Колку пари се потребни за среќа

17.01.2012 12:18
Колку пари се потребни за среќа

Истражувањата на Економскиот институт во Велика Британија покажаа дека нивото на среќа кај поединците зависи од тоа колку пари има тој, како и дека колку повеќе има – толку ќе биде посреќен.

Според хипотезата која е осмислена во 1974 г. среќата стагнира кога приходите ќе достигнат одредено ниво.

Пред две години стручњаците од универзитетот Принстон тврдеа декa таа граница изнесува 70 000 евра годишни примања, додека зголемувањата на чувството на среќа престануваат ако тој износ се зголеми за една третина.

Меѓутоа, новиот извештај смета дека таа хипотеза е лажна и дека зголемувањето на приходите од 20% може да влијае на среќата на поединeцот.

„Ниедна земја не е доволно богата да ја достигне точката од презаситеност од пари, ако воопшто постои таква точка. Овие откритија се опширни и поткрепени со огромен број докази. Побогатите поединци се посреќни“, стои во извештајот на британскиот економски институт.

Во истражувањето учествуваа реномирани британски академици, како и стручњаци од Шпанија, САД, Холандија и Данска.

Концептот за мерење на среќата прво го испроба Кралството Бутан пред 40 години, кое на тој начин го мереше напредокот на државата.

Во последниве четири десетлетија слини идеи се применуваа низ светот, а ефектите од одредени политики се мереа преку чувството за благосостојба, а не преку приходите.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото