Најгрдата фасада

15.01.2012 13:42

Погледнете, уверете се сами. Зградата на ВМРО-ДПМНЕ има најгрда фасада во центарот на Скопје.

„Пастирот“ слободно може да си распише конкурс, и стадото да му гласа дали сакаат барокна, хеленистичка, неолитска, фалангистичка фасада, или пак да им остане исто толку грда како што е сега.

Но, „преродбениците“ со најгрда фасада друго сакаат.

Сакаат да продолжат да го силуваат центарот на Скопје. Сакаат да продолжат да се изживуваат врз граѓаните на општина Центар, затоа што на последните избори изгубија со 3 илјади гласови.

Фрлија стотици милиони евра во општина Центар за „Скопје 2014“ и пак изгубија.

Не губат, победуваат со

Не губат, победуваат со неколку милиони.. евра. Додека се занимавате со фасадите, туркаат неколку бизниси. Всушност, не туркаат, им одат како подмачкани..

И јас мислам дека анкетата е чиста глупост, само ми е криво што Окно и многу други наседнуваат и гледаат каде покажува прстот на Грујо. А за тоа време: се уништува кејот со надземен пристап до старо-новата-народна-банка на плоштад, се продава парцела позади рамстор - површина колку пола Градски Ѕид, зградата што Жарко зборува како било најгрда станува двојно поголема, а да не зборуваме што се случува со државното земјиште на периферија и во внатрешноста - се продава како да се парцели на Месечината.

А токму ова се проблеми што креативна левичарска опозиција треба да ги форсира, а не да им ги прати потезите на лудациве.. Избегајте им малку од шемите и пробуричкајте кај што ќе ги здоболи, кај што ги трупаат сметките. Всушност, единствено е проблем што како реакција на тоа ќе распишат уште три конкурси, ќе излеат две скулптури и ќе искуцаат едно досие. Ама мора да се проба..

Ова е совршено точно, ја

Ова е совршено точно, ја опишува стратегијата на Фамилијата „лева рука - десни џеп“. „Сад га видиш сад га не видиш.“ (паричето). Но, Коректор, не можеме сите со се’ да се бавиме. Овде, на Окно, главно се анализираат културолошките аспекти (идентитет, историја итн.) на лудилото СК 014. Ваљда има и некој што подготвува кривични пријави за другите криминални аспекти на лудачкиот проект?! Затоа повремено и го вперуваме прстот кон опозицијата. Ако они дремат или имаат стратешки дил со Фамилијата, тогаш работата за сите нас дотолку е потешка...

Па не мислам дека треба да

Па не мислам дека треба да правите натписи во стилот „Окно истражува“ , но некои од процесите што ги посочив претходно и тоа како може да се обработат од културолошки аспект - на пример односот кон јавниот простор (бидејќи всушност се релативно легални и треба доста стручност за да се соборат). Од вас треба креативен приод и „проширување на подрачјето на борба“, бидејќи вака само им одработувате агенда..

ОкоБоли главаВицФото