Демократија по ДПМНЕ

17.01.2012 22:19
Демократија по ДПМНЕ

Кога тргнав да го пишувам текстов, мислев дека анкетата за нова фасада на зградата на владата е завршена. Повеќе од 5 часа гласањето беше затворено, иако фактот дека „античкото“ решение сè уште добива гласови (по 10, 20, па и повеќе одеднаш) навестуваше дека не е сè готово. 

За оние што не се подетално запознаени, еве како се одвиваше гласањето за фасада на владата досега.

Најпрво, анкетата беше хостирана кај странскиот провајдер EasyPolls кој што има вградени механизми за заштита од злоупотреби при гласањето. Гласањето започна, и набрзо „античкиот“ предлог се издвои напред, следен тесно од второто „модернистичко“ решение. Во меѓувреме, на Фејсбук и Твитер интернет заедницата се организираше да гласа за второто и третото (т.н. техно) решение и набрзо „античкото“ падна на второ (а за време на викендот и на трето) место. Во тој момент на страниците на Вечер се појави статија со коментар дека резултатите се нерегуларни поради тоа што имало луѓе кои се организирале да гласаат преку социјалните мрежи?! Мојот коментар на статијата дека во тоа нема ништо нерегуларно, нормално, не го објавија, така што би сакал тука јавно да ги прашам кој дел од нивната полиса за коментари беше прекршен? 

Ова беше ситуацијата во петокот, преку викендот државната администрација не работеше и првото решение речиси и да не доби гласови, така што во понеделник наутро второто и третото решение беа изедначени и водеа со околу 600 гласови разлика. Оваа предност се намалуваше полека во текот на денот, и некаде околу еден часот по полноќ резулатите беа следните:

  • Решение 1 - 26% (4954 гласови)
  • Решение 2 - 28% (5317 гласови)
  • Решение 3 - 28% (5303 гласови)
  • Решение 4 - 7% (1372 гласови)
  • Решение 5 - 8% (1578 гласови)
  • Не знам / Нема одговор - 3% (483 гласови)

Во тој момент се случи нешто чудно. Најпрво, линкот до анкетата го снема од vlada.mk, а самата анкета покажуваше порака дека е затворена. Триесетина минути подоцна, линкот се појави повторно и акетата продолжи да функционира, со истиот изглед и резултати, но овој пат хостирана на страниците на владата, каде што можат многу лесно да манипулираат со бројот на гласови и со тоа кој има право да гласа. Во текот на вторникот претпладне анкетата сè уште изгледаше дека се одвива повеќе или помалку регуларно, сè додека околу 14:30 не почнаа да се шират коментари дека гласањето е затворено. Никој не можеше да гласа, но сите можеа да ги гледаат резултатите, и за чудо, првото и петтото решение продолжуваа да добиваат гласови, и тоа не постепено, туку по многу наеднаш. Рецептот „затвори гласачко место, па полни кутии“ е добро познат, но некако е контрапродуктивен кога јавноста има увид во резулатите. Ваквата брутална нерегуларност траеше околу 5 часа, кога администраторите веројатно ја увидеа својата грешка и повторно го овозможија гласањето за широките маси.

TL;DR: Владата не може да прифати „нејзиниот“ предлог да изгуби, и се брука обидувајки се да го намести гласањето.

Авторот е веб администратор на okno.mk

Дури и Орвел би се

Дури и Орвел би се запрепастил од она што се случува кај нас... Факт е дека СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ КОИ СЕ АЛЧНИ ЗА МОЌ И МАТЕРИЈАЛНА КОРИСТ СЕ ИСТИ (секоја чест на исклучоците, ако воопшто ги има, бидејќи тоа е машина која им ги пере мозоците на сите кои ќе се инволвираат во истата)... Општата народна маса следи упорно вести, политика, глупави серии, бескорисно седи дома поради невработеноста (барем сме шампиони во нешто, нели?), тоа е феномен кој се јавува во секое општество кое го достигнало "Дно" - то (Максим Горки)... Едно е сигурно - никогаш нема да бидеме доволно револуционерни (ама без крв и бруталност, ве молам)... А, и да сме - сиромаштијата е еден прилично ултимативен анти стимуланс кој нема да им дозволи на луѓето да бидат доволно храбри за да се спротивстават на сето лудило... И онака се самоуништуваме, ама тоа не значи дека треба да бидеме резигнирани и да глумиме дека сме глуви и слепи, без срце и душа... Благодарност до сите луѓе кои мислат се уште со "своја глава"... И како што Рацин вели: "Да бидеш човек, да имаш топла крв, да мислиш со глава и работиш со рака..."... И "... ако љубов немам, ништо не сум..."... А, човек да биде нешто, значи "ДА Е", не "ДА ИМА"...

Сега го јавува ова : Voting

Сега го јавува ова : Voting temporarily closed for your remote address., тоа значи само од ip адреси на државни служби може да се гласа?

Ме мрзи да го грепувам друпал кодот да видам за која точно грешка треба да ја јави оваа порака.

Dali vi e poznato deka vo

Dali vi e poznato deka vo izborot za najubava fasada na Vladata ce pobedi TRETIOT predlog, proekt na mladiot talentiran arhitekt IVA PAVLOVIC!?

UBAVA I LICNA NA TATO DRAGE. . .

pa vie ustvari znaete li kako

pa vie ustvari znaete li kako seto toa funkcionira ? A ako ima grupno glasanje znaete li kako da se spreci toa ? Ako znaete odgovorete mi ? Bidejki gledam pogresno gi gledate rabotite ...

Знаеме точно како

Знаеме точно како функционира, не е баш ракетна технологија.

Нема како да се спречи кога Владата директно во базата додава гласови за некоја опција.