и следната власт - тогаш ни преостанува само селидба или самоубиство.
За жал, има многу индиции дека СДСМ и ВМРО ќе го издилаат преносот на власт, кога и да се случи тој. Како што го камуфлираат заедно криминалот во Телекомот, ќе ги камуфлираат и сите други криминали. Зашто да не го прават тоа?! Секој би го направил, ако нема притисок. Ради тоа мораме да ја притискаме и опозицијата!
- Како автор прифатив само да
Испратено на 13 јануари 2012 од kolja- Како автор прифатив само да направам проект за реновирање со топлотна изолација и да утврдам на кој начин треба да се реализира задачата. На основа на тоа Институтот за испитување на градежни материјали треба да одреди какви материјали треба да бидат користени во процесот на реновирање. Но тука, во никој случај не станува збор за промена на изгледот на објектот - изјави Муличковски и додаде дека е против промена на изгледот на фасадата.
- Ова е глупост. Ставањето на барокна фасада мене ми изгледа како целосна камуфлажа на постојната. Во Македонија згради во тој стил немало никогаш - изјави Муличковски кој нагласи дека во неколку наврати, барал објектот да се стави под заштита како споменик на културата.
Адвокатот и застапник за индустриска сопственост Марин Гавриловски објасни дека архитектонското дело е авторско дело и како такво подлежи на заштита согласно законот за авторото право и сродните права.
- Според тој закон авторот има морални и материјални права кои произлегуваат од неговото дело. Значи, корисникот на авторското дело доколку сака да направи модификација, треба да побара согласност од авторот - рече Гавриловски.
Претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска нагласи дека консултација со него не подразбира само разговор, туку тоа е процес во кој авторот треба да биде инволвиран.
И Павловска смета дека фасадата на Владата е архитектонско и градителско наследство и дека треба да се заштити и да се негува.
- Тоа не исклучува можност за рехабилитирање, но се под патронство на авторот- рече таа.
Архитектот и професор на
Испратено на 13 јануари 2012 од koljaАрхитектот и професор на Градежниот факултет, Мирослав Грчев потегот на владата за обновување на фасадата го оцени како лажен и противзаконски процес кој го изигрува законот за авторски права.
- Станува збор за дело на еден од најдобрите живи архитекти, за објект кој бил наградуван и референциран и во странство. Државата е должна тој објект да го заштити како недвижно културно наследство на модерната архитектура од периодот на доцните шеесетти години - изјави Грчев и нагласи дека објект кој треба да биде заштитен како уметничка, архитектонска и национална вредност се става во процес на јавна набавка, а со цел формално задоволување на народот. - За одлуки во однос на вакви важни објекти како што е Владата треба да собере Архитектонскиот сенат, комисија на највидините архтекти, и да се конскултира со архитектонската академија. Тука се прекршени сите закони и навидум демократски одлуката им се дава на граѓаните. Тоа го прават диктатури во обид да го манипулираат народот за да предизвикаат перцепција на демократијата - рече Грчев кој потенцираше дека овде станува збор за уништување на културните одлики на модернизмот, што е скоро цела втора половина од 20-тиот век.
http://www.plusinfo.mk/vest/29663/Objektot-na-Vladata-da-se-zashtiti-so-...
Му давам душа на другарот
Испратено на 13 јануари 2012 од Скопјанец од праиднинатаМу давам душа на другарот Ѓаол ако уреди да Скопје 2014 се збрише на меѓународен конкурс. Добива и бонус ако на конкурсот победи Танге Асошиејтс.
Си мислам, можеби е и подобро
Испратено на 13 јануари 2012 од Психијатар-АматерСи мислам, можеби е и подобро Грујо да укења уште една скопска локација. Нека ја прави барок! Сите да му излеземе во пресрет на лудилото! Сите да му се радуваме! Консензуално. Може тогаш малку ќе се растажи? Ќе си каже: што е работава, ебате?
Не постои рационален пристап за лудилото. За Грујо се само багери или лудачка кошула. Нема друго.
Го поддржувам
Испратено на 13 јануари 2012 од Негувателка у градинкаГо поддржувам психијатарот-аматер! Треба да ги поздравиме сите пет предлози на Груевски! Супер се! Кој од кој! Тешко е човек да се одлучи, стварно. Плус, милина ми лази од толкав степен на демократија. Народ, јеботе, решава за изглед на зграда на влада! Јако, а?! Ја би му препуштила на Грујо до реши. Коа е више толку прекрасен и демократски човек и коа веќе у него е еманиран народот - јебеш гласање. Фала ти, Грујо, за можноста да бираме! Извини, претешка задача е тоа за нас. Те молиме да бидеш доживотен председник и отсеа па натаму да ни пропишуеш и јеловник за утре, не само нам, него и на градинките.
Како „јебеш гласање„? Едвај
Испратено на 16 јануари 2012 од ЛевиКако „јебеш гласање„?
Едвај чекам да ме консултираат дали министерките во владата треба да носат: 1. Фустан
2. сукња
3.пантолони
4. шортц
или само 5. танга
Што мислите: за која варијанта ќе се одлучат граѓаните? А, бате?
Коља, не сум сигурен дека
Испратено на 13 јануари 2012 од НиколаКоља, не сум сигурен дека преуредувањето на централното градско подрачје би имало некаков силен ефект, барем не во блиска иднина. Оваа власт кога-тогаш ќе падне, а расчистувањето на срањата што ги создале ќе чини дополнително повеќе за веќе и онака осиромашена земја. На оваа земја и` се потребни инвестиции во внатрешноста наспроти Скопје, коешто ја цица крвта од остатокот (веќе сме сведоци на масовна емиграција и напуштање на руралните средини поради недостигот на перспектива).
Затоа пак, овие монументални глупости би можеле да останат како сведок на едно лудило, на еден горчлив дел од историјата, на едно потсетување дека глупавоста нема граници и дека е потребна постојана борба за да не го покаже своето грдо лице. Архитектонски Аушвиц...
Секое време создава свои симболи и интерпретации за реалноста и историјата. Се надевам дека ова време во кое живееме брзо ќе се промени...
Нема да кошта ниту денар.
Испратено на 16 јануари 2012 од ЛевиНема да кошта ниту денар. Само нека му се дозволи на народот да го „искаже„ своето мислење (без присуство на агенции за обезбедување) Непосредно по падот на режимот во Албанија, бев сведок на гневот на народот истурен врз објектите на режимот. Верувајте немаше камен на камен, цигла на цигла и тоа се со голи раце. Стравично. Дури и урнатините (нерасчистени) би биле покорисни, како сведоштво дека разумот може да ја победи глупоста.
Без текст останаа речиси сите
Испратено на 14 јануари 2012 од koljaБез текст останаа речиси сите архитекти што ги контактиравме. Никој не сака да ги коментира предлозите за новиот лик на владиниот објект. Но, затоа, пак, сите се едногласни дека не смее да се дозволи каква било, па дури и најмала интервенција без одобрение на неговиот автор. Таков е ставот и на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
„Со анкетата, практично се испитува јавното мнение, а не стручното. Во случајов треба посилно да се респектира авторското право. Значи, не смее никако да се интервенира без одобрение на авторот, зашто, тоа не само што не е законски, туку не е ни етички. Во понудените идејни решенија, за жал, има такви стилски отстапки кои воопшто не смеат да им се понудат на увид на граѓаните, се разбира, ако се почитува законот. Ова, на некој начин е мала манипулација со јавноста, бидејќи едното решение претставува реконструкција на објектот, а не обнова на амортизираната фасада. А, тоа јавноста не може да го забележи, но ние, како стручна јавност јасно го гледаме“, вели Даница Павловска-Циги, претседателка на Асоцијацијата.
Дека со анкетата практично
Испратено на 14 јануари 2012 од koljaДека со анкетата практично само се замаглува јавноста се согласува и доајенот на македонската архитектура, Георги Константиновски. Фактот што до вчера најголем број од анкетираните граѓани се изјасниле за првиот предлог кој содржи барокни елементи и со кој комплетно е сменет сегашниот лик на зградата на Владата, за Константиновски е сигнал дека намерата не е само да се поправи фасадата.
„Да се прават такви драстични измени при жив автор и да не се почитува неговото мислење, е дивјаштво. Такво нешто не постои во една културна земја. Не може народот да одлучува за нешто за што е потребно стручно мислење. Не се бара мислење од Асоцијацијата, од Академијата на архитекти, туку од јавноста. Сите овие предлози може да се фрлат во Вардар, тоа не се никакви решенија, па макар и да се подобри од оригиналот, не смее ништо да се прави без одобрение од авторот. Јас не сакам да се изјаснам за ниедно решение, бидејќи за мене тие се невалидни и тука нема место за дискусија. Ова е дефинитивно замаглување на јавноста“, категоричен е Константиновски.
„Некои работи се
Испратено на 14 јануари 2012 од kolja„Некои работи се беспредметни. Некои објекти се обележја на македонското творештво и мора да опстојат како документи на едно време. Принципиелен е ставот дали ќе се заштити градба од 19 век, од 20 или од средината на 20 век, како што е владината зграда, но неоспорно е дека мора да има критериуми за заштита на македонското творештво, на духовното и, секако, на материјалното“, вели архитектот Минас Бакалчев.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=AB8363580C2B95439CE396EDBB783A61
И јас мислам дека анкетата е
Испратено на 16 јануари 2012 од Анонимен КоректорИ јас мислам дека анкетата е чиста глупост, само ми е криво што Окно и многу други наседнуваат и гледаат каде покажува прстот на Грујо. А за тоа време: се уништува кејот со надземен пристап до старо-новата-народна-банка на плоштад, се продава парцела позади рамстор - површина колку пола Градски Ѕид, зградата што Жарко зборува како било најгрда станува двојно поголема, а да не зборуваме што се случува со државното земјиште на периферија и во внатрешноста - се продава како да се парцели на Месечината. А токму ова се проблеми што креативна левичарска опозиција треба да ги форсира, а не да им ги прати потезите на лудациве.. Избегајте им малку од шемите и пробуричкајте кај што ќе ги здоболи, кај што ги трупаат сметките. Всушност, единствено е проблем што како реакција на тоа ќе распишат уште три конкурси, ќе излеат две скулптури и ќе искуцаат едно досие. Ама мора да се проба..
Ова е совршено точно, ја
Испратено на 16 јануари 2012 од ОкнашОва е совршено точно, ја опишува стратегијата на Фамилијата „лева рука - десни џеп“. „Сад га видиш сад га не видиш.“ (паричето). Но, Коректор, не можеме сите со се’ да се бавиме. Овде, на Окно, главно се анализираат културолошките аспекти (идентитет, историја итн.) на лудилото СК 014. Ваљда има и некој што подготвува кривични пријави за другите криминални аспекти на лудачкиот проект?! Затоа повремено и го вперуваме прстот кон опозицијата. Ако они дремат или имаат стратешки дил со Фамилијата, тогаш работата за сите нас дотолку е потешка...
соросоид гаден не ти е срам
Испратено на 16 јануари 2012 од .i.соросоид гаден не ти е срам да ставиш месечина место сонце ? гад, но изворот секогаш рикнува па ќе ве видиме тогаш како ќе ги смените вашите ставови и мислења ...
Тоа е помрачување на сонцето
Испратено на 17 јануари 2012 од Скопјанец од праиднинатаТоа е помрачување на сонцето бе глуп.
This could not possibly have
Испратено на 17 јануари 2012 од BrandiceThis could not possibly have been more hfelpul!
Одлична насловна фотографија.
Испратено на 17 јануари 2012 од ИгиОдлична насловна фотографија. Сакам постер од неа!
Deep tohguht! Thanks for
Испратено на 17 јануари 2012 од DreamaDeep tohguht! Thanks for contributing.
Why do I bother clalnig up
Испратено на 19 јануари 2012 од RuvellWhy do I bother clalnig up people when I can just read this!
Your wesbite has to be the
Испратено на 19 јануари 2012 од BuddyYour wesbite has to be the electronic Swiss army knife for this topic.