Со јахта по говнардарот

16.01.2012 11:53
Со јахта по говнардарот

вардар е пловен. шо мислиш кој прв ќе купи јахта?

прво мисли писателот, по него останатите.

не сте смееле да заборавите да ја срушите населбата аеродром, рече светецот и продолжува да се лигави, требаше да ми се обратите.

што и да се случи, пастир добива, рече коца. се плови низ центарот на населбата, а кому му пречи тоа(?), освен на обештетените од зградите до првите три спрата. дел од нив ги вработивме во администрација, дел се удавија, жените и децата ги пративме во прифатилишта, дел се пастирофци и ги решаваме низ институците на сектата, на све се мисли. има и придобивки, ромите купија опрема за гњурење и ги закупија најголемиот број на подрумите на 5 години. игралиштата ги расклопивме и ги вративме во шупакот на пастир.

пловат од солун према скопје така, светецот и коца.
стигнуваат до зградата на македонската телевизија која служи како бедем и пристаниште и ги чекаат поканетите.
грамадата беше закотвена во солунското пристаниште со години. пловниот објект го нарачав далечната деведесет и петта година, тогаш ги направив првите двеста миљона, реце светецот.

ќе стимулираме разврат. во гладијаторската арена ракометарки ќе си ги сечат главите и ќе ги фрлаат во публика, рече коца.

на тоа светецот стави трет пар тегли на очи за да го погледне одблиску грдиот.

јас сум изненаден од проникливоста, му возврати на коца.

светецот донираше камен во православната секта, а за првото патување се договори со пастир да му биде позајмена салата борис трајковски. салата од фундаментите ја откова монголоидот. ја стави на грб и ја монтира на јахтата. сам. сакаше да продолжи со арената филип втори, но тоа не му го дозволи шинчо смрденорданов којшто го извади мечот и го обиколи ко боа што се стега околу врат. тука монголоидот беше удавен, а смрденорданов ја одбетонира арената, трибина по трибина. трибините му ги нафрлаше на абдалгел изживиновски кој жонглираше со 8000 години стари грамади најдени на просторите на мајкаагонија. изживиновски се израдува. абдалгел сите го доживуваат како идиот, но тој продолжува да фрла кегли, да голта оган и да ги масира пастирофците по муда.
идиотите сакаат на јахта, но таму само со покани.
тоа нема да биде потребно, му рече коца на шинчо, мислејќи на северна и другите трибини и не го пушти идиотот на јахта.

шинчо остана затечен од негостопримивиот. со отворена уста гледа у брадата на грдиот.

светецот знае дека го поканил шинчо, но тоа во реаноста не изгледа така.

кога абдалгел сакаше да се качи на јахтата, коца му го прати лилјакот мајка тереза троповска да ја занимава, ради неговото искуство со мајки.

што ќе прави шинчо со трибините филип втори, му направи алеагроб на монголоидот кој отиде бадијала курбан. му напреди на изживиновски да ги фрли трибините на купче врз телото на монголоидот. купчето бетон направи лом у градски парк. стадионот гробишта доби име, алеа на монголецот, гроб во грдскиот парк.

за инфраструктурата на јахтата се погрижи пастир: арена, парламентарен клуб, тениски игралишта, венецијски гондоли и жичара, згради за големците, населби, улици и патокази. на јахтата и дел од големите. академик старделов висок десет метра специјалист за хипокризија, академик ристовски единаесет и пол метра специјалист за национализам, академик ставор дванаесет метра специјалист за варбурзи, академик анатомио олошкоски девет и пол специјалист за бугарски гробишта, академик сашо четрнаесет специјалист за атомистика фисиони материјали ураниум и дилдоа, академик каплар убојо специјалист за бајонети. на прославата не дојдоа, академик велија дванаесет специјалист за патување во времиња и за шаховски завршници.

новиот изглед на скопје со браните од стиропор, сомовите од стиропор, пластифицираните населби, рече коца, е фантазам кој се остварува и продолжува, ја срушивме статуата на слободата со курот на александар, глинената тврдината и коцкастите владини згради. таква визија само пастир можеше да има, рече коца и се опијани од муабетот, а тука му влагаат млади педери по шеснаесет години од пастирофската секта и му го пушат.
на кљунот од јахтата порта на победата, а врз неа качен мајмун, детето на цвеќето, фри сомич. мајмунот се беси по куровите на присутните, скака, ги моча, сере по кетерингот и ги пљука тие шо ќе го погледнат.
решение ко решение, пуно проблеми, рече трифун, си мава шамар да се освести дали е све ова вајстина. бапна три дупли коњака скендербег на екс, а напред глеа педери прават оргија врз јахтата. се нервира што такви работи на новата јахта се случуваат, па зема појас за спасување се фрла у говната и отпливува на сигурно према солунска глава.

пастир гледа што се случува и решава да се спушти од небото. ја зема јахтата со мал прст и ја пренесува во англија на гробиштата у северен лондон.

Од книгата „Педерски катахрезис“, победник на конкурсот за дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2011.

Илустрации: Жан Пол Малоци

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото