1023 hPa
52 %

18 °C
Скопје - Нед, 22.06.2025 06:59
Истражувачи од Јужна Кореја конструираа микроробот кој може да се движи низ крвни садови. Микророботот може да се движи горе-долу (на сликата со бројки 1 и 2) и да се движи елиптично (2, 3, 5, 6). Во филмот „Фантастично патување“ од 1966, снимен според книгата од Исак Асимов, подморница со медицински персонал се намалува до микроскопски димензии и влегува низ крвните садови на дипломат за да го спаси неговиот живот. Патувањето е тешко и ризично, со бранови црвена течност кои ја удираат подморницата со секое пулсирање на срцето, како и антитела кои ја напаѓаат како инфекција. Тие успеваат на крај.
Докторите би сакале да произведат микророботи, микроботови кои се способни да се движат низ телото како подморница и кои ќе доставуваат медикаменти, ќе земаат примероци од болно ткиво итн. Научниците конструираа уреди со големина на неколку делови од еден инч (1 инч = 2,5 см) кои би можеле да се движат и да се напојуваат однадвор, т.е. надвор од телото, со магнетизам.
За споредба, кога некој денес би имал проблеми со запушување на артериите, процес кој може да доведе до срцев удар, во крвниот систем се вметнува катетер кој се носи до местото каде што настанал проблемот и местото се чисти, а како припомош се користи и рентген. Наречена ангиопластика, оваа техника е современа метода за корегирање на таков тип на состојби. Но, иако процесот е целосно безболен, тој е инвазивен и содржи соодветни ризици.
Како би било доколку би вметнале миниробот, бот, во крвотокот и би го воделе однадвор со далечински управувач веднаш до местото на кое треба да се достават медикаменти или да се исчисти опструкцијата?
На тоа работат научници од Кореја и Универзитетот Беркли, Калифорнија.
Според нивната визија, пациентот би лежел во машината за магнетна резонанца (MRI) и докторите би го воделе ботот до целта, односно МРИ уредот, гледајќи каде е тој во секој момент преку видео монитор, елиминирајќи ја потребата ботот да има сопствено внатрешно напојување. Гунхи Јанг, професор по инженерство при корејскиот универзитет Ханјанг, вели дека претходните обиди биле посложени, при што еден процес го движел роботот напред и назад, сосема друг го движел на кривини и да стои во одредено место и сосема трет за да се врти како вратило. Тимот на Јанг креирал процес при што роботот ги има сите овие движења одеднаш. Резултатите од тие експерименти се објавени во ИЕЕЕ во октомври лани, како и во публикација во Списанието за апликативна физика.
„Беше тестирано на зајачиња, а потоа и на свињи, и дејствува ветувачки“, вели Јанг.
Истражувачите во Тел Авив и Бостон работат на роботска ендоскопија.
Сега, кога докторот сака да види што има во гастроинтестиналниот систем, тие мора да вметнат туба преку грлото, стомакот и понатаму, нешто што не е толку болно колку што е неудобно и е неефикасно како што би сакале да биде.
Габор Коса, професор по инженерство при универзитетот во Тел Авив, кој соработува со доктори и инженери од бостонската болница Бригам (која е воедно и женска болница), Петер Јакаб и Ноби Хата, исто, развиваат соодветна замена. Коса, кој вели дека е обожавател на научната фантастика и бил инспириран од филмот „Фантастично патување“ и романот на Исак Асимов,
вели дека молекуларното намалување како во сценариото е невозможно, но парадигмата може да послужи како идеја за решавање на медицинските проблеми. Неговите направи користат поконвенционална физика. Научен текст за апаратурата на Коса е објавен во Биомедицински микроуреди (Biomedical Microdevices), и тој исто така користи МРИ за напојување.
МРИ продуцира магнетно поле кое му прави опашка на уредот кој има облик на торпедо, така што тоа плива низ телото. Пациентот го голтнува ендоскопот и докторите го водат. Направата може да слика, да доставува лекови, да прави биопсија со превземање на ткиво. Коса досега ги има тестирано навигациските модели во аквариум со вода, но вели дека нема причина тоа да не работи и во човеково тело. Целта е да се направи капсула која е широка околу една третина од инч (0,8 см) и три четвртини по должина од инч (2 см). Прототип сè уште не е направен.
„Засега е развиен погонскиот систем, што е огромен чекор напред“, вели Коса. Тој вели дека ќе бидат потребни 3 до 5 години пред да се направат уреди кои би можеле да се користат кај луѓе.
Јун Уеда, професор по машинско инженерство при Институтот за Технологија во Џорџија, кој работи на слични уреди, вели дека слични прототип уреди се тестирани кај луѓе, но сè уште ниеден од нив не ја заменил денешната, сегашна медицинска техника. Според Уеда, дел од одложувањето е добивањето одобрение од американската влада за тестирање на такви уреди врз луѓе.
„Иако Владата треба да даде одобрение, друг проблем е времето за интервенцијата. На процедурата со роботика ќе ѝ треба повеќе време, отколку сегашните конвенционални техники.“
Извор: laboratoryequipment.com